Секако дека треба. Надежта, оптимизмот претставува едноставно мисла и верување дека нешто ќе има посакуван исход. Тоа е универзално чувство и основен двигател во животот на секој чекор, при секоја ситуација. Не мора да е поврзано со религија, или пак да има улога на психата како во њу ејџ позитивна филозофија – дека самата по себе го повикува универзумот на твоја страна и магично го привлекува остварувањето на целта. Во такви работи (како вортекс на пример) ниту јас не верувам, но сепак надежта игра огромна улога, го поттикнува тоа дејствување кое е потребно да го преземеме за остварување на целите кои зависат од нас. Животот со апсолутно исфрлена надеж како чувство е далеку од цел кон која треба да се стремиме, напротив, тоа би била состојба на апсурд, нихилизам, депресија.
Благодарам за овој податок, не сум знаела дека и надежта била во пандорината кутија...значи и грците сметале дека надежта е зло.
Надежта е таа што не држи во живот мое мислење Затоа што кога сакаш нешто да постигнеш без надеж секако нема да успееш, ако немаш надеж на подобро тебе и да ти се дешаваат добри работи ти сепак нема да бидеш свесен затоа што си убеден дека готово е за тебе нема бел ден што значи немаш нада.. И кога е човек во депресија надежта игра нај главна улога кој пател од тоа знае.
@sjdgo дали некогаш си играла некоја игра на среќа? - ако е да значи тогаш сигурно си се надевала на нешто надежта е таа која е постојано меѓу нас точно е дека и некој пат сме негативно изненадени но после тоа пак викаш ај бе овој пат не бидна како што сакав ама друг пат ќе биде..
Многу битна работа е надежта, мислам дека генерално тоа и е разликата помеѓу оптимистите и песимистите. Да се надеваш дека тоа што го планираш, што го работиш ќе ти успее е многу битна работа. Не сме луѓето роботи и само да се испрограмираме за нештото да го правиме и "цепај" без емоции. Многу работи не би ни почнале без надежта за успешен исход. Барем јас така гледам на работите, се зачудив дека некој на надежта гледа негативно, како да е некој порок.
Надежта ја има кај секој човек, и затоа сите викаат ај белким утре ќе ни биде поарно, ај белким другата година ќе ни тргне, и така цел живот... Затоа викаме ,, надежта последна умира"
Надежта е убава, треба да се надеваме но не премногу. Бидејќи преголемата надеж може многу брзо да стане преголемо разочарување ако работите не испаднат како што сме сакале. Надежта мотивира, со неа се чувствуваме живи, со неа имаме волја да постигнеме нешто. Човек без надеж е мртов човек, тој нема за што да живее.
Како да ви се објасни дека не се надевам, туку знам, однапред проценувам како ќе излезе. Сум се запишала на факултет, знаејќи дека ќе го завршам. Во време кога секакви и никакви земаат дипломи, јас ли нема да земам? Разбирам како размислувате бидејќи имам искуство од разговор со луѓе, а и од времињата кога сум била помала. Меѓутоа, не се согласувам. Мене анксиозна состојба како надежта не ми треба. Се водам по поинакви шеми кои ми се продуктивни. Не сум по тие „спортови“, ама што е толку за надевање, вложуваш неколку десетици денари и или добиваш, или губиш. Треба да зависам од тие пари, за да се надевам, а таман работа да е така. Пример за небитна ситуација, како таа со дождот што ја дадов.
Затоа што ништо не можеме да знаеме однапред, затоа и се надеваме. Животот знае да не однесе и таму каде што најмалку очекуваме. Човек без надеж не презема никаква активност да оствари некоја цел. Несвесно, секој се надева, повеќе или помалку. П.С: Инспирирана од мојата моментална ситуација.
Долго мислев пред да одговорам во темата. Ама како и за многу работи, така и за надежта, мислам дека кога би била умерена - би била најдобра. Премалку надеж, безнадежност ме асоцира на ниска мотивираност за акција, живот, а од таму ме асоцира на апатија и самоубиствени тенденции. А од друга страна пак, премногу надеж ме асоцира на човек кој фантазира и не е дел од реалноста, има превисоки очекувања и често е соочен со разочарување поради истото. Малку или доволно надеж во ситуација ни дава доволно мотивација за да се бориме да ја исполниме целта, ама многу надеж ни дава нереално очекување после кое би се разочарале зошто реално не можиме да го постигниме, а пак со прениска надеж не би сакале да стигниме ни тоа малку кое што можиме. Така да ни премногу, ни премалку надеж, туку доволно.
