Се каам за две направени нешта. И тоа мнннннннноооооооооогу. Сите ме убедуваат дека не треба, во тој момент ми било убаво и сум била среќна, ама не можам бе СЕ КААМ
Се каам што не отидов на кафе со типот што ми купи ланче Swarovski од Виена, уфффф глупава јас.. светица ќе се правам, демек не прифаќам подароци
Не се каам за ништо што сум направила бидејки во тој момент тоа сум го сметала за најправилна одлука.Јас сум личост која не превзама многу ризици и ако се кааев са некој не превземен досега би се уништила.
Се каам што на некои личности им дозволив предолго да останат во мојот живот. Се каам што прекасно ги земав работите во свои раце. Се каам што понекогаш дозволувам ЈАС да бидам таа што ќе го извлече најдебелиот крај. Се каам што претходната година ја поминав како набљудувач на сопствениот живот. Се каам што превише верував во некои личности и што многу очекував од нив. И се каам затоа што дозволив сето ова да ме скрши!
Се каам за тоа што на една личност и дозволив да прави што сака со мојот живот. Се каам што се однесувам како да имам повеќе животи,а не еден.
Само за едно нешто се каам во животот. Се каам за тоа што не заминав во Словенија кога ми дадоа од факултет стипендија Е тоа е нешто за што ќе се каам цел мој живот.
Се каам за работи што не сум ги направила, а не за работи што сум ги направила... Како на пример што си ги прокоцкав сите шанси кај еден дечко глупава јас! а ме сакаше и сега кругот се сврти секако......
Се каам само за едно- им верувам на сите и мислам дека сите го имаат мојот карактер. Но се разбира од грешките се учи и треба да гледаме кај сме се лизнале а не кај сме паднале. Така да....не се каам за ништо
Како и секој жив човек, така и ја се каам за одредени работи.Секако, и апсолутно денеска не би можела да сменам , уствари кога ќе подразмислам и можам но само некои работи.Се каам што премногу рано се заљубив и почувствувам огромна и среќа но и болка од страна на личноста која ја сакав највише на овој свет.Но како и да е,не се каам што бев со него.Само тој знаеше да ме насмее и растажи во исто време.Го сакам, и ако не заслужил.Како и да е , во животот се се случува со причина
Ете, дочекав и јас да се покаам за нешто. Се каам што воопшто се нервирав за него, зашто иако ТОЈ беше тој што немаше време за мене, тој истиот не заслужуваше ни ронка мое внимание. Се каам затоа што со неговиот дебилизам го даде својот придонес во немилиот настан што ми се случи. Се каам, не требаше да ја барам вистината од него, секако не ја добив. Требаше само да оставам да помине време и да ја запознаам личноста која ми го дава своето време на тацна.
Се каам што го запознав, затоа што од како влезе во мојот живот се се смени за 360.... научив многу лекции, но сепак се каам... да не го пуштев во мојот живот денес ке бев мноогу посреќна личност.. можеби немаше да научам некои работи но барем немаше да живеам со оваа тежина и болка...