Незнам кој е точно Елбарт Хабарт, можно е да го утнав името, но не е битно, битно е што неговото мислење дека надевањето е најголемото зло што само му ги продолжува маките на човекот ми е се поразумно и поприфатливо. Очекуваме нешто за ништо...ни дава сила, ни дава илузија!? Надата е добар доручек но лоша вечера. Искрено, не сакам повеќе да живеам во надеж, вероватно болката од разочарувањата се потешки кога таа иста нада ќе ти заврти грб Животот губи вредност а и цената на надевањето губи смисол
Човек без надеж е мртов одвнатре. За што ќе живее ако не се надева на ништо? Надежта му дава смисла на животот, нѐ движи напред, нѐ прави посилни, потрпеливи, издржливи и истрајни. Не би рекла дека е зло, баш напротив. Се согласувам дека некогаш навистина се случува човек да се надева и тоа да е залудно, но тоа не значи дека надежта е зло. Ако не се случи очекуваното, ако не се исполни посакуваното, тоа не мора да значи пораз. Сѐ зависи од перцепцијата на човекот, како тој ги прифаќа најразличните ситуации и исходи, што извлекува од нив. Кога човек се надева, мора својата сила да ја вложи за да се случи посакуваното, инаку тешко. А упорноста секогаш се исплатува. Јас постојано живеам со надеж, поинаку не можам ни да се замислам. И баш ми е добро. Чувството кога ќе се исполни сонот е неописливо.
@baba Rada да не мислиш на цитатот од Фридрих Ниче: " Hope in reality is the worst of all evils because it prolongs the torments of man "
Целосно се согласувам со секој збор на @Bitter-Sweet Без надеж сме ништо. Кога сме во лоша ситуација, а не можеме да ја промениме секогаш се надеваме на подобро, така треба, така мора инаку тешко нас. Сите имаме лоши моменти/денови кога се ни е црно, ама се поминува и сите се надеваме на подобро утре.
Оние кои живеат во надеж се несреќни. Надевањето е губење време. Не се надевам на нештото, туку ќе го направам.
А додека нешто правиш, не се надеваш дека нештото ќе го направиш? Не веруваш дека ќе го направиш? Или само така си делуваш па што биде нека биде?
Се живее во моментот и се дејствува за иднината. Мене и да ми дојдат мисли на надеж (се поретко се случува), ги сосекувам од старт. Надежта води кон фантазирање, кое секако не ми врши работа (освен кога се занимавам со уметност). А кога би се надевала на нешто додека го правам, би го изгубила фокусот.
Генерално гледано, надевањето значи очекување на позитивен исход или исполнување на својата желба...но, подобро би било кога секој ќе се обиде свесно да ги менува околностите отколку да чека тие сами да се сменат...надежта ја дискриминира иднината...а, што знам, човек губи сила и кога премногу се надева, се исцрпува, ја продолжува голготата, го нарушува целиот животен ритам.... Ама сум негативна, бре, бабоооо...
Убаво ми е на душата кога сум исполнета со надеж дека во иднина ќе се случи тоа што го посакувам. Многу веројатно е нештата кои зависат од мене да се случат доколку напорно се заложам кон исполнување на истите. Но не е се во моја моќ, за некои нешта преостанува само да се надевам. А дали таа надеж ќе се оствари ќе покаже времето. Без надеж се изгледа некако бесмислено.
Во грчкиот мит за Пандора, надежта била сместена во истата кутија заедно со сите несреќи и зла кои постојат. Nuff said.
Се согласувам. Пример, сите на кои некој близок им лежи во болница, прашајте ги нив дали се надеваат или не. Или кога се самите на болнички кревет или во опасност некоја. Нема, значи нема човек кој не се надева на нешто колку и да сака да го негира тоа.
@sjdgo сигурно барем еднаш си се надевала на нешто дека ќе биде подобро. Зарем немаш надеж дека некои работи ќе бидат подобри? Надеж за подобро утре? Ако надежта е зло, тогаш секој човек има направено по едно злодело.