Фразата “Се надевам“ не постои во мојот речник. Можам само да се надевам дека бројот на фармерките ќе ми се фати или дека јадењето убаво искочило, но не живеам со надеж или од надеж. Кога ја знам реалноста нема место за надевање, но и покрај тоа сум оптимист кој ужива во текот на денот и во животот.
Од мој агол гледано, од мое животно искуство проживеано, надевањето е само слабост, тргање на вистината, отварање пат на лагата, илузија во која некое време си ги задоволував маките, налик на нешто кога пикате под тепих па чекате подобри времиња за да го извадите на виделина....надевањето само ме закочи, ми одзема драгоцено време, наместо одма да започнев со решавање на проблемите и причините, јас се надевав во ништо...напразно е да верувам дека е она двигател на животот..реално треба да се гледаат работите...надата е пасивна кога треба да се одлучува а активна треба да биде кога ке имаш некоја идеја. Како и да е, секој размислува различно, но за мене надевањето, бидејќи е работа за идинината, ми делува на ефтин производ кој лесно откако ќе умре повторно се обновува и обновува...
Надежта е само оптимистичка состојба на умот која е предизвикана од очекување на позитивни резултати во однос на настаните и околностите во еден живот или во целиот свет. Всушност, можам да кажам дека човековиот вид ги сфаќа работите на многу ограничен начин и поради тоа не успева или не сака да ја види големата слика. Исто така, луѓето се премногу емоционални, приврзани за нивните желби кои во реалноста можеби им значат на нив, ама во поглед на се останато, не вреди ништо. Мислам, надежта за одредено постигнување, односно цел може да се види од реалистичкото гледиште дека луѓето се надеваат да постигнат одредени работи во нивниот живот бидејќи со тоа само ќе се чувствуваат дека нивниот живот и нивната дејност има значење, ама нема. Бидејќи во случај никој да не забележал, универзумот е толку голем, истиот функционира на начин што најболното нешто кое човекот треба да го научи е дека ништо не е важно и дека ние сме несуштински; Сите ние сме само преку-еволуирани потомци од мајмуни кои се наоѓаме на една карпа која лебди низ вселената и од моментот на нашето раѓање почнуваме да умираме поради клеточно оштетување. Колку пати само сме погледнале кон ноќното небо и сме се загубиле меѓу сите тие ѕвезди за да сфатиме дека сме толку мали и незначајни. Всушност, ние само го гледаме минатото на ѕвезденото небо, знаејќи дека ѕвездите кои ги гледаме сега се веќе мртви бидејќи на светлината и се потребни милиони години за да стигне до Земјата.
Човекот дејствува онака како што мисли, исто како и што го добива она што силно го посакува. Јас стојам на овој став и со тоа ја оправдувам надежта. Но до степен каде би ми била водечка сила кон исполнување на целта. Она што не го оправдувам е седењето во место, чекање и надевање да се случи нешто самo по себе затоа што ете ако било пишано - ќе се случи.
Бабе, да не мислиш на L. Ron Hubbard, основачот на Скиентологијата? Не го знам цитатов од него, а и малце чудно ми падна, особено затоа што човекот направи куп пари од надежта на наивни луѓе дека неговата „религија“ е вистинита.
Отсекогаш имало и ќе има надеж помеѓу човештвото. Најголем двигател кај повеќето луѓе е токму надежта. Многу луѓе станале успешни зашто се надевале, имале надеж дека ќе успеат и покрај сите пречки и падови. За да имаш позитивни мисли, треба да имаш и надеж.... Покрај тоа што напорно ќе дејствуваш за некоја работа, секогаш надевај се дека ќе успееш. П. С. Скоро сите доктори кажуваат да имаш надеж... Нормално тие прават се што е во нивна моќ, ама му кажуваат на пациентот да се надева и да мисли позитивно, за да не падне во депресија. Надежта не е ни фантазија, ни реалност туку моментална состојба што ти дава поттик во животот.
Надежта никогаш не врти грб. Ти самата на себе си можеш да си свртиш и да мислиш дека и таа ти свртила. Само кога ќе погледнеш во длабочина на сето зло и ја видеш надежта треба да ја приграбиш веднаш. А доколку го избегнуваш соочувањето со злото тогаш тонеш подлабоко и нема ни да ја видиш надежта. Во секое зло има добро.
Овој има исто презиме ама името му е Elbert Green, амер.писател..што се однесува до сциентологогијата, имав прилика да видам како работи центарот тука кај нас во Скопје..знам многу, но не е темата за тука.