Секако дека се каам,не постои таков кој што не го гриже совеста за нешто што направил...Сум грешела многу и до сега , си учам од моите грешки и научив многу работи
А зар постои совршен човек без ниедна грешка во животот? Па како би знаеле што е добро а што лошо ако не направиме грешка и од истата понесеме поука. Лошо е ако грешките ги повторуваме и се каеме постојано за нив. Добро е ако ги исправиме истите.
Јас мислам дека секој се кае за нешто,така и јас сум направила многу грешки,а и фала богу сум научила од нив.....али на моменти ми текнува на некоја случка и си викам како можев тоа да го направам не требаше....али јеби га!!!луѓе сме грешиме,времето поминало и дали требало или не требало не е веќе битно,така да живот иде даље и се трудам да правам помалце грешки,али секогаш ќе ги има...само да не се големи
се каам што не му плеснав во фаца некои работи кога можев... демек без потреба да не правам галама.. ама не останувам должна... ете само тоа се каам ааа и да се каам што се омажив на 20 години ама добро е ај..
Се каам. Затоа што гордоста ја ставам пред се‘. Па затоа си ги прокоцкувам сите шанси, можности, итн. Се каам, затоа што не се свртев и не се вратив. Ете, се каам, и за тоа што се откажав.
После е**ње нема каење . Секој греши понекогаш, некој помалерозен и секогаш , ама откако веќе е направена грешката не треба да се троши времето на каење, туку на барање начин да се исправи колку може, или да не се повтори уште еднаш. Едно е да сфатиш каде грешиш и да признаеш, а друго е да згрешиш и само да се туфкаш и каеш и да чекаш само по себе да се среди. Од каење нема фајде, ама во одредени случаи едно обично и искрено извини ја брише потребата за каење .
Затоа реков дека не секогаш е доволно да се извиниш, ама во секој случај подобро е да се признае грешката отколку тој што згрешил само да се кае во себе, а да се прави наудрен пред другите. Нели имаше една поговорка: "Кој признава, пола му се простува"
Се каам за двајца дечковци што воопшто ги запознав во животов,а да не зборуваме за тоа што имав врска со двајцата.Оф леле кај ми бил паметот
Ех требаше да си ја послушам мајка ми на времето што ми зборуваше.. Ама тогаш најпаметни бевме ние..Што се разбираа `старите` во воена музика