Не треба да биде 18+. Има девоки што се и 25+ па незрело размислуваат, вреѓаат (општо ова, не зборам за форумов). Од друга страна има пак такви што не се возрасни ама си се ОК девојчињата.
Се согласувам да биде 18+, но само за оние теми од типот "Љубов и секс" и "Семејство" Јас имам под 18 години и не ги прегледувам тие теми, па не би ми пречело да бидат забранети за 18+
Јас не мислам така. Има, значи постојат девојки кои се под 18, а имаат и љубовни и сексуални искуства. А, и плус тоа можат тука подетално да се информираат за сексуална заштита и такви ствари...(има доста што да се прочита и научи од повозрасните девојки). И за теми од типот Семејство сметам дека не треба да бидат заклучени за никого, без разлика на возраста. Секој би сакал да си продискутира за тоа, некои сме дел од семејство, а некои веќе создале свое.
Абе кога ќе видиш тие знаат многу повеќе од нас "Понапредни" се од нас Затоа на 18 години ќе им се здосади животот, затоа што премногу им допуштаат и се ќе проживеат во годините кога јас си играв уште на улица
Да, да за мислењата во право си. Не бива девојче на 10 год. за секс да пишува мислења. Но, на пр. девојките од 15/16/17 год. можат да бидат поинформирани. Јас немам мислења во категорија секс, а имам прочитано работи што пред тоа не сум ги знаела (иначе имам 17 год.). Мислам дека тоа предност кај Секс- темите, нешто што претставува табу-тема во училиште, на улица, нешто за што никому не му е пријатно да зборува за своите искуства. А, тука на форумов тоа е предност. Никој не те познава. Можеме било што да прашаме на тема секс (без да се почувствуваме глупаво), да споделиме искуство(без да се срамиме). Имам прочитано многу глупави прашања. Некои намерно ги поставуваат со цел да се забавуваат, и смешно им е што и да прочитаат на таа тема, но некои девојки стварно имаат потреба од информации. Инаку, регистрацијата кај 10-12 годишните не може да се спречи. На крајот на краиштата можат било кои години да си ги стават на профил.
Дефинитивно мислам дека не треба да биде 18+. Знам многу девојчиња кои се доста активни на форумов и пишуваат во оние теми за кои се компететни да пишувааат. Ќе се земам себе за пример. Малолетна сум и се зачленив на форумов и станав па можам да кажам активен корисник, поради тоа што сакам да дискутирам на некои теми и да слушнам мислења од други лица. Пишувам во теми за кои мислам дека сум компететна да зборувам. Секако не се очекува од една тинејџерка која немала никакво сексуално искуство да пишува во категоријата Секс па камо ли опширно да објаснува за Спојлер анален или орален. Па на крај краишта има и такви да ги наречам фрикови кои имаат по дваесет и кусур години и се зачленуваат на форумов само за да создадат немир и караници, за нивна лична сатисфакција. Се извинувам на опширниов одговор ама морав да кажам што ми лежи да душа.
па незнам...мозеби би било добро кога девојки повозрасни би давале совети но и помалите било супер да знат така да...супер е како сто е
Јас колку сум приметил има некои девојки од 14-17 год кој имаат подобри и повредни мислења него некој 20-30 год форумџики ако го направат 18+ ке биде исто како и кај порно сајтовите are you 18 or + ? - of course , i never ... ever lie .... NOW SHOW ME GOODS
Јас немам 18 и нормално дека не сметам дека форумов треба да биде +18 од причина што многу корисни работи прочитав, дознав и научив на овој сајт без разлика дали се во областа на секс или било која тема, баш на нас ни треба некој поискусен да не посоветува и грешки помалку да се прават .. едноставно е немам искуство - не коментирам ... тука е до степенот на размислување а не до годините, според мене
Форумот сметам дека не треба да биде само за лица на +18. Од причини што на форумите можеме многу да се едуцираме и да прочитаме убави, но и можеме исто така да согледаме и лоши грешки(па од нив да извлечеме поука). Јас од своја некаде 16та година сум по форумите и многу многу работи се изначитав, животни грешки на другите,совети,поуки,работи што не сум ги знаела. = дел од едукација
Според мене форумов во никој случај не треба да биде +18,бидејќи како што кажаа неколку феминки над мене,тука може да се научат многу работи кои некогаш ќе ни притребаат,можеме да прашаме и да добиеме совети,а мислам дека не само на тие што се +18 им требаат совети,туку и на сите други
Нема логика да биде 18+,баш на тие под 18 им требаат корисни совети и разменување искуства од повозрасните и поискусните.Има многу малолетници кои немаат каде да се обратат па овде им е единствено место каде што можат да се искажат и да добијат корисен и добронамерен совет. Не знам поради што ваква идеа но сум апсолутно против неа.
Не се согласувам дека форумот треба да биде само за 18+ затоа што иако имам 14 години од форумов научив многу работи и добив совети од некои феминки.
Јас мислам дека не треба да биде за 18+ И јас немам 18 години, но прочитав многу корисни совети од тука
секако дека не... јас сум доста далеку од 18, цели 6 години, ама знам да не одам во тие теми... ми е многу интересно да си комуницирам и пишувам на македонски, дека живеам во Холандија, и многу ми фали македонија...
Можеби не целиот форум, но одредени теми би требало да бидат забранети за оние коишто немаат 18 години (или може и да се намали таа граница на 16 години). Бидејќи колку што можев да забележам девојчиња од 11-12 години коментираат на тема секс искуства. Секако дека можат да добијат некои корисни работи во врска со сексот или било што без разлика, но исто така тоа може да има и многу негативно влијание врз нив.
Јас мислам дека не теба форумот да е +18.Кој што сака тоа нека си чита,нека се едуцира нека си праша.