Па можеби ќе си речам така не требаше, но за таа сметка нареден пат знам како да постапам. Се кајал или не, тоа веќе биднало. Што било поминало, што ќе биде ќе помине. Нема некоја голема филозофија овде, барем јас така мислам. Времето назад не може да се врати а нам ни останува само да учиме од грешките, кои после ги нарекуваме искуство. Понекогаш за некои грешки и треба да се каже извини.
Па, во главно човек не треба да се кае за своите постапки и дела, оти ти си тој што си и тебе те прават човечка особа,целосна, минатото кое е дел од тебе, сегашноста и се разбира иднината. Во принцип не се каам, се трудам да продолжам напред, зошто знам дека не можам ништо да сменам, па зашто би се измачувала, а погрешни избори имало, па имало доста, ама доколку извлекуваш поука и не ги повторуваш грешките добро е.
Понекогаш на моменти можеби се каам за нешто што сум го направила, но потоа си викам што вреди сега да се каам а и сигурно сум го направила тоа затоа што тогаш сум сакала и ми било убаво
За многу работи во мојот живот се каам што сум ги направила, да сум сега со овој памет никогаш не би направила ниту една од сите тие работи што ги имам правено и сите глупости. Среќа што го најдов вистинскиот дечко па тој со разни маабети и разговори ме извлече од нај тешкото. Да не беше тој мислам дека уште ќе си одев по мојо стар акл...
Секој во животот се кае за нешто што го направил или пак не го направил.Јас се каам за многу нешта,но јбг животот е таков не треба да застанеме и цело време да мислиме на грешката што сме ја направиле и да се каеме треба да продолжиме напред и да внимаваме да не се покаеме пак за истата работа.. Највеќе се каам што на некои личности им дадов посебно место во моето срце кое не го заслужија и на крај ми го направиа животот горчлив и неподнослив.Но еве сеуште сум тука стојм цврсто на нозе и со кренета глава чекорам напред, со цел да ги остварам сите мои соништа !
Постојано се каам скоро за се што правам и тоа ме убива..но научив со тек на време да се помирам со се што се случило и да гледам на тоа како искуство
Ухуууу уште прашуваш Секој мој роденден се каам што сум се родила Spoiler цели 15 минути пред 00, како е можно тоа по ѓаволите за кај си се брзало дете, за ’82 да се родиш НО зашто? ќе сме си земеле еден убав нов телевизор И пак што сум се родила Spoiler на тој ден, кога можело секој друг ден, да не морам да частам сто души пред, роденденот, за време на роденденот, па после роденденот кој не достасал да стаса.. ај. Гости идат на денот, кога ве викам идете или ич не ми идете .. нели ? Има и милиони други работи, како некои книги што ги имам позајмено на луѓе кои се направиле или дека не ми ги зеле на заем.. ма како ич не ги чепнале не пак да ги земале или просто секој ден ми ги враќале.. а има и други позајмени у неповратак ствари. Ехе... Што не го шмекнав пред неколку години тој дечкото.... тој еден штета Ај, можда по старост патиштата ќе ни се вкрстат Ајде доста е за денеска. Индугенции не продавате ваљда а? Би јас поинакви каења во тој случај да пљуснам
Требаше или не требаше не е важно... Што и да сум направила веќе поминало и нема да се врати! И онака со тек на времето се се заборава...
Требаше да одберам друга боја за мебелот. Ме здивува ова лавандава веќе. Не требаше да се поставам така пред 3 години. Го обрав бостанот сега.
Не требаше да го завлекувам момакот така, па и ден денеска да си гае лажни надежи дека љубов може да се случи. Ало, не може, ја покопав со време, скапана и какана е веќе. Не треба(ше) секогаш да ги слушам родителите кога станува збор за работа. Ќе ми дојде ли некогаш памет?
Требаше да паузирам една година, да работам, и да се мислам уште еднаш дали сакам да се запишам на тој смер. Погрешив, требаше да студирам англиски, и не кај тој факултет, друг, да не се замарам со секакви професори. Не требаше да се запишам на курс. Сега би имала пари колку сакам, работата ионака ќе ја изгубев, ама немаше да бидам под толкав стрес, како што бев изминативе месеци. Damnit!
Не требаше да изедам пред малце ориз на мексички начин,сирење и ко десерт црно парче леб со џем од аронија... Никако да научам дека подобро е да си каснам у текот на денот,а не ноќе да не можам да спијам од глад.И да,заборавив денес да јадам,навистина заборавив (освен лубеницата у трчање),кој морон сум.
Се каам за муабетот што му го „пуштив“ вчера Долго затворена тема ... Беспотребно. Глупаво. Веројатно е неизбежно.
Има една работа за која се каам, да го сакам кога ме сакаше.. ама тоа е. Било и поминало. Така требало да биде. Може па во тој случај никогаш не би го запознала сегашниот дечко..
Се каам за мојата добрина спрема моите така наречени другарки, абе не давај ништо бе, ееј ништо не заслужиле, а јас пак добрата ги жалам сите, а после зад мојот грб како и обично онаа е таква , не и личесе тоа. А сакаат искреност од мене , епа еве ви ја колку и да ве боли прифатете ја, а ако си другарка немој да се лутиш ,,, ццц не им мислиш лошо а на крај доаѓа сосема трето...... Ме нервират , и се каам што сум им помагала