Не ми требаше да се изглупирам онаа вечер.Цел живот ќе ме мачи тоа.Немам мир.Не требаше.Сега ќе имав се.
Не верувам дека некој не се кае за кае за нешто....................... За да не се кае човек треба гласно да размислува,арно ама дали и потоа нема да се кае не гарантирам
Многу работи не требаше да бидат направени и да биде толку време за џабе потрошено..Но од грешките се учи.
Единствено се каам за една грешка која ја направив пред 4 год, ехх да размислував тогаш како сега немаше да ги имам тие проблеми али јбг луге сме грешки правиме
Требаше да реагирам различно.Имав 100 шанси што можев да ги искористам, а не ги искористив.А на крајот кога требаше да бидам мирна и да не направам ништо, се истрескав.Абе, кретен
За што најмногу жалите во животот? Па јас најискрено ако размислувам за нештата кои зависеле од мене, најмногу жалам што денот кога бившиот маж сеуште ми беше мувач и ми рече дека не можам да му бидам девојка, се заинатив и си реков дека ќе му станам и жена. Да го послушав, и да го откачев тогаш сега ќе си бев многу посреќна... Ама тоа е, инатот мој ме дотера до тука. И супер ми е, не се жалам, само треба да не очекувам нешто што знам дека нема да го добијам... Знам дека правдата е на другиот свет, и не може секој на секое поле да биде исполнет, има многу луѓе со разни несреќни приказни, па кога ќе помислам на другите, јас сепак лесно проаѓам некако низ животов.... А нешто што сум сакала а не сум го направила нема. Од акција сум, се што сакам секогаш правам.
За што најмногу жалите во животот? Жалам што им дозволив на некои личности да останат во мојот живот многу подолго отколку што заслужиле. Жалам што бев добра и услужлива спрема некои што не го заслужија ни моето здраво. Жалам што премногу рано морав да пораснам па најлудите години не ги проживеав навистина лудо. Но што било - поминало важно е тоа што ќе биде...
За што најмногу жалите во животот? жалам затоа што верував на погрешни лица...ех што да се прави било и поминало
Јас жалам за тоа што воопшто сум дозволила одредени личности да влезат во мојот живот, иако тоа траело краток период. Сепак не ми требало некои луѓе и настани со нив... Жалам што не се запишав на друг факултет и на друго место. Жалам што изгубив една најдобра другарка од цел живот и што сме многу оддалечени сега. Жалам што имав период од средно кога бев премногу депресивна, и ништо друго не правев освен што седев дома и одев на училиште. Жалам што честопати го трошев времето на непотребни работи.
За што најмногу жалите во животот? највеќе жалам што се доселив и тоа место што ми го смени потполно животот
За што најмногу жалите во животот? Највеќе жалам затоа што го повредив тој. Што најмногу го сакам.Никогаш нема да си простам!
Се каам само за работи кои не сум ги направила, не за веќе сторени дела. Се каам, затоа што сум оставила некои работи да ми се лизнат од рацеве. Но...веројатно така требало да биде. Без тоа не би била каде што сум сега. Кој знае...
Се каам за... За поминатото време во глупости што можев да го искористам за нешто попаметно , алал да ми е
Се каам за... Се каам кога изговарам и правам глупости во афект и во најголемата нервоза. Тогаш кажувам се и сешто, правам се и сешто. За тоа се каам, за изговорените зборови, кои не се враќаат назад. Сум повредила луѓе, особено моите најмили, мојот најмил. За тоа се каам најмногу...
Требаше да обрнам повеќе внимание! Требаше! Се каам што бев толку на слободно, можеби ако се потрудев нешто повеќе, ќе успеев! Но, ете ЖИВОТ!