1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Треба ли секој да има право да биде родител!?

Дискусија во 'Дете' започната од Squirrel, 4 септември 2011.

  1. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Да, да секој има право да биде родител ма како не |(
    Кој знае што се имало претрпено ова дете од својот РОДИТЕЛ па го направил овој чекор

    http://www.time.mk/read/6cb2c752a3/9880 ... index.html
     
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Со закон, секој има право да има дете....но не знам кај е тој закон кога тоа право мора да биде одземено. Зошто се казнуваат само децата кога ќе направат нешто се и праќаат во казнено поправен дом. Жалосно е што има родители кои на секој можен начин ги малтретираат своите деца, а тука ни полицијата не е надлежна. За случајот на братучетка ми во полиција ми го кажаа баш тоа, ние ништо не можеме, поднесувате пријава, ние го опоменуваме и толку.
    И не само за насилство, не би требало да имаат право да бидат родители и оние кои место со љубов, своите деца ги опсипуваат со пари и се им удоволуваат. Да не ме сватите погрешно, знам дека секој сака да ги задоволи сите желби и потреби на своето дете. Но, јас овде зборам за задоволување наместо посветување време внимание, љубов. Родители кои едноставно се преокупирани со се останато освен со своето дете. Детето болно таа/тој оди на пат(не службен) онака од ќеиф..шах, викенд, шопинг во солун.....
     
  3. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Секој има право, но не секој заслужува! :!:
    Еве по телевизија, по интернет, по вести што не слушаме...ги силувале децата, ги тепале, ги злоставувале, ги дрогирале! :o Абе незнам кој монструм треба да си за да го дрогираш и силуваш своето дете бре ејј! :fubar:
    Има и случаи каде што родителите премногу ги разгалуваат децата, на 6 години ботокс, на 7 силикони, ма немаат памет бре луѓево денес! :x
    А некои луѓе кои се добри како леб, кои се би направиле за детето и никогаш не би викнале, а не пак би удриле дете а неможат да имаат деца.
    Ги жалам тие деца, утре ден ќе бидат со трауми и големи психолошки последици заради некои неизживеани.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  4. StarBwoyy

    StarBwoyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    98
    Секој има право да добие шанса да стане родител,а секој да биде родител неможе.

    Тоа е природно право,но поголемо право е само оној кој е самосвесен што значи родителство,грижа,прегратка,утеха,гордост,пожртвуваност да смее да одгледува дете...Да не заборавиме детето е слика на своите родители,и каква слика би било тоа дете кога би било израснато од несовесни родители...

    (Секако не генерализирам,дете израснато без подршка од своите родители го ценам повеќе од се)
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Јас предлагам да се стави со закон да нема секој автоматско право. Туку да аплицира, пиши и потпиши :lol:
    И вака го гледам тоа како би одела работа. Спремаат потенцијалните мама и тато некој документ во суштина како бизнис план. Волку ни е платата, онолку заштедата, цената на чување дете е волку и онолку(нека направи некој таму статистика и нека постави со закон минимум граници месечно по години). Во случај на финансиска криза ќе се стават на пример потенцијалните баби и дедовци како гарантори дека ќе го издржуваат детето...и законски дадено заклетва, за сите критериуми потребни, потпис од сите на купче, некој стручен разгледа(отворив работно место) и ако одобри, ајде во кревет на правење(мама и тато само, не сите на купче за ова)!

    Откако стигне детето на свет да треба обавезно некој од социјални работи ненајавено да посетува, не знам еве, во годината еднаш и да ги оцени условите во кои детето расте, како е третирано дрн дрн, има ли облека, млеко, модринки... не да се чека од комшиите да пријават ако има проблем. Уште нови работни места отворив. :^)

    Па потоа во училиштата редовно да посети исто некој од социјални работи, децата разбираат многу кога одат на училиште, и нека поставува прашања индивидуално, да оцени дали некое дете всушност има шанси да е третирано не баш ко што треба, да го издвои и одлучи и по потреба да направи вонредна ненајавена посета дома. Доколку согледа проблем, како на пример фали јадење, или мајката е отечена од ќотек, таткото мортус пијан....да доаѓа почесто изненадно да се увери дека тоа не се случило исклучиво само еднаш.

    Казните како казни за секое кршење против закон ги оставам на друг да му текне што да бидат. Ама по можност најстроги оти тука за дете се работи, не за украдена кола. Па тогаш да видиме дали секој ќе раѓа онака од ќеф и за да има животина дома на која ќе се изживува и ментално и физички за своите сурови потреби оти смета дека го има тоа право оти тој ја создал. :fubar:
     
    На Squirrel и Doozy им се допаѓа ова.
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Како бе секој има право да биде родител?На што личи тоа?Да се изживува врз своите деца,да ги тепа,да ги малтретира,да не ми дава јадење?Тоа ли е право? Не секој знае да го третира детето како што заслужува.Каде живееме ние?во кој век?Во време кога родителите ги силуваат своите деца?им даваат дрога?ги тепаат?Имаат my ass.
     
  7. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    шо не ке видиш ... дали сеуште е детето во рацете на кучкава ?? :x
     
  8. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Кога болните луѓе кои се сместени во болницата Бардовци мозат да имаат деца, зашто останатите да не. Јас со свои очи имам видено кога бев кај моја блиска роднина која работи таму, фатени за рака се шетаат, се приметува дека не се во ред и двајцата, ама битно таа бремена со стомак до заби.
    И што понатака да збориме??
    Секој ке се праша, што после со тоа дете, каде ке заврши итн итн...
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Секој има право да биде родител а дали е способен или не е, дали заслужува да биде родител или не заслужува, е тоа е друга приказна.
    ,,Таквите родители,, не се свесни колку боли кога утре детето ќе ти заврти грб. Твое чедо ќе ти направи голема рана и нанесе болка од која нема никогаш во животот да се ослободиш.
    Некои луѓе навистина не заслужуваат да бидат родители, но како сееат така и ќе си жнеат. Само Бог нека им дава сила и трпение да се оформат во прави здрави личности и да сами застанат на свои нозе
     
    На Squirrel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    е да си ми жива и здрава ....тоа е проблемот ....кај нас ....имаме социјални работници чија работа е баш ова,ама за жал тие ништо не работат...додека на запад социјалните работници редовно ги посетуваат фамилиите и прават анализи кај нас ништо тоа не се прави...тука и мислам дека лежи одговорот.
    Треба да работат повеќе ,да ги посетуваат фамилиите,да прават анализи и тестови и да видат доколку во некоја фамилија едниот од родителиоте е психички растроен или има потенцијал за лош родител кој физички ќе ги малтретира децата да му се одземе родителското право.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zgozelec

    zgozelec Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Интригантна тема. Може или не да се биде родител?
    Се изначитав разни работи некои ги прескокнав несогласувајки се со се и сешто,во стилот закон и аплицирањеи...А кој ќе работи не одлуката пок човек кој може да е понесаглам од тој што би аплицирал или компјутер-глупост.
    Совест,совест е единствен критериум за брак и деца а никој и не напомна прилики-неприлики социо-политичко-економски.
    Јас сум родител на две за мене прекрасни деца средношколки и го добиваат тоа што со разум го бараат,со други зборови се живее во доба хармонија. Да не идеализирам нема никаде подмачкано,но во рамките на можностите не им е скратено ништо.Добар другар сум и се е потоа,но?
    Е тоа НО? е лошо и опасно. Зошто?
    Кога би се вратил дваесетина години наназат не би се женели или барем не би се решил на свет да донесам две прекрасни суштества кои ке се мачат зашто нема да можат да добијат ни приближно колку што би требало. Се водам со она Кинеската “биди задоволен со тоа што го имаш во моментот“ да во ред е,така и ги воспитувам но колку сакаш покажувај го патот во еден момент некоја од “гумите“ ќе издиши малку па ке скршне.Што тогаш? Пак по старо знаеш ова...она...вака...така...
    Не се само родителите криви најголем кривец е институцијата Држава. Ако има уредни и применливи закони за заштита на деца .семејство и сл. тогаш ќе биде ок. Но вака Господ напомош да им е на одредени деца. Не сакам ни да помислам што се би направил да знам некој да згреши со дете...
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Добро јас она со аплицирањето малку со хумор, оти нели нема законски критериум за кој смее а кој не да има деца. Работата е тоа, што секој има право да направи дете, и нека повелат, ама што сите ние се нервираме е тоа кога ќе видиме дете малтретирано од страна на несовесен родител и се осеќаме беспомошни затоа што едноставно сме, а таа државата, што на хартија има луѓе одговорни да заштити вакви деца, им плаќа секој месец ко на поп, ама овие пет минути не даваат за тие деца.

