Трговија со жени

Дискусија во 'Барање работа' започната од aneta.oh-36, 29 ноември 2009.

  1. aneta.oh-36

    aneta.oh-36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    11
    МНОГУ ВРЕМЕ МИСЛЕВ ВО КОЈА ГРУОПА ДА ЈА ПОСТАВАМ ТЕМАВА И НА КРАЈ СЕ ОДЛУЧИВ ЗА ОВАА ТЕМА ПОРАДИ ФАКТОТ ШТО МНОГУ ЖЕНИ БАРАЈЌИ РАБОТА ЗАВРШУВААТ ВО ЛАНЕЦОТ НА ТРГОВИЈА СО ЛУГЕ
    ГРАНИЦИТЕ КАКО ТАКА КЕ СЕ ОТВОРАТ МНОГУ МЛАДИ ДЕВОЈКИ ИЗЛЕЗОТ КЕ ГО БАРААТ ВО НЕКОЈА СТРАНСКА ДРЖАВА БАРАЌ РАБОТА КАКО БЕБИ СИТЕРКИ КЕЛНЕРКИ МАНЕКЕНКИ , ДОБРО Е ДА СЕ ПРОГОВОРИ НА ТЕМАВА ПРЕД ДА БИДЕ ДОЦНА .
    КОГА БАРЕМ САМО ЕДНА ДЕВОЈКА БИ СПАСИЛА ДА НЕ СТАНЕ ЖРТВА ВО ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃ СО СВОИТЕ СУГЕСТИИ И ПРЕПОРАКИ БИ БИЛА ПРЕСРЕКНА
     
  2. zdravkova

    zdravkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    52
    NEMA NESTO PO TESKO ZA EDNA ZENA DA PADNE VO KANGITE NA PROSTITUCIJATA.VO POSLEDNO VREME MNOGU SE PROSIRI OVAA RABOTA I NA MALKU POMODEREN NACIN.ZALNO ZA DEVOJCINJATA KOI SI GI PRODAVAAT SVOITE TELA ZA PO 300,500 DENARI ZALNO.KAKO DA SI GI ZACUVAME DECATA OD OVIE DEVIJANTNI POJAVI?
    BRAVO ZA TEMATA
     
    На emilijaristevska му/ѝ се допаѓа ова.
  3. aneta.oh-36

    aneta.oh-36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    11
    Za sreka kampanj za ovaa teme se sproveduvaat vo poveke gradovi na Makedonija i toa posebo na devojcijnata na vozrast od 15 do 18 godisna vozrast samo preku podiganje na samodoverbata na devojcijnata mozeme da pridoneseme da ne padnat pod vlijanie za brza zarabotuvacka .
    moram da vi kazam dek prostitucija e razlicno od TRGOVIJA SOO LUGE
    a razlikata e vo toa tie sto se prostituiraat sami si gi biraat klientite i slobodno ziveat , a zrtvite koi se vo lanecot na trgovijata edvaj prezivuvaaat zatvoreni vo nekoj stan i pod prisila bez nadohnada moraat da gi opsluzuvaat site klienti koi ke im bidat doneseni od nivnite makroa.
     
  4. magic

    magic Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Според мене луѓето не се доволно информирани, особено младите девојки во врска со трговијата со луѓе или жени. Не знаат какви подмолни начини смислуваат луѓето за да стигнат до вас, да го земат вашиот пасош и да ве однесат зад граница, каде немате никој и ништо и не можете да направите ништо друго освен да им се подчинете. Кога ќе им се подчинете вашата „кариера“ започнува.
    Мојот совет за секоја девојка која што ќе се нафати да работи зад граница е да се информира за се пред да го даде својот пасош за „виза“ - која е фирмата, дали е легална, каде ќе одите, што ви нудат, што ќе работите...
    Поздрав до сите и се надевам дека нема никогаш да дојдете во ваква ситуација.
     
  5. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.084
    Допаѓања:
    1.091
    Пол:
    Машки
    02 Декември...е ден против ропството...
    односно против трговијата со луѓе...
    како една од формите на ропство ...

    [​IMG]

    HUMANS ARE NOT FOR SALE..!!
     
    На elenkata20 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  6. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    600
    Trgovijata so ludje e kosmar.
    Nedaj boze nekoj da se najde vo takva situacija,mislam deka od toa nema polosa trauma.
    Za zal zenite se sekogas meta i sekoja godina se iznaodjaat se po sofisticirani nacini za da se "namamat "zrtvite.
    Devojki ,otvarajte oci!
     
