И јас се мислев за тоа ама ми излезе едно видео толку беше непрофесионално направен или стар не знам го отстрануваше ласерски девојката а многу боли тоа. Така да одлучив да не си играм сепак на очите е. Ама би сакала да слушнам лични искуства
Еве јас направив траен туш, па ке ви споделам искуство можеби ке биде од корист за некого. Прво морам да кажам дека бев зависник од свилени трепки. Имам многу ситни очи и малку закосени па без свилени трепки сум буквално како болна. Но, целото тоа ставање, пазење, давање пари ми здосади па решив да ставам туш со надеж дека ке ми биде подобро окото и нема да имам потреба од трепки. Инаку не спомнав дека моите трепки се прекратки и не помага никаква маскара, ништо за раст не делува итн. Вчера го направив тушот. Покрај анестезијата, многу ме болеше. Јас сум човек што трпи болка, но ова стварно боли. И нормално око е.. Едното око помина добро, другото потече за време на тетовирањето и девојката не можеше да ме заврши скроз убаво. Денес е втор ден и сум уште повеќе отечена. Не смее да се мијат очите три недели, не смее шминка, трепки ништо такво три недели. Јас искрено не знам дали се каам во моментов, едино знам дека се нервирам бидејќи не ми се исти како што кажав едното не е убаво завршено поради отокот и сега морам да чекам да помине време за да се среди. Ако имате некое прашање пишете ми порака. За крај сакам да кажам дека тоа што ми беше целта, да ми ги замени трепките не е успешно
Никогаш не би направила ваква работа, ај што не ми е сигурно на што ќе личам, па и ако не ми се сфиѓа... а за болката ич што не трпам ништо да ме боли, тоа е друго.. нема шанси.
И јас не знам како се решив искрено.. Стварно имам комплекс со очите и најверојатно поради тоа, како што кажав за да ги тргнам трепките.. Секако ако не дај боже нешто не испадне убаво може да се извади со ласер..
Искуство со трајна шминка на уста? Задоволна сум со големината на уста но краевите ми се бели, бледи и сакам да направам лабело липс со ефект на потполно природен изглед. Проблемот е што незнам каде. Небитно во кој град и цена, препорачајте доколку знаете.
Сега видов дека темава постоела ама не е многу активна.Јас се мислев долго време и конечно се одлучив за трајна шминка. Ќе правам во beunique на три регии. Очи,веѓи и усни. Се решив за таму бидејќи прво добив препорака од задоволни клиенти второ од постовите што ги гледам на страната ( многу суптилно и ненападно изгледа). Јас сум лик што постојано пополнува дупки на веѓи со моливче и секојдневно носам туш поради ситни очи. Ќе споделам искуство одкога ќе направам ако некој го интересира.
Веѓите феноменални, немаше потреба од корекција. На очи направив повторна корекција бидејќи првиот пат беше пренежно за мене и сега се веќе ок. Устата два пати корекција и пак ми изгледа ко да не е правена, така ми кажале ( неутрална е бојата не дека не се познава ама ептен неутрално и природно изгледа). Се на се сум задоволна
Каде ги правеше и по која цена.Јас планирам пудер веѓи и уста.Колку време траеше процесот дали се направи во еден ден? П.С За очите се мислам за траен туш бидејки велат многу болно е ...
Ја имам траен туш, најдобра инвестиција ми е што се однесува за шминка. Не боли, мислам малку пецка ама се издржува. Трета година помина, уште ми стои како вчера да е правено
Slagjana Be_Unique. Сите регии во еден ден. Имаше промоција ,за три регии платив 13.000. За очите е малку језиво ама не кога бои туку кога брише со хартија. Ама во секој случај се исплати
Каква е таа трајна шминка, со тетовирање? Имам познаничка има на очните капаци црно замена за туш, непријатно ми е да ја прашам, тоа како е правено? Искрено кај нејзе многу лошо е направено како дете да си играло со фломастер, како испрекината линија на очниот капак. Исто и устата каде што се оцртува со црвено. Сето ова е тетовирање или некоја друга метода. Искрено не ги следам овие трендови и поима немам што и како. Ама за тетовирање ако е посебно на очниот капак, зарем тоа не боли?