Е не се каам. Тоа така требало да биде. Сите имаме многу шанси кои треба да ги искористиме. Ако се каам, ќе ми биде потешко. Ја чекам втората шанса.
Се каам за една работа која уште од почетокот требаше од корен да се пресече . . можеби сеуште не е предоцна којзнае.. .
Требаше да се запишам во друго средно училиште, ама пусти страв како ќе одам во друг град да учам како ова како она, ама сега е веќе касно ми поминаа 3 години така без мерак, ама ајде се надевам ќе надокнадам со факултетот.
Не верувам дека има човек кој не се кае за нешто се каам и јас ама сепак се помирувам со тоа и идам даље ке поправам има уште многу живот пред мене
Се кааааааааам најмногу на свет што раскинав со бившиот заради мене а кога ќе размислам уште поубаво се каам што немав секс со него,а не сега само да мечтаам за тоа или недај боже да ми се укаже прилика да го изневерам дечко ми со него,од љубопитност што сум пропуштила.Иако не верувам дека би сторила такво нешто,ама стварно ми е многу криво,глупаво размислување сум имала треба само со еден немој курва ќе станам???? Е да ми е овој памет а тоа време,ама сепак се знае мерка треба да се има,ама и треба да се ужива во животот за да не се каеме потоа за пропуштеното
Воопшто не се каам. Дури и за најлошите одлуки што сум ги донесла. Да требало да биде поинаку, уште тогаш ке сум постапела така. На истурено млеко не се плачи.
До некаде сте во право што велите дека не треба да се каеме,значи се случило тоа што се случило,така требало да биде,но сепак тоа чувство на каење не си заминува,барем кај мене...Еххх,да размислував поубаво,немаше да направам некои глупсоти,можеби немаше да биде којзнае колку изменето денес ако не постапев така,но сепак,глупости беа и мака ми е...
Се каам за многу работи..се каам што направив една иста грешка 100 пати,се каам што потрошив драгоцено време на некои личности што не вредат,се каам што не увидов на време колкав кретен е,му простував и покрај се што ми правеше,ама конечно ставив крај,и се каам што одбив прекрасно дете заради претходно споменатиот идиот
И јас се каам што залудно трошев време на личности што не вредат посебно другарки,им го подаруваш срцето животот сето внимание и на крај ти вртат грб,затоа и веќе не се замарам и нема никогаш да се замарам со вакви личности!!
Се каам за тоа дека сум верувала на погрешни пред се другарки,се каам дека сум навредила личности кои ми значат ненамерно,се каам дека немам многу време за да посветувам на другарките и воопшто да седам на нет.Дека работата цело време ми е пред се.Дека си ветувам дека уште еднаш нема но правам......
Не се каам ама воопшто за ништо.Има работи кои сум ги направила, а за кои денес викам дека не требало така, но тоа не е каење.А и среќна сум што тоа е така поради тоа што во тој момент свесно или несвесно сум го направила тоа и сум го сакала тоа што го правам, а секако сум размислила пред да го направам тоа.А доколку не сум размислила пак нема каење, бидејќи тогаш требало да ми биде паметот а не сега, кога не можам да го вратам времето назад.
Да, се каам! Се каам за некои работи кои сум ги направила, за некои мои постапки со одредени луѓе, но времето не може за никого да се врати за да ги исправиме работите, останува само каењето ..