Сакам да прашам...? Ее тоа не знам јас, сигурно има некоја продавница во ГТЦ, па и во Рамстор, ама кај се наоѓа не знам.
Дали некој може да ми каже какво е менито во ресторан дион во трговски дали има скара или само специјалитети? и ако може некој предлог на некое интересно ресторанче
Сакам да прашам...? Има и специјалитети, интересно е, убава атмосфера има. Инаку мене ми е омилен ресторанот Домини, сеа ќе му дојде позади Веро-Трговскиот,во склоп на Феријален Сојуз на Р.М. Исто и ова ресторанчето е со опуштена атмосфера, мирно и спокојно-преубаво и храната е исто одлична како и услугата. Јас би ти го препорачала ова местенце како замена за Дион доколку сакаш мирно место со одлична атмосфера-проверено . Еве ти и линкче ако сакаш да го разгледаш Спојлер http://restorani.com.mk/restoran.php?restoran=196&language=1
Сакам да прашам...? ГТЦ 1 кат, доаѓа карши Манго, поточно карши Манго има пролаз и по него и веднаш од десно е оксет. До неа мислам се продавници за чевли. Има и во Рамстор како што помнам.
Сакам да прашам...? Девојки ми треба итно ако некоја знае да ми каже,во рамстор колку чини да ми стават слика на шоља за чај?Ај ако знае некоја нека ми пише
Каков е бре тој нов трговски во Скопје? На која планета живеам? (патем, чинам Пинк4е имаше спомнато во некоја тема...)
Мора да мислиш на "трговскиот" во Карпош близу спортска сала Партизан (Skopje City Mall) кој не знам до каде е со изградба, само знам дека треба проектот да се заврши втора половина на 2012, сега ми текна кога веќе спомена, дека имаше таков проект а може и уште да нема ништо со тоа.
Знае и може ли некоја од Вас драги феминки да ми појасни што е Базаро во Ново Лисиче?? Трговски центар, продавница или?? И каде се наоѓа поточно? (прочитав на форумов дека таму имало Релакс енд тоун ...) Благодарааааам!
Па тоа е една голема продавница со секакви тракаташки во неа, незнам поточно како да ти објаснам, Скопјаните нека ти објаснат подобро...Боксер ако знаеш кај е ...