Се каам, како не, ама не во смисла да очајувам сега, туку да можам повторно да преживеам истото би сакала поинаку да направам/постапам, ама па секое искуство - една лекција за понатаму. Се надевам дека нема да сум многу тврдоглава во иднина, па упорно да удирам со глава о ѕид за исти работи, белки ќе научам нешто и од прва. Имаше грешки во животот кои останаа грешки, нема назад, нема поправање, ама сепак секое нешто не обликува понатаму во личноста што ќе станеме, верувам дека ништо под сонцето не е за џабе, се може да ни послужи за лична духовна изградба, зависи само со каков став гледаме на истото и колку сме спремни да учиме.
Никогаш не сум се покајала за нешто. И најголемите грешки што сум ги направила во животот (зборам за баш грешки, од километар се гледало дека ќе биде грешка) сум сакала да ги направам, и затоа не се каам за се што се случило. Нека е на поарно нареден пат.
Хм... Не. Не се каам. Не чувствувам потреба од каење. Немам ни сторено нешто ужасно, па да има потреба од каење.
Мхм...се κаам, тρебаше да им вρаќам двојно повеќе на сите оние κои се осудуваа да ме навρедат и понижат! Пρемногу бев добρа, но не повеќе!
Секако грешките се тука за да учиме од нив ама се каам за неколку работи прво што потрошив и трошам време на некој кој тоа не го заслужува ама љубовта не познава граници очигледно и лани добро ослабев ама зимоска накачив пак сакам пак да симнам ама тешко оди
"No regrets, they don't work, no regrets now, they only hurt " - Роби Вилијамс Како што пее Роби така може да кажам дека нема човек што не се кае за нешто. Колку повеќе мислиме на работите што не требаше да ги направиме или што не требаше да се случат толку повеќе болка си нанесуваме. Наместо да мислиме на минатото треба да почнеме да мислиме за иднината и за тоа што сега моментални ни се случува. Би сакала многу работи да не се случеа порано, но ако не се случеа немаше да бидам тоа што сум денес. Тие се дел од мојот живот и јас мора да продолжам да си го живеам истиот. Човечки е да се згреши и тогаш треба да се продолжи понатаму. Затоа не мислете многу на работите што ве натерале да се каете, не си нанесувајте болка. 8
Да ,има неколку работи ..ама тоа е тоа. Минато . Од него учиме. Не се замарам со тоа. Воопшто. Поминало.
не се каам за ништо! од грешките само треба да учиме а не да жалиме.. секогаш ако ми се случи некоја глупост а често се случува си велам "ум за друг пат" и поубаво ми е отколку да кукам за све и свашта па нели луѓе сме секој греши
Да се каам, но веднаш си помислувам тогаш сум мислела дека треба така и затоа сум го сторила тоа и готово
И јас со моите 3 глупави другарки кои сум им давал шанси скарај смириј на секое и сега нема веќе со нив и не ги трпам со нивните проблеми веќе.
Понекогаш доцна ни' се отвараат очињата, но кога - тогаш ги согледуваме работите какви што се. Еднаш се живее и штета е попусто да се троши времето на такви луѓе.
Па не се каам скоро за ништо. Работите што некогаш сум ги направила, биле по моја желба, и тогаш така сум сакала да биде. Можеби понекогаш се каам за некои ситници, што не се ни важни. Мислам дека немам направено некоја голема грешка за која би се каела.
Има многу работи за кои што се каам али нај криво ми е што коа бев мала не ја послушав мајка ми да не се бесам по лулашките на паркот и да не изигравам јака дека можам се.ЗА тоа ми е најкриво и секогаш ке ми биде бидејќи да ја послушав тогаш мајка ми сега забите ке ми беа сите здрави и немаше да плаќам 1000евра за да ми ги направат.(мислам и сеа ми се здрави али треба под коронка да ги ставам) Али тоа е што е .Што било поминало и што ќе биде ќе помине.Више срече други пут