  7. Krisi88

    Krisi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    27
    Додека студирав на Институтот за социјална работа и политика имавме прилика одблизу да се запознаеме со случаи на трговија на жени во Македонија што не трогнаа сите. Еден од највпечатливите случаи беше случајот на 15 годишна девојка од Скопје,од семејство кое не било социјално загрозено. Имено, таа на излегување се запознала со згоден и убав дечко кој btw изгледал богато и имал добра кола , а и ја частел постојано.Набрзо започнале љубовна врска, а кратко по тоа и спиеле заедно ( инаку тоа и бил прв пат на девојката да има сексуални односи) . Со оглед на тоа што девојката се заљубила во него, имала и доверба во него ,па тој и предложил да го земе пасошот за да одат на одмор надвор од земјава и да земе дозвола од родителите. Нормално девојката го направила тоа и од тука и се губи трагата. По ЦЕЛИ 5 години ,пронајдена е при рација на српската полиција во ноќен бар во Србија ,издрогирана и со значајно нарушена психичка состојба. Подоцна се дознало дека дечкото всушност бил обучен за заведување на млади девоји и за нивно продавање и дека девојката ги ,,опслужувала,, и воените инвалиди во Косово извесни години и дека принудно давала сексуални услуги,била дрогирана со хероин и тепана , а не добивала за тоа пари ,туку едвај храна и вода. За нејзината состојба по враќањето не сакам да зборувам ,само сакам да знаете девојки отворете си ги очите на време, не верувајте на секого и што е уште поважно ,можеби ќе изгледа смешно ,но и партнерите не се секогаш сигурни и треба да се проверат ,затоа што лично знам барем уште 100 вакви слични судбини на млади девојки.
     
  8. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.839
    На мастер студии на казнено право, правев едно истражување на оваа тема. Бидејќи веќе проблемот е погоре дефиниран, ке наведам само кои се условите што сум ги спомнала, а треба да се исполнат со цел превенција од оваа појава со негативен општествен предзнак.

    Член 418-а (Казнен Законик на РМ)
    (1) Тој што со сила, сериозна закана доведува во заблуди или други форми на присилба, грабнување, измама, со злоупотреба на својата положба или состојбата на бременост, немоќ или физичка или ментална неспособност на друг, или со давање или примање пари или друга корист заради добивање согласност на лице кое има контрола на друго лице или на друг начин врбува, превезува, пренесува, купува, продава, засолнува или прифаќа лица заради експлоатација по пат на проституција или други форми на сексуална експлоатација, порнографија, принудна работа или слугување, ропство, присилни бракови, присилна фертилизација, незаконито посвојување или нему сличен однос или недопуштено пресадување делови од човековото тело, ќе се казни со казна затвор најмалку четири години.

    Превенција:

    Она што ќе придонесе во поуспешната борба против трговијата со луѓе како внатрешно и меѓународно општествено зло се неколку механизми кои државата треба да ги воведе, а јавноста да ги прифати и применува во иднина. Со ова, се настојува да се намали можноста од наивното потпаднување на луѓето во рацете на криминалците, за реинтеграција и ресоцијализација на жртвите на трговијата со луѓе, за заштита на жртвите и сведоците кои служат како извор на информации во текот на кривичната постапка. Како најефективни меѓу механизмите се следните:

    Сензибилизација на јавноста:
    - Организирање на медиумски кампањи насочени кон информирање и сензибилизирање на пошироката јавност за проблемот на трговијата со луѓе, причините кои придонесуваат за нејзината појава и последиците од неа и формирање на фондови во локалната самоуправа за таа цел, кои ќе се обезбедуваат преку донаторски активности;
    - Одржување превентивни лекции во основни и средни училишта, како и други воспитно-образовни установи, со цел информирање на учениците и училишниот кадар за проблемот на трговија со деца, делење на брошури и информативни летоци на наставниците и децата преку наставните планови и програми за граѓанско образование во училиштата;
    - Воведување на човековите права како задолжителна содржина во формалното образование и мотивирање на децата за нивно практикување;
    - Поактивно учество на луѓето во преземање на мерки за нивна заштита во превенција и ресоцијализација;
    - Информирање и едукација на родителите и семејствата кои се социјално загрозени за ризиците од трговијата со деца;
    - Обука на невладини организации во Р. Македонија за спроведување на превентивни активности за проблемот на трговија со луѓе;
    - Обуки на претставници на медиумите со цел за нивно запознавање со проблемот на трговијата со деца и посоодветно презентирање на случаите преку средствата за јавно информирање.

