Мислам дека нема потреба од тоа. Подобро нешто да научиш од помала отколку кога ќе пораснеш да направиш некоја глупост. Се надевам разбирате што сакам да кажам.
Не треба, освен ако не користат 4 во замена за ч. Убаво пишаа еднаш во СДК, како детска градинка е форумот со тие 4 и 6.
Треба,на една корисна,ќе научат десет штетни работи..Добро сега,релативно е тоа што е за кого штетно ама муабетов ми е,како цвеќенца се,се впиваат,и тоа што треба и тоа што не треба. Несакам да навредам никого,ниту да потценам,само не џабе се рекло-се во свое време..
Форумот, јас мислам дека не треба да биде 18+, бидејќи не е тука само темата секс, има и други теми каде што оние помалите(не дека сум многу голема и јас), можат да добијат корисни совети кои ќе им служат понатаму, или пак решенија на нивните проблеми
епа тука не се знаеме кој има 18 а кој нема, а и не е тука темата само за секс и такви работи има полно теми, не треба да е +18
Не,форумот како што знам не се пишува само за секс и некои таки работи. Овде има и други категории каде и малку се пожелни некои „тинејџерски“ совети Спојлер мислам за во темата мода итн.
НЕ.Ама нека не ставаат на пример 4 и 6 како замена за ч и ш.Или како некои на фејсбук што прават па и тука:Jas so mojata najmila srcu6kaaa<33333333333333333333 или Lele kolku si sWatkaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaa,De4ko mi i jaaaaaaasssss<33333
Не.Не викам така бидејќи и јас сум помала ама нема потреба од такво нешто.Има теми кои точно,не се за помали,ама тие теми нема потреба да се отвораат од страна на помладите.И јас тие не ги отворам,но има многу теми кои се интересни и од кои може да се дознае нешто,а истовремено во нив нема ништо што теба да биде забрането за помладите од 18 год.
Од форумот се учат многу работи, убаво е да прочитаат, и ако се паметни да знаат што треба а што не треба да прават а и да дознааат некои работи, на пр. за односи, значи има толку глупи прашања, така да немора да се глупираат, да имаат поим од некои основни работи.
Нека си прашаат што ги интересира може да им помогне зошто да не , ама ме нервира кога читам девојчиња од 15-16 годинки солат памет на многу постари членки ама тоа ,е форум е
Moe мислење е дека форумот треба да биде за сите затоа што можеби и на некој под 18 му треба стварно помош добор е што форумот е за сите можеме да научиме многу повеке ете јас ке се земам за пример 17 години сум и неколку месеци па од овде научив мн добри работи којне сумги знаела позз
Не! На форумов има многу теми и за помалите,не се само темите за секс,брак,работа,бременост итн.На пр.темите во кафе муабети,темите во образование,темите за серии и филмови,темите во мода и стил,темите во литератуа и умет... итн. Многу помали можат многу да научат,да прочитаат добри совети,ама сепак се е до човекот,некои што има од 12 год знаат многу повеке за свои години и пишуваат добри мислења,а пак има некои од 25-30 што пишуваат навистина нелогични и прости работи...