Не. Во последно време се навраќам на убавите спомени, на одлуките кои сум ги направила без разлика правилни или не. Тие одлуки ме донеле до тука. А, не се жалам, океј ми е. Не сакам да се каам пошто ми предизвикува тага, а да тагувам во нешто што поминало и не се враќа-подобро не. Сметам за добро ментално здравје не треба толку внимание да посветуваме на минатото. Да се присетиме и помириме, да. А, не да тагувам и да се каам, дефинитивно не.
Се каам зошто не прекинав некои "пријателства" кога им беше времето. Сега можам и на друг памет да дадам.
Се каам, ама се трудам да не се каам. ... пошто нема корист никаква. Шо било-било, враќање назад нема.
Се каам да ,за повеќе работи но најмногу за тоа што прифатив да живеам со свекрва... Зошто немам положено за кола, Зошто не заминав странство кога имав не една туку 3 прилики. Зошто не си го следев сонот за туристички водич на одредена област.
Се каам зошто не заминав во странство кога имав можност и зошто не внимавав на здравјето пред да стане посериозно. Се каам за многу недокажани работи и изгубени луѓе. Се каам секој пат откако ќе ги им се развикам на моите за некоја глупост, а тие за мене би го дале светот.