Моите 'добри' родители ме инспирираа за темава..И едниот и другиот се даааалеку од родители. Откако знам за себе не седнале да ми кажат еден убав збор,да седнат и да ме советуваат за нешто,да ми кажат ова е добро,а ова не. Нив само нешто не им чини,а не се виделе себе си. Прво не се поднесуваат себе си,друго се крајно себични. Не знам каков е тој родител што јадењето би го изел сам,а не оставил ништо за своите деца. Татко кој секој ден е по кафани и за таму има пари,а за децата не. И мајка која секој месец има нешто ново за купување за себе,а за децата не. Јас и сестра ми не живееме,преживувамее!! Поради некој вакви причини мислам дека нема секој право да има дете зошто лесно е да го направиш,ама дојди одгледај го после.Воспитај го! Обезбеди му го секое едно нешто,или барем неопходното!! Пружи му љубов!! А не напрај го и фрли го после,остави го по домовит,на улица. Или нека се мачи да живее со родителите кои секој ден се мислат како меѓу себе да си наштетат!! Спојлер Мислам дека ова е вистинската категорија за темава,ако не е нека ја преместат администраторите
Вистина е дека некои луѓе навистина немаат развиено родителски инстинкт. Но тоа не би требало да биде причина за да ги немаат. И покрај тоа што мислам дека некои луѓе не се однесуваат како родители,не сакам да осудувам,бидејќи не сум бил во ваква ситуација.
Кога го прочитав текстов се прашував дали сестра ми отворила профил и го напишала ова.. е да ти кажам право пооооотполно исто е и кај мене.. мајка ми без игла не се враќа од дома а за мене и сестра ми? да не зборам!! татко ми? исто... сите пари на коцка ги стави ниту може факултетот да ми го плаќа ни на мене ни на сестра ми ...3 пати се ожени и направи 4 деца.. од тие 4 деца само оваа најмалата ја има 5 годинки а она сирота што е крива? само да се прават деца он не беше способен нас трите да не држи а не па уште едно.. не се сеќавам кога последен пат ме има прашано дали сум јадена и дали ми фали нешто или дали имам некој проблем? Знаеш како преживувам? си го гледам мојот живот си гледам да си застанам на мои нозе да го постигнам тоа што го сакам затоа што ке дојде ден ке бараат и двајцата чаша вода
Секој има право да биде родител, тоа е можност што не смее да му се одземе на човек. Но некои дефинитивно незнаат да го ценат тоа, незнаат колку се среќни со тоа што го имаат очигледно. Мислам дека се е до родителскиот инстинкт, а некои можеби не се подготвени за улогата на родител. Незнам... Навистина комплексна тема, тешко може да се изрази мислење, најмногу затоа што јас не сум мајка, не сум била во случна ситуација. И сепак не верувам дека постои родител што не си го сака сопственото дете.
Секој има право да биде родител, но не секој е способен да биде родител! Не секој е доволно човечен да да се одкаже од многу свои потреби за сметка на потребите на сопствените деца. Детето не е играчка, е поентата да го направиш-родиш и после само да си се води низ животот. Постојат многу родители кои не го заслужуваат тој епитет родител, кои ни најмалку не се грижат за своите деца, кои нивните желби и потреби им и се предсе. Многу е жално и многу пати и неправедно што баш такви нечовечни и несовесни луѓе ја имаат таа привилегија да бидат родители, а луѓе кои навистина заслужуваат да уживаат во доблестите на родителствотои навистина сакат потомци ја немаат таа среќа, неможат да бидат родители.
Чешка во шок! Мајка си ги избодела своите деца, па потоа ги задушила Чешката нација е во шок поради невиденото убиство што се случило во источниот дела на земјата, кога мајка со нож ги избодела своите четири деца, а потоа ги задушила. Едно од најсуровите брутални злосторства во Чешка се случил во петокот, но медиумите во Европа почнале денес да пишуваат за тоа. Чешката полиција во меѓувреме објавила дека се сомнева во 36-годишна мајка за убиство на сите четири деца – две момчиња и две девојчиња. Полицијата ја пронашла жената во бесвесна состојба цела во локва крв и со убодни рани. Се претпоставува дека сакала и да се обеси. Со хеликоптер итно била пренесена во болница. Убиените деца имале десет, осум и седум години, а најмлалото имало само два месеци. Бебето било дете на партнерот со кого осомничената мајка живеела. Тој го пријавил убиството во полиција. Аутопсијата покажала дека децата прво биле бодени со нож, а потоа задушени. Мајката, чие име не е наведено, се наоѓа во болница под строг полициски надзор. Во неделата официјално била обвинета за четири убиства, и следува казна од 15 до 20 години затвор. Спојлер превземено од popara.mk
Тепањето, менталното малтретирање и утепувањето настрана, тоа се монструми луѓе и не ги сметам за родители макар што направиле дете, ама и те како има толку себични родители да и на нив би им го одзела правото да се нарекуваат така. Меѓу нив и моите. Ние бевме сиромашно семејство, три деца. Мојот татко беше мајстор и поработуваше што има за пари, ама беше светски пијаница. Мајка ми немаше свои пари па си траеше да не јаде ќотек оти многу знае, а тој цели денови ќе пиеше, не се ни отрезнуваше цела недела. Ќе испие и ќе измоча со извинење, а за децата има ли или нема не му беше гајле. Ден денес си имам проблеми со ноктите на стапалата од носење чевли премали за мене. Немавме ниедна играчка, ни кукла ни мече ни количка, ништо. Импровизиравме кога бевме деца и си правевме бебиња од пластични шишиња повиени во крпи. Како поголеми си игравме летечка чинија со капак од пластична кофа. И работевме, од мала нога работевме, на 6 години деца да работат тутун! Тато мајсторот ни направи мали мотички за да можеме и ние да копаме. Па на лето по цел ден си нижевме. Само тој одеше на лекар оти беше нон стоп „болен„. Еден од изговорите што пиеше по 8-10 пива на ден е дека му е за бубрезите оти го болеле, па да ги испере. Јас нагазив на шајка, ногата ми отече, ни тетанус вакцина ни ништо, со топла цигла ќе му помине на детето. Брат ми падна играјки со комшиските деца и толку ја расече ногата што требаше да е шиен, не го однесе. Ништо им на децата додека господинот одеше за себе по лекари и за атлетско стапало. Гладни не сме биле, за леб, ама желни и тоа како. До осмо ајде не запишувале за храна, по едно ѓеврече и со шарена сол си го топевме за да има вкус на нешто. Сме стрвувале за сендвичи и тостови и буреци што децата јадеа околу нас. Банани и портокали се купуваа исклучиво за бадник. Газиран сок само за слава. Веќе не се живееше со него од 18 години оти не падеше од дома дека сме полнолетни биле, кој како стана 18 тој ни бараше ќирија. Сите тројца се разбегавме кој на каде видел по цела Европа. Откако се иселивме(избегавме) и тоа што пофаќаше од работа престана да работи и чекаше да му праќаме пари. Па зашто сум чувал јас деца за ваков човек на стари години да се мачам (тоа го рече на 45 години, да се крсти човек со левата рака)? Сите сме излезени меѓу 10 до 15тина години досега од кај нив, до ден денес немаат изразено желба да појдат да видат кај им живеат децата, па и внуците од брат ми и сестра ми. Само на пари од нас се чека. Така му праќаа пари сите па и јас, бараше давав, тој продолжи да пие како луд со тие пари, и јас престанав да му праќам. Другите од своите деца делат на него му даваат, јас само на име на мајка ми, оти ја жалам жената што остана сама со него. Ако и ги зема тоа е веќе нејзино да си среди, јас знам сум и дала, ама на него лично не можам да му дадам ништо повеќе, освен да го закопам кога ќе умре. Ако не ми текне за инат оти знам не сака така, да го пратам во Белград да изгори во крематориумот. Тоа е тоа, сигурно на некој со нормални родители не му се верува какви има по свет, некои работи и не спомнувам тука од родителите мои убави, ама ете и они успеале деца да исчуваат па...ај, жива среќа што еден ден пораснеме па имаме избор да се тргнеме од такви.
па дури и оној што си ја чуваше ќерката во подрум 20 години, ја силуваше и и направи дете ? не би рекла!
