macula,грешките секогаш можат да се поправат. инаку да се каам за некои работи но се трудам да ги поправам колку што можам :geek:
Требаше да не бидам толку толерантна личност. Не требаше да бидам упорна (за една работа). Целта, не ги оправда средствата!
Не требаше една вистина да им ја кажам на мојте требаше сето тоа што го планирав да го напраам без нивно знаење но враќање нема
Се каам што девет години работев како машина за сега вака да ми се врака . Не се каам што во заводот кај инспекторот за труд се плеснав во лице па и тоа дека и они не си ја вршат работата и прават армија невработени лица . Од деке ми храброст се чудам .
Се каам.. само тоа и можам за многу работи кои не требаше да ги направам Сепак се надевам во иднина нема да правам толку често работи за кои ќе се каам
Многу се каам за одбиената понуда за работа и за пракса...само што дипломирав, мислев можам многу подобро да најдам, незнаев дека е олку тешко да се најде работа...Требаше да ја прифатам првата шанса што ја имав а не да пребирам...и сега ништо
Се каам за една работа,што дозволив некои личности да останат подолго во мојот живот,што им подарив внимание и љубов иако не го заслужуваа тоа ..Единствено за тоа се каам.
Се каам што си дозволив да ми минат 7 години онака како што несакав јас, неубаво, понижено. Требаше да се сакам тогаш, како што се сакам сега, да бидам поодлучна и храбра и да излезам од сето тоа порано.
Па искрено, не се каам бидејќи сите работи кои ми се случија во минатото ме направија таква каква што сум денес, сеуште пријателка само со луѓето кои ми мислат добро,сеуште во врска со дечкото со кои повеќе луѓе пробаа да не скараат и секако, лицата кои глумеа лудило си ги симнаа маските и повеќе не се дел од мојот живот! Да не се случеше тоа што се случи, сеуште ќе се дружев со луѓе кои ми правеа лице, ќе им верував, и несакам да размислувам што би се случувало понатаму..
Што ќе се каам било па поминало.И онака со ќаење нема да сменам ништо само би се уништувала сама себе, така да не размислувам многу што било.
Па да требаше...да си стекнам навика за учење од мала(вака цел живот се извлекувам и сега ми е криво ) Требаше да почнам да читам книги исто така од мала,али сега се учи од грешките нели Одиме напред
знам дека со каењето нема ништо да постигнам, само ќе се уништам самата себеси, но грешка е што му дозволвав на некои луѓе да остануваат подолго во мојот живот иако не требаше..
Се каам за цела караница за дечко ми... Се каам за се што испадна... Се каам што толку лоша ме опишуваше.. Се каам за сите глупости во врскава..
Многу често се каам и се прекорувам за нешто, дури и за ситници, за некои небитни работи... и се мразам поради тоа, си викам самата на себе ајде поминало ке биде добро, памет за другпат али не сака, таква сум си...на пример се каам што дозволив да се одделам од 2-3 најдобри другарки, се каам што дозволив да се вљубам како луда во сегашниот дечко иако видов уште на почетокот дека не е "husband material"... после секоја средба со нова личност се каам што сум толку срамежлива и поќутлива од другите... и ред други работи