    Идентификување на жртвите на трговијата со луѓе:
    - Преземање мерки за воспоставување на ефикасни процедури за брза идентификација на жртвите на трговија преку воспоставување на координирана размена на информации и податоци помеѓу полицијата, граничните служби, центрите за социјална работа, училиштата, здравствените институции, невладините организации и народниот правобранител;
    - Зајакнување на контролата над границите и илегалните премини од страна на граничната полиција и зголемување на надзорот од страна на одговорните служби за странци, особено кога малолетници патуваат без родителска придружба;
    - Промовирање и поддршка на постојната СОС-линија која функционира во НВО за потребите на жртвите на трговија, со вклучување на претставници на медиумите како партнери и проширување на истата на локално ниво со обврска на Владата за изнаоѓање трајно решение.

    Едукација на релевантните структури:
    - Организирање на информативни и едукативни семинари на вработените во државни институции на локално и национално ниво, со анимирање на локалната самоуправа во однос на идентификување на проблемите, заради подигање на свеста и нивни превентивни активности во вршење на професионални задачи, вклучувајќи ја и Владата на Р. Македонија како креатор на политиката на полето на човековата заштита;
    - Унапредување и поддршка на постојните инфо-советувалишта и телефонски линии во невладиниот сектор во соработка со локалните мрежни НВО за превенција од трговија со луѓе на локално и национално ниво, кои нудат услуги за информирање и советување за ризици поврзани со заминување на младите во странство заради работа или студии; правно советување; помош за остварување на контакти со владини институции; психосоцијална помош; емоционална поддршка и кризна интервенција; помош за враќање во матичната земја и насочување кон други служби.

    Програма за заштита на жртвите:
    - Стандардизиран пристап и обезбедување на рана идентификација на жртвите на трговија со луѓе;
    - Психосоцијална поддршка и заштита на жртвите;
    - Пристап до правните постапки, заштита на сведоци и судскиот третман на лицата-жртви на трговија со луѓе;
    - Заштита на приватноста и идентитетот на жртвите;
    - Воспоставување законски мерки со кои на жртвите на трговија со луѓе им се нуди можност да добијат обесштетување за претрпената штета.

    Континуирано истражување на феноменот:
    - Спроведување истражувања и анализи во доменот на трговијата со луѓе (состојби, податоци и извештаи);
    - Разменување на податоци на национално, регионално и меѓународно ниво.
     
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.730
    Имаше примамлив оглас за работа во странство.
    Во тој момент читав во дневен печат, да ја проверите фирмата пред да заминете, а најлесно е да се јавите на бесплатниот тел. број каде ќе добиете информации.
    Се јавив на тој број (беше некоја организација околу заштита на трговија со луѓе), таму беа многу љубезни, и ми кажаа дека конкретната фирма не е ни регистрирана, не е ни постоечка!
    Тоа ми беше доволен знак за да не одам понатака.

    Не треба наивно верување во секој оглас што ќе излезе за странсво.
    Пред се` од типот: се бараат атрактивни девојки под итно, со платен смештај и ххххх плата.
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    1.725
    откако сум во потрага по работно место, сум налетала на неколку такви огласи
    2огласи беа за секретарка, атрактивни девојки бараа
    памет во глава
     
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    929
    На srcekrsacka и zhap4e им се допаѓа ова.
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    2.002
    Допаѓања:
    4.822
    Пол:
    Женски
    Девојки, имате во министерството за труд и социјала, да ја проверите секоја фирма со што се занимава и што работи, дури и за странски фирми надвор од нашата држава. Проверувајте, не верувајте.

    Кукличка, пред некој ден го гледав филмот. И да, вистинска приказна е. Многу се испотресов кога го гледав.

    Очи отварајте.
     
    На 2036, srcekrsacka и zhap4e им се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    10.957
    Допаѓања:
    48.323
    Пол:
    Женски

    го гледав..многу потресно! ;( пазете се девојки немојте туку така да прифаќате работа ако ви е сумливо..
     