    Згозелец, секоја чест што си добар родител за твоите ќерки, и верувам го знаат тоа. Со тоа што го рече како би размислил пред дваесетина години кажува колку се жртвуваш за нив и се трудиш да им обезбедиш се што им е потребно. Добар родител никогаш не мисли дека има дадено доволно зашто ја има желбата да даде повеќе од себе за нив. Макар што јас тоа не го имам видено во мој родител(си кажав во постот на страна 1), јас сепак знам дека така треба родител да биде, а затоа што знам дека така треба, можеби од страв дека јас не можам да бидам тој родител, можеби потсвесно тоа ме тераше кон одлуката да не донесам деца на свет.
     
  13. zgozelec

    zgozelec Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Имелда многу поздрав сега го прочитав набрзина и ти пишувам набрзина нешто-покасно повеќе.
    Немој ни најмалку да сње водиш со тоа кој бил со тебе таков ќе бидеш.Има и такви кои какви се родителите продолжуваат децата но има и други кои се учат на гршките на претходниците,па биди ти до онаа друга група. Да имаш цел и обврска за што да живееш,бориш нешто што би те исполнувало е големо богатство иако ја се водам со некоја моја филозофија колку пари толку здравја. Едно без друго не оди барем не во овој проклето комплициран свет,но без разочарување смени ја одлуката и че ти се смени и животот мислам на подобр.
    Познавам и дури имам и блиски кои имаат деца разведени се и функционираат застрашувачки добро-човек да им завиди. Само треба секој да се пронајде себеси и да се вклопи во семејството кое мислам дека е најважно до моментот на разделувањето.
    поздрав до сите и иако јас тогаш би го направил тоа што го кажав-пишав сепак е заклучок дека од друга страна не би доживеал моменти кои и на смртна постела че ги паметам аи на ...
     
  14. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Ги прочитав скоро сите ваши случки и многу ми е жал за тие што немаат добри родители..
    Иначе сите имаат право да бидат родители, но не заслужуваат!
    Моите родители се најдобри на свет! Ги поштувам во секоја одлука им помагам и они мене, ме советуваат и успеаа да пораснат 2 деца (мене и брат ми) онака како што треба и се гордеам со нив!
    Татко ми не пие алкохол, не пуши. Мајка ми пушеше али више не. Јас не пушам ниту брат ми..
    Не сме богато ниту сиромашно семејство, се случува некогаш да немаат да платат сметка, но затоа јас сум тука да им помогнам.. А све што ќе посакам добивам, но не одма :!:
    туку ме оставаат да размислам дали стварно ми треба или не ми треба..
    и сакам да ви кажам дека ако сите родители се како моите се би било подобро ;)
     
    На zgozelec му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Нетреба да има секој право да биде родител


    [​IMG]


    [​IMG]
     
  16. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185

    Незнам што да речам да земам дали да пишувам ке ми треба роман да напишам ! Ама некогаш и некои околности влијаат на некои работи во животот тоа не треба да го занемариме . Што ако настапит психичко растројство кај едниот родител после некој период на пример кога децата имаат 12-13 години , а дотогаш тоа семејство функционирало да речам нормално ???????????Не зборувам за АЛКОХОЛИЧАР родител нити за КОЦКАР нити за ДРОГИРАН родител Зборувам за заболување од типот на штзофремија-параноја!?!?! која настапила покасно !Сега прашанјето за другиот здравиот родител е страшна дилема дали да се тргне со децата или да остане со својот партнер и во добро и во лошо ?!
    Ајде кажете што мислете за ваков тип на родители , а ги има многу !?!?
     
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    НЕ! Не треба, точно. Но, од друга страна, само прочитајте колку прекрасни, цврсти луѓе има по форумов, кои баш заради родителите се тоа што се ?! Јас лично и покрај сите фрустрации, можам да кажам дека сум благодарна за перспективата која ја имам добиено. Ако не било тоа, сите тие работи низ кои сум минела и минам, верувам дека немаше оваа Дузи да стои пред вас.

    Е, мојот татко на пример. А, бе, татичко, упм. За матура ми даде 300 денари, шминката и косата не можев да си ги платам со тие пари. Виц. Не ме прашал дали имам за јадење, дали имам да испаднам, чевли и облека, да не правиме муабет. Сва среќа што мајка ми и сопругот (очув, како во шпански серии ова :D ) ми даваат се што треба. Ако чекав од него, ќе дочекав.

