Sekogas see nadevam,I sekogas sum si razocarana(na luboven plan)taka da veke nemam nadez za nikoj.izvinete sto nee pisev na mkd.podrzska.
Не. Од таа надеж лугето се разочарани најмногу . Јас повеке налагам да се биде реален , и прилагоден на реалноста , не на надеж (фантазија)
НАДЕЖ МИ Е ИМЕТО Не можете да промените никого,освен самите себе.Секогаш надевајте се на најдоброто,но продолжете да го живеете животот без оглед на се,каде што расте надежта цутат ЧУДАТА. Да живеете без надеж е како да престанале да живеете.
Човек треба да се надева. Надежта не руши сонови, туку мотивира и влева верба во сопствената способност, талент и среќа. За мене лично ништо не би имало смисла доколку не се надевам и не верувам дека јас таа цел можам да ја достигнам. Секако, не е доволно само да се надеваш. туку треба и труд да се вложи, но тоа е одделна тема. Мислам дека повеќето тука ја мешаат надежта со очекувањето, затоа и се разочаруваат секогаш кога нешто не се одвива како што замислиле.
Оваа година ми се случија нешта на кои никогаш не сум помислила дека ке се случат и за да ги преживеам ми требаше надеж, многу надеж и верба во Бог. Надежта не ми беше потребна само на мене, требаш да ја давам и на мојот дечко кој се бореше со ракот.Кога се наогаш во ситуација помегу смрт или живот потреба ти е надежта за да можеш да се избориш.Двајцата се надевавме дека се ке помине и ке остане зад нас.Да не беше во нас надежта и вербата за подобри денови, можеби немаше да се бориме. Така да, ДА треба да се живее со надеж.
Надеж Ако нема надеж, нема живот Јас од секогаш сум се надевала и се надевам не за некои озбилни работи или да си зацртам нешто во главата па да се надевам и да не ми се исполни значи за такво нешто немам надеж. Надежта за да живеам е тука, се надевам дека ќе има подобро утро и да нема јас ќе направам за мене, да живеам подобро. Искрено ако до сега не сум се надевала бар и за некоја мала работа немало да бидам тука. Моите блиски, заради нив имав надеж и ќе имам.
Без надеж нема да постоиме и ние.Надежта не држи во живот.Се надеваме утре дека ќе се разбудиме,се надеваме дека ќе ќе бидеме здрави,па се до надежите дека ќе се случат чуда.Ако нема надеж,нема ведрина,нема смеа,нема смисла животот.Таа постои, независно дали ние сме ја створиле како продукт,или постои како засебен фактор независно од нас.Убаво е да се надеваш.Во една прилика имав можност да слушнам,дека надежта умира последна,дури 40 дена по човековата смрт.Можеби не буквално,ама симболички така е. Надежта е ѕвезда водилка во неизвесноста...
Честопати сретнуваме луѓе со многу разочарувања кои полека ја губат надежта. И од тука си го поставувам прашањето, што би бил човекот доколку не се надева? Секој во својот живот има лоши моменти, падови но сепак надежта е таа која не одржува во живот. Како викаат, надежта последна умира.
Надежта е убаво чувство кое ми дава волја за подобро утре. Смислата на животот е во вербата дека можам да успеам за мое добро. Успехот значи труд и работа. Надеж без лично залагање е празно очекување. Кога е поткрепена со реалноста помали се можностите за разочарување.
Поубаво се живее со надеж,верба,љубов,скромност,кроткост,смирение,трпение,опростување,духовно,душевно богатство од кои произлегува секое добро,,,,одколку со желбата за материјално богатство,поседување,моќ,владеење,корист,слава, алчност,луксуз,сласт,омраза,гордост од кои произлегува секое зло...
Јас сепак мислам дека надежта не треба да се губи. Како што рекол Томас Едисон: „Јас не да не успеав, јас пронајдов 10 илјади начини кои не можат да проработат“. (јас преведив оригиналната мисла е: "I have not failed. I've just found 10,000 ways that won't work." Надежта е како позитива. Некои го сметаат тоа како залажување но таа е всушност една свеќа која не треба да се изгасни. Таа секогаш постои, и кога ние мислиме дека ја нема.
Надежта неретко ми помогнала полесно да пребродам некои премрежја низ животот. Не сум некој кој лесно губи надеж, но, има еден многу побитен момент, а тоа е реалното согледување на нештата. Убаво е да живееш со надеж, можеби е и еден вид мотивација за подобра верзија од себе, за подобро утре, за поуспешна иднина, но лошо е кога само напразно се надеваш, а не превземаш ништо околу тоа. Практично, живееш со надеж за илузии и тоа е лошо, зашто тука веќе целата надеж одамна преминала во заблуда.
Дваесет и кусур години живеам со надеж,ама сега нај веќе ми треба Ако нема надеж нема ни поубаво утре! Викаат,надежта последна умира
Некогаш многу одамна, еден човек бил осуден на смрт од страна на кралот. За да се спаси го молел кралот на колена да му прости и да го помилува. Му ветил на кралот дека ако не го убие за една година ќе направи неговиот коњ да лета. Кралот размислувал и одлучил да му даде една година рок, но му рекол дека ако не го стори тоа дека ќе го убие кога ќе помине една година. Подоцна членовите на семејството на оној кој бил осуден го запрашале како може да се надева дека ќе го натера коњот да лета. Човекот одговорил: – За една година можеби ќе умре кралот, можеби ќе умре коњот или ќе умрам јас, а пак на крајот можеби тој коњ и навистина ќе полета. Порака: Се додека има надеж ни најголемото страдање не може да го уништи човекот, зошто надежта секогаш не одржува, не поттикнува и ни кажува дека утре ќе биде подобро. Дури и оние кои што немаат ништо можат да имаат надеж, а кога имаат надеж тогаш имаат се.
Некогаш е потребно е надеж (фантазија ) барем на момент, да си кажеш на самата себе дека се ќе биди во ред, иако знаеш дека нема. Ама нека биди еден момент со надеж, онака малце насмевка на лицето.
Секој ден е нова надеж,нова борба,за подобар ден,за подобра иднина,подобар живот.Не е лесно тоа е факт,ама мора да се живее,мора да се бориме до крајот на животот.