  14. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    7.975
    Пол:
    Женски
    Го гледав филмов и ептен се потресив. Ова е многу жалосно. ;( ;(
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    1.725
    сега го гледав филмов
    страшно :worried: :x
    за проверка на фрмите во македонија-Златна Книга
    сигурен извор
     
  16. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    744
    eve jas ke vi raskazam edna prikazna so za vas sto barate rabote moze ke bide poucna. pred 3 godini sakav da ostanam vo sk preku leto da ne se vrakam doma, a toa morav da go opravdam pred domasnite deka sum nasla rabota tamu.tragav po oglasi za rabota i najdov edna dosta primamliva ponuda kako demek stranska firma bara devojcinja za kancelariska rabota plata 400e i toa gi baraat bez iskustvo. se izraduvav se javiv na ostaveniot broj i covekot mi rece da sme se dogovorele za rabota za 2 dena ke me cekal vo gtc pred t mobile vo 5casot.dojde vreme se spremiv i pred da trgnam decko mi dojde kaj mene i rece deka i toj ke dosol so mene da videl kaj ke sum rabotela so kakvi luge. i ajde trgnavme sto trgnavme stignavme tamu i cekame....vo megu vreme primetiv deka uste 2 devojcinja stojat i cekaat na nekolku mestra od mene.pomina poveke od pola saat sto stoevme i resiv da se javam na brojot da vidam do kaj e covekot. zvonam jas i bas pozadi mene pominuva covek i mu zvoni tel i kreva a vo isto vreme i mene mi kreva korisnikot sto go baram.ne mi trebase mnogu vreme da svatam deka e istiot covek.i mi rece deka za 10min ke stignel na mestoto (a toj veke bese tamu). vo megu vreme covekot poveke od 5 pati pomina pokraj nas mislejci deka jas neznam deka e toj i so pogled ne analizirase.posle nekoe vreme na drugite 2 devojcinja im zazvona telefonot i se upatija na kaj zena park.so decko mi detektivi u dusa resivme da gi sledime posto sumjavme deka i tie se za istata rabota. taka i izleze trgnavme pozadi niv a tie se sretnaa so istiot covek vo parkot.jas resiv da zvonam na toj broj pak demek uste cekam no veke bese nedostapen.izgleda se otkaza od mene posto bev dojdena so masko.gi gledavme moze 30minuti i stanaa od klupata kade sto razgovaraa i ednoto devojce sakase izgleda da trgne vo sprotiven pravec no covekot skrisum ja stipna za gorniot del na rakata i ja povlece na kaj nego i pocna da ja vodi na kaj ulicata kade sto vo toj moment se parkira belo kombi. se kacija site 3ca vo kombeto i zaminaa.covekot bese visok okolu 2m kelav i istetoviran na dvete race. se poznavase deka ne e nekoj si direktor na firma so bara rabotnici a toj oblecek kako za na utakmica. se isplasiv mnogu i pravec vo stanot da ne dojdese decko mi so mene koj znae kade ke me odnesese i mene.
    zatoa devojki pazete se i ne odete na zimi majka sto se reklo i ne im veruvajte na site oglasi za rabota pozz
     
    На elenkata20 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.269
    A ти ова го пријави во полиција?
     
  18. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    744
    da se javiv vo policiskata stanica vo novo lisice posto mi bese odma do zgradata i razgovarav so eden od policajcite ili inspektor neznam sto bese edinstveno sto mozev da mu dadat kako informacija bese telefonskiot broj posto ne vidov broj od tablicki na kombito i ne ni znaev kako se vika covekot ni devojkite sto napravija neznam
    http://www.youtube.com/watch?v=1-YlugUoDVE
    e ovoj film da go izgledate :( samo ako ste so slabo srce nikako.. jas 3pati pocnuvav da go gledam i prvite 10min i tolku nemozev poveke go gasev. mu se sjunaciv pred nekolku meseci i koga go dogledav se zaprepastiv. kako i da e vrede da se izgleda i toa kako pozz
     
  19. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Страв ми е и да ги гледам, па не ги ни отворив.... искрено да ви кажам еднаш касно навечер не ми се спиеше многу па кога си легнав оставив еден филм на ТВ да го гледам, беше почнат и незнам како се викаше ама бев пишман што го оставив, се работеше за трговија со човечки органи и тоа како ги мамат жртвите, девојки, со разработена метода и толку беше страшно што и сега кога помислувам ми лупа срцето .... и неможам повеќе да пишувам ....незнам... само чувајте се сите!!!!
     
    На Dinamickid му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dinamickid

    Dinamickid Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    27
    за жал трговија со жени се случува во центарот на Скопје пред очите на милион полицајци.
    Што ќе смениме ако овде на фемина кршиме прсти на тастатура
    гледајте во ваши граници не америка шпанија што им се десило ..остајте ги нив
    мењајте ја прво Македонија па после Америка :)