можеби некои теми кои не се погодни за возраст под 18г. би требало да им бидат скријани, иако не знам како може да се контролира дека членот навистина има над 18г.? иначе, не се сложувам да е скроз за над 18г., тука има убави, интересни, едукативни теми за сите возрасти, па сите треба да можат слободно да си читаат (и пишуваат)
Добро, ај да кажеме само подфорумот “секс“ да биде за над 18... па и тоа не иде. Има многу тинејџери на пример, што се едуцираат за битни работи од таму, пример еве јас и уште многу други. Против ова сум. Епа ај нека биде за над 18, сите ќе прават лажни профили, а и верувајте дека ќе опадне рејтингот на форумот, that's for sure. И ако прашуваат глупости, па побогу девојко, не мораш да читаш. Не те вреѓам и не сваќај премногу лично, само кажувам... има многу постари кои мислат “којзнај што се“
За 18+ не,ама за 12+ и те како,за да не можат маливе да отварат теми за секоја Дизни ’ѕвезда’, зачини, вана би ѕвезди и за се’ шо ќе им прдне на газот.
Имам многу да кажам на оваа тема, но со оглед на тоа што мразам долги постови, ќе бидам кратка. Ми се лоши од тоа кога некој плука по младината. Вакви биле , такви биле... а ние бре ли бевме на нивни години? или пак сега сме? Кажале, прашале, советувале - глупост било..... па што? Да не дојдоа по дома да ви шетаат? НЕ! На форум си кажале,прашале. За 2-3 год. и мое ќе биде дел од овој форум. Па да ве прашам - ако сте за тоа форумот да биде 18+...тоа плусот до колку ќе оди? Јас ќе се пензионирам кога ќе стане феминка, а до тогаш сакам да ги читам и оние под 18 год. за да полесно го разберам моето дете кое е дел од денешнава младина, по која недавам никој да плука! За крај да не биде се така розево - деца памет во глава п.с. кога случајно по една фотографија од модни критики препознав едно девојче , кое не го познавам, туку го видов на ФБ страната на едно основно училиште , и прочитав дека е првенец на генерација ( и феминка исто така).....душава ми се наполни како за свое дете
кои теми не треба да бидат под 18? Јас се согласувам со sanjaeva и да поставува некој глупави прашања, не се стрикно поставени до било кој од нас. И на крај краишта тука се модерадорите и администраторите, да средат ако е жустро. Јас и претходно се изјаснив на оваа тема. Форумот не треба да биде за +18! А посебно не да се кријат темите за секс. Ова е место плус каде што можеме да се образуваме и да дознаеме што е штетно, а што корисно.
Јас немам 18 год и не се согласувам со тоа дека форумот треба да биде само за 18+ ... незнам за другите ама мене ме интересираат темите на пример литература и уметност,насмевка,форумски игри и др теми што тука јас негледам ништо што нетреба да го читаат тие што немаат 18+ . а искрено темите на пример бременост,брак е за тоа се согласувам дека е за оние повозрасните,поискусните . што барам јас тинејџерка во тема брак или бременост ? ама незнам што имате против(некои) ние 18- да читаме во темата секс епа добро вие сте повозрасни и поискусни и ни давате совети што ке ни бидат потребни во животот и вие феминки сте биле на наши години ( лике за форумот и )
Јас мислам дека не треба да биде 18+ затоа што сепак они треба од некој да учат..форумов е некој вид на едукација си ги кажуваме проблемите и добиваме совети на грешките се учи нели?
Зашто да биде за +18 кога навистина има м корисни совети од области на модата па дури до образовaието. Супер си е нека си остане вака
Јас мислам дека нетреба да биди над 18 години бидејќи јас имам 13 и имам многу научено многу работи од форумов!Јас никогаш не би се осудила да им кажувам на жени (што можат да ми бидат мајки)што си имаат брашни проблеми што да прават,а дека ќе се прават лажни профили ќе се прават!
Нека си остане вака! Ако е 18 +, сите ќе имаат лажни профили. А ќе се загуби и смислата на форумот различни девојки, на различна возраст да споделуваат искуства и да се советуваат.
Зошто да биде 18+ ? Јас секако не коментирам на теми каде што не ми е местото...секако нема да коментирам некоја работа за која што немам никакво искуство..навистина нема смисла да биде 18+
Епа вака.. се сложувам дека некои двојчиња стварно коментираат каде што не му е местото, ама не сите.. и не треба заради некој сите помлади да страдаат. Кога на некој овде бара помош за бракот и во таквите теми за повозрасни , јас бидеќи сум помлада не ни се трудам да коментирам и да давам совети.. коментирам само таку каде што мислам дека можам да помогнам.. Кога би бил форумот 18+ тие што досега коментирале само за да им се исмејуваат на проблемите на девојките повторно ќе ќе се зачленат во форумот глумеќи дека се 18+ и пак ќе биди исто...
Не треба да е под 18 затоа што некои девојчиња можеби имаат проблеми дома со родителите, сакаат да прашаат за факултет,за средно. А се согласувам дека негокаш коментираат каде што не треба, можеби од темава ќе научат дека не треба дотолку. НО, да напоменам - на форумов постојат повеќе зрели малолетни одколку полнолетни. (мое мислење)
^ Во потполност се соглагувам,би можел да биде и 14+,некој може да сака да пита за во средно,или од кај да знам ?
Така,така,да си праша за школо,да да. Или да си остави двоцифрена бројка во тема колку партнери сте имале до сега. Или да ни се пожали оти неможи да си седни на задничето и,после незаборавниот исполнет со сарми и љубов анален секс со дечко или whatever. Не го правете плус 18,ви се молам. Постојат такви квалитетни мислења што ми го продолжуваат животот кога ги читам,арно не сум умрела до сега на лице место од премногу смеење. Шала на страна. Има стварно квалитетни форумџики кои немаат 18 или се помали. Пример,прва што ми текна е Багето. Сега,нормално ги има такви кои коментираат таму каде што ние мислиме дека не требало да коментираат,но тоа се решава по кратка постапка со примена на пола доза сарказам и цела искреност.
Да,јас сум за тоа да биде +18,има и други форуми за малолетници,некогаш ми е смешно кога ке прочитам нешто тука И има прашања што не ни заслужуваат одговор. Извинете за ваквиот одговор ама решив на форумов да бидам искрена до срж
И јас мислам дека не треба да биде +18. Нормално дека јас со моите 15 години нема да одговарам на теми на кои не сум компетента да одговарам. Сепак има многу работи кои може да се научат на форумов.
Јас мислам дека не треба да биде над 18, не дека јас имам 15 али јас не давам совети, не коментирам и не читам во теми што не се за моја воздраст, туку читам теми, коментирам и давам совети во оние што се соодветни за мене
Не мислам дека форумот треба да биде 18+.Не само заради што имам помалку од 18, туку затоа што нема ништо да добиеме ако форумот е 18+.Прво, јас и многу други малолетни форумџии/форумџики може да имаме 100 пати подобри постови отколку некој што е полнолетен, а стално пишува глупости на секоја тема.Второ, било кој може да излаже за годините на форум.Ако ви кажам дека имам 25, од кај ќе знаете вие дали е тоа точно или не?И тоа е тоа... :geek: