Се каам што не и кажав порано дека не сакам да одам... Се каам што не се договорив порано со другар ми, така ќе имав добар изговор... Се каам што сум дозволила да се однесува како сака со мене, знам дека требаше да ја спречам на почетокот, ама сега е касно... Се каам за многу работи, ама моментално само за овие горе
Се каам за секое залче што влезе низ оваа уста празнициве! Се каам, оти осеќам ко мамурлук да имам побогу од сето јадење. А, уствари, јадењево ми дојде ко продолжено дејство на нападите (демек) на глад што ми траеја некое време претходно (пред Нова Година) ....пошто нели, мораш да го разработиш желудникот да не случајно му дојде ко шок одеднаш многу храна, вака нате-нане крчање . Ма, лаком г’з трагедија! Од денеска почнуваме со трезнење, овај детоксикејшн (почнав, да видиме текот на настаните како ќе се одвива, да не се каам утре или задутре уште повеќе). Обеќам пред себе и телово што не го ценев. О хелп ми Гад!
Секој човек се кае за секоја грешка која што ја направил но за жал никој не може тоа да го измени на некој ке му остане како поука за следниот пат а пак друг ке се научи како треба да живее со неа.Мојата грешка за жал многу работи ми измени за кои воопшто не очекував и не се надевав дека така би можеле да бидат но сепак кај мене нема простор каде што некогаш овој тест ке морам пак да го минам па да знам како ке изгледа па така се прилагодив спрема животот кој ни го дал господ па почнав да живеам со мојата грешка.Така требало да биде судбина.(макар што сама си ја напишав судбинава)
И тоа како...Се каам за многу работи но се е поврзано со него! Едноставно во кратки црти, се каам што воопшто го запознав! Иако сум сега со него и го сакам, тој факт ме боли, бидејќи ...Ма ај да не се присетувам, ете одговорив на прашањето на темава ДА, СЕ КААМ ЗА НЕШТО!
http://www.femina.mk/%D1%83%D0%B1%D0%B0 ... 0%B2%D0%B0 интересни совети за слабеење има,види и пробај ако сакаш
Zивотот прузи секакви санси. Vо момент не мислиме за минато ил иднина. Eдноставно донесуваме одлука за сегасноста. Sе каам за мн работи. Nе продолзив со мојот сон. Nе отидов напрет за тоа сто сакав. Pотоа згресив и со лјубовта. ->се ова донесе и помали грески. Sе каам за тоа но нема назад. Dа мислиме за нареден пат и за иднина.
Требаше да направам многу работи, да. Дури сега го сфаќам тоа. Исто така требаше и неколку работи да не се случат, требаше да избегнам одредени ситуации, но се случило што се случило. Ветив дека нема да се каам за ништо што сум го направила и пробувам да се држам до своето ветување и за среќа, ми успева. Каењето го оставив на страна, не вреди животот да си го поминам во каење за некои постапки кои можат да се заборават и не сакам да го поминам животот повторувајќи ја реченицата „Што би било, ако тогаш (не) направев вака...“.
Требаше вчера да учам и да си легнам порано. Требаше некои работи на време да ги прекинам. Требаше да си го одберам вистинското училиште а не да се префрлам. Требаше да не се шишам,ќе ми беше подолга косата. Требаше да идам кај другарка ми на роденден(ама јас глупача) Тоа е тоа за сега. -After all, I'm happy and I don't care!
Грешки сме - луѓе правиме. упссс... обратно беше Како и да е Не дека се каам, ама кога би можела да го вратам времето некои работи (не би направила) би направила поинаку. Но сепак, погрешните чекори се исто така важни како и исправните. Понекогаш, дури и поважни. Од нив учиме нешто, а и поинтересно е
Секогаш бројдам до десет пред да направам нешто за кое покасно ке се каам... досега не сум направила некој ептен големи иксови во животот а за некои помали ситници секако дека сум се каела
Многу работи не требаше да се случат ама се случија Вистина е дека многу грешки сум направила но ако не грешам значи дека не правам ништо во животот .Најголема поука се извлекува од грешките.Нема зошто да се каам затоа што по секако ништо не можам да променам освен што можам да спречам идно повторување на грешките.
Hе требаше да јадам чипс и пица,два дена ме боли стомакот Kој ми е крив сега,што се превиткувам и само пијам чај
Многу избрзувам голем инат сум кажувам работи за кои подоцна се каам а за нешта што сум ги направила во мојот живот не се каам повеќе се каам за она што не сум го направила
Да,се каам за многу работи,не требаше да верувам на многу луѓе,не требаше да бидам мека и попустлива и не требаше да имам односи пред брак ,за тоа најмногу се каам-но назад веќе нема
Секој човек греше,ама зависи до која мера.... има некплку работи што сакам да ги поправам во животот па доколку би се вратило времето би постапила по исправно
Ехх..нормално сите грешиме. Но, најголемата грешка беше пред 2 години..не треба да им се верува на некои луѓе..
Не требаше да дозволам "другарките" да ми се качуват на глава и на крај да ме заебат требаше и јас да бидам како што ми праве тие на мене