Секој, ама баш секој има право да биде родител! А уствари ...како ќе знаеме дека некој ќе биде лош или добар родител се додека нема деца???Не можеме да знаеме...Значи секој има правпо да има деца ...но ако откако ќе ги има ги малтретира тогаш исите ќе му се одземат и решен случај.
Можеби го згрешив наслобот на темава,можеби требаше: ’’Заслужува ли секој да биде родител’’ Да,секој има право,но некои злоупотребуваат. Мислам дека пред да се породи жената,односно парот, тие 9 месеци треба да оди на некои да ги наречам ’’часови’’ за правилно воспитување на детето. Финансиската состојба во секое семесјтво можи да се издржи,ама немањето на разговор со детето,разбирање,упатување на вистинскиот пат....во што ќе израсни тоа дете???
Има секој право да биде родител ама секој не е во можност да биде добар родител.Родителите не треба да ги малтретираат своите деца за да убаво ги воспитат. Децата треба да се воспитуваат со зборови а не со ќотек.
Јас мислам дека право да биде родител има секој. Мислам, кој е тој што би им го одзел тоа? Би можел некој да им забрани да имаат дете? Знам дека има многу лоши родители, некои и веднаш си ги убиваат децата, ги претепуваат, ги малтретираат најсурово. Од каде некој може да знае како човекот ќе се однесува кога ќе стане родител? Мислам дека по тој повод би требало да им се одземе детето и тоа е тоа.
НЕ ТРЕБА Да сум некој и нешто во земјава наша би вовел Закон: Да се провери родителот пред да го раѓа детето дали е можно психички и физички да го гледа тоа дете.
Вака, објективно не секој е психички стабилен и спремен да има дете. И кој би бил тој што би одлучувал дали некој треба или не треба да има дете? Во чии раце ќе ставите да одлучува дали некој има право да има дете и кои ќе се критериумите? Подобро би било да се подобри дејствувањето на социјалните служби и родителите да добиваат помош од државата, материјална, стручни консултации со психолози, педагози, педијатри. Единствено е добро да се воведе оптимална возраст и оптимални препорачани услови за имање дете. Како завршено најмалку средно образование, финансиска и стамбена сигурност, квалитетен брак, добра зравствена состојба, стабилно психичко и ментално здравје и сл.