Во НИКОЈ СЛУЧАЈ не треба форумот да биде 18+. Да може има теми брачни проблеми, разводи и слични. Може само тие теми да бидат 18+ но никако целиот форум. Од проста причина што има и теми за 14 годишни. На пример оние од типот кое средно училиште да го одберам? - Што ќе им е таква тема на тие кои веќе завршиле?? Значи за некои од тука кои коментиравте дека треба би ви рекла само да размислите малку и од наша гледна точка. П.С. Јас имам 14 години и отворам по сите теми но се разбира не коментирам за нешто за кое немам поим.
Не треба дефинитивно да биде +18 поради тоа што: - многу од тие што се под 18 можат а и прашуваат во врска со секс. не дека ќе ги разубедиме во нивната намера туку ќе се едуцираат малку фазла околу заштита и контрацепција. - како што имаат напоменето има теми и за под 18. - многу важно нешто отворен муабет и совет и тоа кога ќе прочиташ различни мислења ќе размислиш и ти уште еднаш.
Ќе се сложам со Стефани апсолутно,и само ќе додадам поради овие тешки времиња и родителите или се презафатени или незаинтересирани доволно за да се занимаваат со своите деца,па убаво ќе биде барем да ги читаат нашите размислувања ,да УЧАТ од нашите искуства
не цел форум но некои категории како што се секс и работно место баш е ај да не кажам ама баш е глупо некое девојче од 11 или пак 12 години да си пишува во оие категории а особено категоријата секс
Тешко прашање на кои што неможам да одговорам,ама сепак мислам дека нетрееба од повеке причини,еве јас сум 14 год и не си ги кријам годините,знам дека има и мн др колку мене.Ама сепак ке си кажам дека СЕ Е ДО ЧОВЕКОТ И НЕГОВАТА ПСИХА и знам дека тука има повеке мали девојчиња и знам дека има барем една која што размислува како мн повозрасна и знае по кои теми да чита,каде да коментира и што да коментира.Од друга страна ПОВОЗРАСНИТЕ ЗНААТ ПОВЕКЕ ОД НАС,нели има и нешто вакво,демек со текот на годините стануваш позрел.Како и да е јас само можам да си кажам дека ЗАСЛУЖУВАМ да сум регистрирана на форумов,да читам и коментирам и знам каде треба да отварам и каде да коментирам,а за другите неможам да кажам и толку од мене,зошто ако зборам 1000 страни ке ме фатат.
Не треба. Се согласувам со тоа дека има некои теми кои се за 18+, ама пак што не интересира на нас помладите членови од форумот за брачни проблеми? Јас дури не ги ни отварам таквите теми, а не пак да коментирам во нив. Инаку, пофалби до форумов и до сајтот исто така. Многу корисни работи научив од овде.
Мислам дека не.Сепак ако овој форум е за над 18,ќе нема толку народ.Темите како убавина,мода,фитнес најмногу ги интересираат тинејџерите.Јас имам 17,си читам тоа што ме интересира. Но би можело некои теми што се за 18+ да бидат затворени за корисници под 18. Ама не е тоа решение кога некој би направил лажен профил
Не би се сложила за е 18+, јас имам 17 години и си коментирам и прашувам во теми кои мене ме интересираат.Сигурно не би коментирала во теми како бременост, однос снаа-свекрва и сл.
