Кога го здогледав насловот на темава се запрепастив!! Според мене ако некој сака да има секс да се одлучи на болни диети или да експериментира на било каков начин со своето тело, ќе најде форум или статии поврзани со тоа секаде.. Секој си знае најдобро за себе..и не гледам причина зошто би ни се забранила пристапноста нам малолетните(иако јас сум 17ипол) на било каква тема.. Мене лично многу ми помогна форумов пред само 3 дена и тоа на тема од клучно значење (а баш онаа на која би ни ја ограничиле-секс) Ептен сум им благодарна на форумкиве што ми помогнаа оти немаат предрасуди и можеш да си го кажеш проблемот (каков и да е) и ќе се сретнеш со искрени, пред се анонимни и различни мислења зашто да бидеме реални -На девојки на моја возраст им е многу тешко да си ги кажат проблемите на другарки а камоли на родител и секако ни е неудобно да зборуваме на теми за кои полесно побрзо и многу подобри совети секако би добиле на форумов..!! Така да, НЕ НЕ И НЕ!!
NE +18, Covece... +28 treba da bidi. a ne eden kup deca po 17 godini da,mi baraat i slusaat soveti od drugi po 15 godini. Za soveti i resavanje na problemi si imaat majka, tatko bez ogled kolku im e sram ili ne. Sram im e od majkaim a ne im e sram da mu se sleci na deckoto, ama ajde ti se molam!
Еј, ај мани се од тука жити се! Си дошол на женски форум да ја покажуваш машкоста ли, да делиш памет, а ти сам го немаш?! Збориш за совет од мајка и татко,а ти децата што ќе ги советуваш бе? Сине, варај ја жена ти, само секс е уживај. Напор невиден!
На овој форум има илјадници други теми . За информација не постои само категорија секс или неверства . А од твоите коментари убаво се гледа дека способноста за дискусија и длабочината на размислувањето воопшто не зависат од годините .
Сметам дека форумов не би требало да биде за лица под 18 години, а и теоретски не е можно со оглед на тоа дека овде постојат и лажни профили Едноставно, за вулгарните мислења тука се модераторите кои ќе помогнат да имаме што посовесна младина.
Јас мислам дека добро си е вака. Форумот си е добар, само така да продолжите. Нема потреба од никакви промени.
И јас не сметам дека форумот не треба да биде +18,за да можеме ние помладите да се едуцираме на некои теми,како што беше напишано: да прашуваме за работи за кои ни е глупаво да ги прашаме другарките или родителите и слично.ЖАЛ ми е што некои го мислат спротивно и не осудуваат зашто читаме одредени теми. Јас секако ќе си продолжам со читање и прашување за се што ме интересира.
Ако се направи 18+, ќе си направат лажни профили, ќе се претставуваат како поголеми. Сметам дека не треба, има многу девојчиња на моја возраст, на кои им требаат совети или помош. Можеби на некого му е срам, страв да се обрати за помош, па тука може бидејќи е анонимно. Плус, сите вие големи можете нешто барем да научите од нив, да се насмеете и слично.
И јас мислам дека не треба да биде 18+,па кој што сака може да си приша,зошто некогаш родителите не можеш да ги прашаш ,така тука ќе добиеш одговор од повеќе личности со поголеми искуства,јас барем сум побарала мислење и сум добила многу корисни мислења од некои членови,што на пример мојата мајка тоа не го ни знаела,ниту пак некои мои другарки
Нема да има сеир бе ако е само 18+ Вака барем ќе се изнасмееш кога ќе ископаат некое прашање. Зборувам за прашања од типот на "мастурбирав со перница, дали сум бремена".
Не треба да биде над 18. Мислам дека треба да биде над 15. И шо фајде ке има над 18? .. Инаку овде се учат многу добри работи!
јас мислам дека треба да биди...оти се зборуваат секакви нешта секакви навреди се кажуваат така дане убаво е да учат помалите од тие ствари!!!!!
Не, никако... Не дека јас сум помала овдека, ама јас не буричкам по темите каде што не ме итересираат или каде што не треба да читам! Не е само таа категорија, има Храна и Пијалоци, Серии и емисии, музика, мода и стил... Кога ќе пораснам, здравје боже и ја ќе се консултирам со вас, ама сега форумот си е убав, не треба никакви промени. Девојките што сакаат да се консултираат за тоа што не можат да го разговараат со родителите, ве имаат вас, и тоа што пишувале секакви глупости како што кажувате, има модератори и тие ќе го средат тоа, а вие сте тука да им помогнете, и да им посочите некои работи. Толку.
Јас мислам дека не требада биде +18..Јас имам 14 години,но не буричкам по некои теми што не се добри за мојата возраст и што не ме интересираат,отварам само диети,фитнес и тело.И стварно научив многу добри работи од сајтов. Тука си ги кажувам проблемите што неможам на мајка ми,а вие ми помагате и фала ви многу Можев ја и да идам на гламстик ама таму не ми даваат добри совети сите се некако несериозни,и поише све им води на смеење него на помош Тука си се чувствувам како дома
Исто, ќе се сложам со предходните две феминки. И јас сум една од помладите членки на форумов и доста забавно ми е тука. Не чепкам низ тема на кои немам што да пишувам. Од форумов научив доста корисни работи во врска со модата, нега на телото, некои рецепти (што јас можам да ги правам секако) и многу други корисни совети. Можеби некои категории или теми треба да се 18+, ама тука постојат и други како на пример Мода и стил, Лице, Тело, Храна и пијалоци, Музика, Серии и емисии, Општи дискусии, Кафе-муабети кои мислам дека се соодветни за секого и се најпосетувани од моја страна. И плус, сигурно има некои девојчиња кои неможат да им се доверат на своите родители за некои работи, па решението го пронашле тука, обраќајќи ви се на вас. Така да, ако веќе планирате да го правите 18+, тоа нека биде на одредени категории, немора за сите. Сепак некои помали од 18 пронаоѓаат забава и совети овде.
Не се само помладите членки кои пишуваат во теми во кои немаат што да напишат. Може на секој му се случило некад од досада да напише било што во една-две теми, али има 2-3 членки кои ги приметив до сега имаат по 2 000 и кусур мислења од кои пола и више се, на пример во одредена тема за некоја си крема да речеме и одговор - ја немам користено оваа крема . Ова е чисто пример, прво ми текна, али стварно е онака бесцелно и глупо кога ќе прочиташ дека пишала само за да и се зголеми број на мислења. Тоа се екстремно плитки личности за мене, иако не ги знам во живо. Значи не е само до годините, него до паметот. Некои и на 30 имаат помалце од 16годишна девојка.
Како прво е неизводливо, а како второ - е непотребно. Форумов е убаво место каде што помладите тинејџерки можат многу работи да научат. Не знам зошто возраста би им била пречка да членуваат тука.
Некои теми треба да бидат забранети Неможе младите доспоѓици да делат брачни совети, или пак експерти љубовни проблеми. За тоа постоеше еден друг сајт не ми текнува на името