Ако не се надевав, досега ќе можев слободно да си се отпишам од факултет.. Постојано се надевам дека 200 страници може да се научат за два дена.. и знаете што, можело
@Bitter-Sweet, ти знаеш на сите, на секој човек што му поминува низ глава и како размислува. Кога некој лежи во болнички кревет, постои реална проценка околу неговата состојба, дали е можно да се спаси, или не и не помага тука никаква надеж, како што напишав, надевање е губење време. Јас можам да се надевам на средба со одредени dead people, и што со тоа? Сигурно нема да ми се оствари, значи тука можам само да си фантазирам кога ми е досадно или немам што друго да правам (религиозните поинаку гледаат на ова, знам ). Ако сум во некаква опасност, тешко мене да стојам и да се надевам. Мора брзо да се размислува и да не се троши енергија. @Stephen Amell, работам на тоа никогаш да не ми биде лошо. Ако се надевам дека ќе ми биде подобро, тоа значи дека сум дозволила да ми биде лошо, а јас одамна не се доведувам во такви ситуации.
@sjdgo незнам дали до сега си имала некој роднина кој бил на операција (ако не си имала, и да немаш мила), ама јас која секој втор ден сум со пациенти единствено им преостанува да се надеваат. Зошто? Еве вака: ти дијагностицираат ќила, сигурно нема да си речеш, готово е ќе умрам, туку ќе се надеваш дека ќе се излечиш. Сестра ми беше на операција која заврши неуспешно т.е. целосно оштетување на левото уво. Докторите ни објаснија дека ќе се направи на десното, и дека ќе почне да слуша. Дали при самиот неуспех на операцијата требаше да ја изгубиме надежта? Не, туку после година дена, беше на втора операција која помина успешно, и ете сега слуша со Кохлеар (апарат за слушање). Да ја изгубевме надежта прерано, можеби никогаш и немаше да слуша. Надежта не е никакво зло.
Надевај се на најдоброто, очекувај го најлошото - обично се водам по оваа девиза Ако се надевам дека можам да успеам во нешто, тогаш тоа чувство ми е движечка сила, мотивација што ме турка напред. А ако од старт сум безнадежна, тогаш како да станувам слепа пред сите можности и начини да остварам нешто, затоа што тргнувам со мисла дека не можам. Тие што се надеваат на нешто не значи дека имаат нереални очекувања, само ги води позитивно чувство за она што ќе се случи.
Успешните исходи се последица на акција, а не на надеж. Пациентот оди на операција, која може да помине во најдобар ред по неговото здравје, или не. Крајниот резултат не зависи од неговите надежи. А и, постои разлика од ентузијазам и елан, до надевање. Насловот на темата се однесува на живеење со надеж. Тоа означува беспомошност. Јас можам да кажам како се надевам дека нема да врне (бидејќи имам планови денот да го поминам надвор), ама тоа се надевам, е само фраза. Оти, голема работа и да заврне. Болестите се зло самите по себе, надежта која доаѓа со нив не врши никаква работа, најдобро да ги нема ниту нив, ниту неа.
Додека нешто правиш, сигурно се надеваш дека истото ќе ти успее. Нема шанси да не се надеваш дека резултатот од тоа дејствување ќе биде како што треба, исправен, посакуван. Посакувањето е надевање. Да се надеваш, не значи дека треба да седнеш со скрстени раце и да чекаш дека нештото ќе се случи само по себе. Надевањето во себе содржи и дејствување, а ако нема дејствување тоа е само нереална фантазија. Се запишуваш на факултет со надеж дека ќе дипломираш, се вработуваш со надеж дека ќе напредуваш во кариерата и сл. Надежта е очекување кое и не мора да значи дека ќе се случи во посакуваната форма.
Надежта го одржува човекот во живот. Што би било кога човек во тешка ситуација би немал надеж. Сите сме поминале некои тешки периоди и колку и да негираме сме верувале и сме се надевале дека сепак колку-толку ќе заврши се добро по нас. Се сложувам дека се случува често и човек лажно да се надева но без надеж не се живее. Дури и кога лажно сум се надевала на нешто тоа ме одржувало во живот. И сите се надеваат, дури и кога велат дека изгубиле надеж.