Подобро младиве тука да прашуваат за се што ги интересира ,отколку на своја кожа да испробуваат-па што биде да биде. Камо среќа во мое времеда имаше и интернет и форуми,а не како телиња (сите од генерацијата)чекавме на МТВ да почне некој филм ,„за да научиме нешто“
а зошто да биде 18+ само поради тоа што неколку девојчиња можеби коментирале на теми како брак и сл. ?? ете јас сум 12 и не кријам дека сум 12 ама на минатиот профил имав ставено дека сум 18 баш поради ова, односно дека некој ќе почне да ми соли памет дека сум мала за форумов вие "повозрасните" треба да разберите дека јас како и другите девојчиња на моја возраст (и малку поголеми од мене) сме во пубертет и имаме многу прашања во врска со тоа.. ДА, ќе речете дека со мајките можеме да зборуваме за тоа но што ако некое девојче ете да речеме на 14 год. имало секс за прв пат (има такви случаеви по форумов) и не и е удобно да разговара со мајка и, а за тоа има многу прашања, сигурно нема да ги чува во себе прашањата, сигурна дека сака да зборува со некој што ќе и даде совет а притоа да не и го знае личниот идентитет за да не мора кога ќе ја сретне на улица да рече - е ене ја онаа на 14 шо му даде на кој шо стигна... според мене за тоа се форумиве, и плус тоа повеќето од темиве се соодветни за наша возраст (12-16 год.) бидејќи тогаш како што кажав погоре сме во пубертет и почнуваме да добиваме мозолчиња, акни, прва менструација, ако не е редовна менструацијата се грижиме дека можеби нешто не е во ред со нас, или например мене ми дојде 20 дена порано и си реков кизне што ми е, фатив неко заболување, ама подоцна дознав дека тоа ми било од нервоза и дека менструацијата додека сосема не созрееме, не иди секогаш по исто поминати денови, (некогаш мене ми иди по 40, некогаш по само еден месец, а ете сега веќе можеби 50 дена ми нема дојдено) а сето тоа немаше да го знаев ако не прочитав на форумов. А и за темите како - филмови, тв емисии, серии, фризури, дом, образование, забава, рецепти (колку што јас знам сегде се вели дека од мала треба да научиш да правиш некои јадења) зарем е потребно да си над 18 ??? Сетете се, и вие сте биле деца на наша возраст, и вие сте имале прашања и сте барале некој да ви ги одговори.. ете и ние тоа го правиме благодарение на овој форум... толку од мене
па по глупостите што можам да ги прочитам треба и тоа очајно!секоја чест на оние позрели и паметни девојчиња,а кога ке видам пост дека свршила со тушот и дека си триела па дечко и па дали е бремена се ежам!тоа треба да го знае од општа култура или нека си праша дома!јас не читав форуми па еве ме 24 години немам никакви негативни последици од моите тиин години!
Мислам дека нема потреба форумот да биде 18+ заради тоа што има теми и категории за секого и за секоја возраст .. е сега оние глупости што се пишуваат како што кажа членката над мене може да ги има и ако форумот биде 18+, не секогаш тие прашања ги постатуваат девојки со под 18 години... крај на крај сепак ова е само ФОРУМ !
Во денешно време, кога технологијата е високоразвиена, младите имаат пристп до СЕКАКВИ информации дали преку телевизија, дали преку интернет. Благодарение на високиот развој на технологијата истите тие млади имаат поголема можност да бидат информирани отколку оние кои биле на нивна возраст пред 15 години. Но проблемот е во тоа што денес медиумите, покрај позитивните и корисни информации кои ни ги нудат, не‘ преплавуваат и со информации кои негативно влијаат врз мозоците кои се во развој. Се прашувам дали постои музички спот, реклама или филм кои не се исполнети со голотии, секс, дрога, алкохол? Ете од каде денешниве деца земаат пример за своето (не)однесување. И ете зошто е препорачливо форумов, а и други слични на него, да бидат 18+. Не велам дека кога ти си била тинејџерка ги немало претходнонаведените лоши влијанија, но свесни сме дека денес тие се претерано изразени. Крај краева, дури и кога би бил 18+, и тогаш не би функционирал како што треба. Доволно е само некој да излаже за годините.
Мислам дека форумот не треба да биде 18+.Не го кажувам ова затоа што немам 18, туку дека пак ќе има помали од 18 кои ќе прават лажни профили.А за тоа дека форумџии под 18 год, пишуваат навредливи или вулгарни мислења, на форумот постојат модератори кои можат да ги избришат тие мислења...