Жалосно е што навистина секој има право да има дете. Понекогаш е неправедно кога ќе видиш како некои психопати се котат ко глувци, а некој брачен пар што ни на мравка не гази неможе да има деца 10 години. Па првиве ги дрогираат, колат и злоставуваат децата, а вториве животот би го дале за да имаат дете и да му пружат се најдобро. Не е праведно, и, да, можда секој има право да има дете, но не секој го заслужува тоа дете. Да се прашувам јас, пре сум за тоа право да им се пружи на луѓето од геј популацијата, кои сакаат дете и кои би му ја пружиле сета љубов на светот, отколку на некој хетеро-психопат кој ќе се изживува врз децата.
НЕ не баш секој има право да е родител ... Зашто не баш секој знае да се постави како родител... Баш поради тоа што секој си зима право да прави деца има еден куп деца оставени сами на себе уште од мали нозе. За да се биде родител треба да се има одговорност љубов и почит спрема тие деца, а не направи го го па ај само ке се снаоѓа ... Пример со татко ми , ме направил и не чекал ни година да наполнам си продужил по кафеани и да ја малтретира мајка ми.. Сега фала богу избеган е некаде од државата а и покрај тоа го немало никад ни да се јави барем гласот да ми го чуе. И што тој залужува да го крунисам со титулата родител ? НЕ Животот ме доведе на таа патека кај што еден човек што ни ме знаел ни познавал нит ме одгледал да се постави како татко спрема мене еепа ај како оној првион да го кажам татко ? Кај луѓе што е развиен родителскиот инстинкт имаат и те како право на деца и такви луѓе и треба да бидат крунисани со тој благослов, ама не и таквите кои си мислат за себе а за децата уво да ги боли па ни тоа ...
а како ќе знаеш дека некој нема право да има дете објасни ми?како ќе дојдеш до тој заклучок?јас на овој психопатов би му забранила да праи деца да ова е ектремен случај.... но на некој кој досега немал деца,како ќе му го забраниш тоа?според што ќе заклучиш дали треба или не треба?
Неможеме никому нит да му дадеме право нит да му одземеме право да биде родител ... Општо , правно не е можно тоа ... Само збориме за она право од аспект на психологијата, моралот итн. За жал можеме да осудуваме ама не и да го спречиме ваквото нешто (ни теоретски ни практично)
Секој има право,секому му е дадено тоа право,и баш тоа е она жалосното.Дали заслужува да биде секој! Јас би рекла не. Затоа што има родители монструми.Кои си ги силуваат сопствените деца,ги тераат да питачат,ги тепаат,итн...сведоци сме какви монструми-т.н.родители има. Не само оној кој малтретира физички не заслужува,туку и оној кој псхички повредува.Зошто некогаш тоа боли повеќе од физичкото. Родителството е дар,благодет...И како што реков-не за секој.Нема право невино суштество т.е. дете,кое впрочем е негова крв,да го малтретира,омаловажува ,да се изживува без причина. Животни!
Едит-Ете за што зборувам Се наметнува и друго прашање,каде била државата?Кој е крив?Во секој случај жалосноооооо http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?m ... ntId=79789
Eдноставно на некои луге не ги бива да бидат родители,се наежувам кога ке видам мајки кои се понашаат исто како да немаат деца,ги оставаат на баба и дедо и шетаат по дискотеки секоја вечер
некои родители навистина не заслузуваат да бидат наречени родители татко ми(човекот што ме створил) е добар човек, фин, гризлив, но има една маана а тоа е алкохолот немал од кого да учи што е татко, бидејки дедо ми покоен(татко му на татко ми беше ист ко него дури и полош од него во некои моменти) незнам баба ми како го поднесувала толку години во брак, а и се восхитувам и на мајка ми како го поднесува татко ми, т.е. како останала да зивее со него за психичка тортура навреди, јавни понизувања да не ви зборувам-мозете да претпоставите и на мене и на брат ми, со еден збор не е зивот туку секојдневен пекол, и многу пати сме разговарале со мајка ми да се разведат, ам се некои изговори се наогаат(пари се немал за адвокат, на работа не било како што треба) само не ми е јасно до кога вака