Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Треба ли форумот да биде 18+?

Дискусија во 'За форумот' започната од majatri, 17 декември 2009.

  1. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    И како објасни ми жити мене ќе знаеш дали некој е малолетен или не?
    Да оставаме матичен број?
     
    На Saki15 и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Може врз основа на некои 100 - тина мислења, модератотите да даваат дозволен пристап на членовите до некои теми, но мислам дека нема потреба од такво нешто.
    Има толку многу паметни мислења на девојчиња под 18 години што и повозрасните ги тераат да си стават прст на чело. Не секогаш паметот е правопропорционален со годините.
     
    На biggirlsdontcry му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Volsebnicka05

    Volsebnicka05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    90
    не мислам дека не треба :)
    во форумов има многу поучни работи посебно во врска со сексот. а згора на тоа многу од девојките се одлучуваат да бидат активни пред да наполнат 18 години. па мислам дека секој еден ќе размисли кога ќе види дека тоа што го прави го осудуваат многу анонимни луѓе што немаат никаква корист да го прават тоа :fubar: и ќе мора да ти дојде барем малку памет во глава
    позззз ;)
     
  4. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    Горе прочитав еден коментар како тоа девојки да давале брачни совети ... Таа може да даде ... Има и право да го даде неа никој не и го забранува тоа но може коментарот да нема никаква врска а може да е подобро од некој што е +18 ... Ако се полнолетни незначи дека се созреани или паметни ... Така да мислам дека не би требало :)
     
  5. Saki15

    Saki15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    142
    Не гледам причина за да биде над 18. А тоа што викате дека некое девојче би делело совети за бракот или слично, ако не ја мрзи нека дели совети низ такви теми.. :)
     
  6. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам да биде над 18+.Јас имам 15г и не се мешам онаму каде што не знам на пр во категорија
    секс
    или за деца....и досега многу работи не знаев ама ги дознав од фемина и затоа не сакам да биде над 18+.
     
  7. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Моето мислење во врска со оваа тема е форумот да не биде 18+ бидејќи има многу членови кои се помали а се трудат да допридонесат за форумот па всушност тие ке ци буричкаат во оние теми кои им се на нив потребни а сега како што се помалите по напредни па и ние можеме нешто од нив да научиме барем на овој форум нема личности кои ке се фалат дека уште на 12 13 год имале односи како што имам сретнато на другите форуми и дојдов до заклучок дека фемина е преубав форум и дека иако не с епознаваме едни со други сепак си помагаме па така да и оние под 18 можат да научат нешто од нас. Мислам дека ваков како што е сега форумот така и треба да продолжи да биде
     
  8. Palestinec

    Palestinec Нов член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2012
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    17
    форумов не е порно форум...па да биде 18 и повеќе години.......човек се учи додека е жив......
     
  9. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    Точно :rock: хаха
    а и не гледам причина зошто би бил, убаво е од мал да си знаеш што те чека во иднина :D Јас како мала многу сакав да буричкам по историјата на постарите, чисто од љубопитност, па ни најмалку не ми штетеше :lol:
     
  10. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Епа не е ама неможе деца од 10 години да ги отвараат категориите за
    секс
    јас мислам форумот да не биде +18, туку некои теми да бидат забранети. ;)
     
  11. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    ^ А зошто да неможе ? Не значи дека ако ги отвараат, дека и коментираат во нив. Си читаат што ги интересира, како ќе научат инаку. Точно е дека има многу деца на форумов, но не коментираат секаде. Морам да ја пофалам Glossy-girl, девојчето е навистина мало но не сум видела да коментира во теми каде што не е компетентна. Секс, политика, религија .. Може ги чита, но знае дека неможе да искоментира бидејќи нема искуство. Ако се забранат, како ќе научиме нови работи. Има и големи на форумов кои сеуште незнаат доволно за одредени теми. Читаат и учат. :hai:
     
    На Cacy, Foreveryoungiwannabe, Glossy-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. demilovato4ever

    demilovato4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    220
    И јас се согласувам со вас , но нема врска некој ќе си направи пак профил само ќе излаже за годините :worried:
     
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.516
    Допаѓања:
    17.249
    Над 18, зошто?
    Сега почнаа и на 14 години да раѓаат деца, на 15 веќе се венчани.
     
  14. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Ах бре луѓе, не се става граница на интернетов, не крајна, не строга, не конечна ниту крајно да реши некаков проблем. У секој случај мислам дека има и такви шо имаат осумнаесет а мислењата им се далеку полоши од некои што немаат.
     
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Зошто кога има тема СЕКС, зборот СЕКС во коментарите се става во спојлер :lol:
     
  16. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не треба да биде форумот +18 ;) Затоа што на форумов има многу дечиња,меѓу кои сум и јас.
    Само што мислам дека тие помалите нема потреба да дискутираат во темата секс,да делат брачни совети и слично.Пример јас тие теми не ги отворам,бидејќи неможам ништо да коментирам,затоа што уште го немам тоа доживеано за да делам совети :)
     
    На AmericanGirl и Foreveryoungiwannabe им се допаѓа ова.
  17. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Јас мислам дека не треба да биде.Има многу помлади од 18 (една од нив сум и јас) коишто можат да научат многу корисни работи од форумот.Е сега,секако тие нема да коментираат и да делат совети во категориите како секс и брак и деца и такви некои.А и да коментираат, тука се модераторите.А и зошто да неможе да отвараат такви теми ? Си читаат што ги интересира, како ќе научат инаку.А и со отварањето на тие теми учат од оние поискусните и повозрасните,па кога и тие ќе пораснат,и тие ќе делат совети ;)
    А и да биде +18,некој ќе направи лажен профил во кој наместо 14 ќе пише 23 години и...
     
    На MaCa-J му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    И да биде над 18 нема ефект зашто може да пишат дека имаат 28 ...
    А и еве има многу што имаат помалку од 18 кои можат да прочитаат многу корисни мислења за нивна возраст...
     
  19. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од такво нешто,ова е одлична можност помалите девојчина повеќе да се информираат во врска со што и да било...Јас од тука научив многу работи. :)
    Вечно ќе и бидам благодарна на Фемина т.е сум благодарна на сите прекрасни жени на форумов :)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Не гледам причина зошто форумот да биде 18+. На овој форум се даваат мислења на разни теми и има многу корисни совети кои што се од помош на секој. Кога сме веќе кај тоа, зарем фејсбук, мајспејс и сл. не треба да бидат 18+? Сите се расипавме со тие социјални мрежи, па сепак не е. Џабе што ќе биде +18 кога било кој може да излаже во врска со годините. :)