    Материјалното не ми е и толку битно, имам што ми треба. Неговите болни психички идеи и замарања се тоа што ми го комплицира животот. Не ми дозволи да одам на погребот на дедо ми, на сопствениот негов татко. Не чинеле. Сите не чиниме, тој чини. Еве, чекам да ми се јави да му кажам дека имам нов број. Страв ми е дека ќе збесне заради тоа, како тоа сум го сменила бројот. КАКО ТОА, хелоу, број да се смени, Боже чувај не. Мислам, кој нормално воопшто се замара со тоа. |(

    Само, не знае човекот дека, не отидов на погреб затоа што ми забрани, туку затоа што не сакав да им правам проблеми прво на домашните, потоа на тетка ми. Заборава дека еден ден јас него нема да му отидам на погреб, а да дочека чаша вода од мене... Е, виц, уште еден. :D Не знам зошто така прави, си има негови чудни ставови, ама кога би минел низ некој тест за проценки, дали има право да биде родител, ќе го положи со 0 бода.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Soco, зависност за жал се лечи многу потешко од било која психичка болест. Да се одвикне човек од алкохол, хероин или коцка, за тоа воља треба, не само медицинска помош. А ако таа воља не доаѓа од љубов за децата, што има поголемо дека ќе ги натера да се откажат?

    За психичко растројство според мене не треба да има дилема кај здравиот родител ако болниот не сака да се лечи. Потполно истото мислење го имам и за алкохоличарите де, или лечи се или капут па уништи си го твојот живот како ти е по ќеф така. Ама за жал здравиот родител не секогаш превзема мерки оти што знам, може полесно им е само да се фрли вината на проблематичниот родител, отколку да ја превземе ситуацијата и да се бори.

    Ако психички болен сака да се лечи, тогаш здравиот родител може да помогне со тоа што ќе биде 100% сигурен дека лековите се испиени, оти во речиси сите случаеви психички болните сами решаваат дека им е подобро без да ги пијат и тогаш добиваат пресврт па болеста ги повторно надвладее. Доколку болниот е стигнат до тој степен да претставува ризик за семејството, тој ќе биде ставен во институција додека му се стави состојбата под контрола со лекови, а во таа институција ќе стигне ако здравиот родител превземе мерки. Ако „улав„ народски кажано почне да крши по дома, викни помош, ќе дојдат да го соберат, болен е така го тера. Ама пијан кога крши и се дере низ дома - сите ќе ве убијааааам, никој нема да дојде, додека стварно не проба да убие некој.
     
  19. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    Јас само сакав да по сочам дека супер родители одеднаш можат да станат хорор за децата бес тие да се свесни за тоа ! е тогаш децата нити криви нити должни ги трпат последиците , а кого тие да обвинуваат за родителска негрижа ??? дали децата ке се силни да се носат со таквиот живот ???? Јас овде гледам дека децата само ги обвинуваат родителите за се и сешто и ЈАС тоа го правев кога бев дете ама сега како родител свакам некои работи и од друга преспектива ги гледам работите ! Срека моја е што моите деца немаат таков хорор дома ,а за тоа колку можам финансиски да им дадам се што сакаат за тоа треба да се разумни ! Некогаш родителите немаат пари да ги финансираат нивните потреби и тоа ако се работи и за факултет ! што да прават да крадат за да најдат пари? Ама со слога се може да се постигне !
     
  20. zgozelec

    zgozelec Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Убаво напишано и кажано ..И ЗА НА ВЕК ВО ДОБРО И ЗЛО,е арно ама нема никаде пиј, сркај(шмркај), крши тепај и да не набројувам.
    По мене би требало другиот партнер да му даде една ама само ЕДНА шанса со негова помош враќање на правата патека. Ако по таа пружена рака нема резултат барем јас така и размислувам и би постапил и покрај сета љубов или крај или ке докрајчам. Подобро несагламот да оди отколку да страдаат децата и останатиот сопружник. Би пишал без разлика иако се изнашитав за татковци,а каде се мајките?
    Никој не ги осудува нив!?
    Иако има случаи каде се поаѓа од мајката ке земам за пример нешто друго.
    Зошто трпи секакви работи одсопругот?
    Што ќе рече народот?
    Како ќе ја гледаат?
    Или...
    Вината е и нејзина. Остави го и се е завршено. Растање без еден родител е сигурно тешко, не сум го почуствувал тоа и не му посакувам никому но подобро без еден отколку со два од кои еден несаглам.
    Се случуваат секакви трагедии низ животот затоа постојат институции каде може да се обрати човек за помош,лечење или совет и не треба така лесно да се отфрли среќата од 10-20 или 30 години треба и малку труд за да се врати во нормала работата ,а ако не може тогаш пишав-крај. Не би се согласил да ги жртвувам животите на тие за кои живеам и се боревме до тој судно-проклет момент.
    Спартански е и сурово но....
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.