Да не требаше да се запишам на факултет во странство Се каам многу за тоа... Ех кога би можела да го вратам времето!
Требаше на 25-Ноември да отидам на свадба да не терам инат. Не требаше да се задолжувам од оваа плата за ако сакам да имам некој денар.
Обично никогаш не се каам за ништо... едниствено нешто за кое се каам е затоа што не се запишав на медицина.
Па кога ќе размислам подобро, за ништо не се каам. Затоа што во тој момент сум го направила тоа што сум го сакала. И сепак тоа е некакво искуство, лекција плус за понатаму.
Не дека се каам нешто посебно освен за првото, ама ете да можам следниве работи со сигурност би ги променила: - Требаше да разговарам повеке со моите родители - Требаше да го оставам бившиот порано - Требаше да го слушам умот а не срцето кога се запишував на факултет
да кажам најискрено, се каам секад коа му попштам и простувам на дечкоми,а он коа ке ме напња опет,е онда највише се каам
Се каам многу кога ќе навредам, повредам некој со било каква постапка поготово кога не ми е тоа намерата! И се каам што бев премногу добра со луѓе што воопшто не го заслужиле тоа!
Ех, за колку работи се каам само. Многу пати знам да избрзам и после да си кубам коси за тоа. Избувлива сум во многу ситуации, јазикот ми е побрз од умот, и кажувам работи што не би требало да ги кажам.. После тоа кога ќе размислам ... И плус се каам како форумов не го открив порано , никогаш не ми текнало да кликнам на ФОРУМ додека сум била на Фемина да разгледам нешто. Значи воглавно се каам за мноооогу, многу работи.