ехх... се каам пред 2 и пол години што запзнав еден тежок морон, не знам што се спобудалев по него ! ми оди да се отепам кога ќе се сетам, како само сум можелааа??? тој испадна типично детиште ! се каам што не фатив дечко на 20 години или 21 што не се изнаглупирав и изналудував со друштво ! се каам што не бев доволно амбициозна и не запишав педагошки факултет, туку политички науки а во меѓувреме можев да земам курс по шминкање искрено...се каам што не се фатив со едно детенце... сега се ќе беше ко подмачкано... али тоа е...живот !
Можеби сеуште сум млада, во некои работи и ненавлезена, но за овај досегашен мој живот јас не се каам. Има некои работи за кои треба да се каам, но не се каам. Едноставно така требало да биде. За некои работи ми е жал, но за каење е веќе доцна. Тоа што било поминало, нема враќање.
И јас се слагам со катакомба24!Кога ке помислам зошто ова беше вака а не онака само ке се нервирам и ке ме боли глава.Не гледам назад едноставно така требало да биде,гледам само кон иднината,само напред...Можеби зошто немам направено некои којзнае колку големи грешки незнам али не се каам... Баба ми вели пази чедо со кој ке одеш оти после е**ње нема каење
се каам што не бев доволно упорна за секој аспект од моето живеење,што немав храброст,упорност,што не бев свесна за моите квалитети и вредности.што се упропастив самата себе.боже мил помогни му на твоето чедо.
Се каам и тоа многу! Си велам кај ми беше паметот? Зошто на 16години влегов во долга врска,плус зошто не ставив одма КРАЈ кога видов со каков човек си иам работа! Али ајде,човек од грешките учи.
И јас се каам што толку мала влегов во врска, 16 години алооооо, како божем сум престарела па понатаму нема да можам да си најдам дечко кој ќе ме сака безрезервно, а не овој сега нервите ми ги вади секој ден, но тоа е ...нема назад
Требаше да ризикувам.Требаше да знам по секоја цена.Сега само ќе замислувам како би требало да изгледа хармоничното чувство на рамнодушност.
Не мозе да речам дека не се каам за некои работи ама во тие околности и со тој мозок сум го направила тој избор. Макар што каењето е најбескорисна работа на свет, ништо не се враќа и не се поправа, па која корист од него?! Иако искуството на др.луѓе сум требала често да го респектирам ,јас дури сама на си нанесам изгореници од 3 степен не мозе. Пак да почнам од почеток пак ќе си прикачам по некоја грешка наваму-натаму за да си го збогатам комплицирањето на сопствената ми егзистенција.
како и секој човек во животот и јас се каам за некои работи, што не требаше да ги направам ама од искуството учиме: не требаше толку да се посветам на долга врска која што немаше шанси да успее не требаше тој после него да биде мојот втор избор не ни вредеше за сите мои нервози, солзи, и сл и третиот беше сосема погрешен избор иако не мислев дека така ке биде барем не се омажив за некој од тројцата оти животот ке ми се претвореше во пекол , а вака имам шанса да паузирам од љубовта и да се фокусирам на други сфери од животот
сите право јас наопаку :geek: не се каам за ништо... грешките се направени, да ги поправам сега неможе... и се што се случило е со причина...
Не се каам за ништо што сум направила,се каам за работите што сум ги испуштила да ги направам.И кога повторно би се родила пак би одбрала да бидам јас и да го жиевеам истиот мој живот!!
Дали се каам? - НЕ !!!! Сите акции кои што сум ги праел сум мислел дека се најдобри во тој момент. А дали сега одкога го имам искуството би напраил нешто поинаку, нормално....кој не би? .... Но за тоа да се каам, не...!!!!
Понекогаш ми доаѓаат мисли "ова не требаше" , ама брзо го мењам мислењето зошто кога сум го направила тоа сум сакала да го направам, од друга страна, нешта кои сум имала можност да ѓи направам, а не сум ѓи направила е за овие вистински се каам
Се што ми се е десило во мојот живот е имало смисла - лошо или убаво. Ми е сменило животот и мислењето малку или многу...Се кајам за секој пат, кога сум повредувала некој, никогаш не сум го правила намерно, и после тоа како да мен ме боли повеке... Се што сум видела од животот мој до сега е требало да стане, така сум научила мноооогу за луѓето како цело...
многууу се каам што си ја пропуштив шансата, што ја чекав подолго време...но се надевам дека ќе наидам на многу подобри шанси..
Порано се каев за многу работи но сватив ако се каам немаа ништо да изменам само самата што ќе си се нервирам ... затоа сега живеамм без никакво каење и пак да сум пак би ги направила истите работи
Everything happend for a reason! Така да не се каам за ништо, на грешките се учи, по падовите следуваат воздигнувања, поразите завршуваат со победа.
Свесна сум (и премногу) за сите грешки кои сум ги направила, ама не можам да кажам дека се каам... Некогаш сум грешела кога сум правела нешто, некогаш сум згрешила кога не сум направила... живот. Ама не се трујам со каење, грешките си ги прифаќам како дел од мене и само се надевам дека нема да ги повторам некогаш