Ako не постојат грешките-нема од што да се учи....велат -секогаш прави нови грешки!И стварно е така....проблемот е ако не ја увидеш грешката и ја повториш,без да научиш нешто од нејзе.Секогаш се каеме за некои одлуки,секојдневно се соочуваме со нив,и некогаш навистина е тешко човек да се одлучи-со оглед и на времето во кое живееме,па често се донесува погрешна одлука за која се кае....некогаш пак,и не е доцна за да се исправи...Не случајно-човекот учи додека е жив
Се каам за еден глупав ,,договор,, Воопшто не требаше ни да помсилам со нив да се договорам за одмор, па вторпат ли ќе ја правам истата грешка!
Се каам што го завршив факултетот што го завршив....не било така бело како што сум мислела,ако ми е...од преголемата љубов кон него и откако дипломирав,благодарение на смешните закони кои се менуваат секој ден го замразивввв ,аааааааааа
Ах таа совест што ни прави,нон стоп да се мачиме дали требаше или не требаше Се каам кога не можам на некој да му речам не за да му направам некоја услуга и кога него му е тешко да рече едно фала,не барам да ми возврари,туку може да на направи само еден израз на заблагодарност,чудни луге искомплексирани.Се каам кога зборувам повеке од што треба кога ке му кажам на некој нешто а после стварно многу сакам да си го повлечам зборот.
се каам што на времето не го напуштив сопругот, тогаш дечко оти не знаев дека е толкав папучар со мајка му
Секој греши и откако ќе го увиди тоа логично е да се кае или да ги анализира грешките. Епа јас не се каам зашто не сакам да се оптоварувам во животот со минатото зашто не сакам да живеам со лоши мисли. Едноставно, седнувам рационално и размислувам како дошло до грешката, што предизвикало тоа да се случи, како да избегнам нареден пат или да не ја повторам и терам понатаму. Во глава си имам замислени SHIFT + DELETE копче и ги употребувам секогаш кога сакам да заборавам нешто (за среќа ми успева). Животов е еден и гледам да си направам да ми биде што поидеален зашто никогаш не се знае колку ќе трае.
Да, се каам што воопшто го сретнав дечкото (сега бивши) со кој бев 2 години во врска! Беше незамислив и тотален идиот! Ама јас, дете, заслепено од љубов, му дозволив се... Се освестив, но мислам дека доцна... Сакам да го вратам времето и на неговото прашање „Дали сакаш да ми бидеш девојка„ (со ружа во рацете и меченце што го добив од рацете на Елвир Мекич) да одговорам НЕЕЕЕЕ ТЕ МРАЗАМ ТРГНИ МИ СЕ ОД ПРЕД ОЧИИИ
се каам за многу работи во животот што ги направив многу ми е криво и посакувам да мозжев да го вратам времето за да ги променам сите лоши работи ама неможе
Да премногу! Најголема грешка во животот мој .. Се тешам со тоа "Од грешките се учи" и почнав да го практикувам
Се пробав во животот(и што требаше и што не требаше )и за ништо не се каам.Ако не пробаш се дур си млад како ке знаеш во животот да го разграничуваш лошите и добрире работи
Не се каам буквално за ништо,се се слулило/не се случило со причина,е сега мака ми е што не му го дадов бројот иаку знаев дека нема да се видиме но тоа е.
Се каам за тоа што до пред 2 години пушев марихуана секој Божји ден. И се каам вечерва што му се јавив и му реков да се видиме а тој ме одби и страшно се изнервирав. За ништо друго. Секоја работа што сум ја направила значи дека сум ја сакала и дека убаво ми било додека нештото траело (не зборувам стрикно за машки).
Не требаше да го ставам пирсот на стомак . Сега ќе ги гледам кај што се капат в базен а јас ќе седам на клупа како да имам менструација.