Над 18 не,ама мора да има некоја граница.Јас имам 14 години и се зачленив бидејки мислам дека сум доволно зрела.Ама (според мене) малку е невкусно девојче од 10 или 11 год.Го зборам од личен пример,немора за сите да важи.Јас во јануари наполнив 14 год и додека не наполнив 14 год мн работи не знаев,немав појма од живот и нормално дека и сега незнам мн работи,не сум пораснала мн како 25-30 годиишна,ама мислам дека сум доволно зрела за да се зачленам,што и каде коменитирам и кои теми треба да ги отворам за моја возраст,а ги има мн.Се надевам не навредив никој.
^ Не дека навредуваш, ама сметам дека донекаде не си во право. Има девојчиња на возраст од 13-14 кои воопшто не размислуваат зрело, а има и девојчиња од 11-12 години што според нивните мислења ќе си помислите дека имаат 16 години или повеќе, имаат добар начин на искажување, и воопшто не се приметуваат. А трагично е некој на 20-30 години да не знае да се изразува како што треба и да не размислува како човек со не големо искуство. Не мора да значи дека ако наполниме 13-14 години сме зрели за овде, доколку се чувствуваш доволно паметно и зрело тогаш се зачленуваш. Форумот нема граници, и не мора да чекаш одредена бројка за да се зачлениш, сепак не е се во годините, со исклучоци и тие не се мерило за зрелост, нели? И има посебни теми за сите возрасти да речам и секој знае каде смее да коментира и чита. Сигурно 11 годишни не би читале во Дете, Кариера, семејство... за тоа треба искуство, а тие го немаат, ама си коментираат каде што мислат дека смеат. А форумот изобилува со совети за секого. Па јас немам друго да кажам освен топло Добредојде во Женското катче!
Добро ве најдов. Милам ме разбра,сакав да кажам на 11-12 да се зачленев ке прашував глупости кои што не ми биле јасни,ама баш глупости.Сега по малку веке знам што треба да се праша,а што не.Како и да е да не должам веке.
И јас мислам дека не треба форумот да биде 18+ . Не затоа што немам 18 години туку затоа што има некои помали од 18 и им требаат некои мислења или сакаат да прашаат нешто што ги интересира а и има доста зрели одговори на некои кои имаат помалку од 18 години. Мислам дека на форумов му требаат мислења од различни генерации . И од помлади и од постари
Секако сум за. Од проста причина што има девојчиња овде кои уште мирисаат на мајчино млеко, а кога ќе се зачленат, нормално под лажни години, веднаш им се забележува неискусноста (да не речам глупоста) при отварањето теми, неразумните прашања, постирањето слики без никаква цел, влегувањето во дискусии без аргумент и форумска култура. Е сега, работата е што има и постари од 18, па пак трескаат зелени, го прават истото, па теоријата на релативитет се потврдува. И никако не си Мислам дека треба филтер во однос на култивираноста на членовите. Кога некој гледаме дека трола, дека спамира, рекламира, мобира и иритира, соодветно реагираме и сакаме да биде опоменат, баниран, контролиран. Плус, често пати многу форумџики сакаат да играат улоги на Примадони, па се занесуваат дека нивниот збор е последен(мое право јас што ќе пишувам, и слично). Нема, овде хиерархијата е виртуелна "лага". Треба да го полниме форумов со квалитет ( за кој јасно се увиде дека е подлога и за крадење, што особено е навредувачки за нас, феминките), а не со квантитет. Исто така, приметувам дека и машки членови се појавуваат, немаат ни три мислења, ама затоа лајкаат на велико. Да не се ширам офтопик, ама мислам дека треба некакви граници. Тешко е да се направат, ама мора да се има почит кон оние кои навистина го градат форумот и го облагородиле со своите мислења!