НЕ ! Ако форумот е за 18+ и ако малолетниците не добиваат совети од своите родители(мајки) посебно околу интимноста , сексуалнсота, од каде би научиле ? Фемина е баш еден од најдобрите форуми каде можат да дознаат буквално се...Јас со мајка ми никогаш не сум била отворена на таа тема и сносев некои мали последици...Нормално дека не треба да биде 18+
И јас мислам дека не треба да биде 18+. Јас прво немам 18+, но форумот ми е доста од корист затоа што тука можам да најдам одговори на многу прашања, кои дома ете од некакви причини неможам ни да ги поставам. Има разни теми, во кои сум се пронашла во ситуациите кои се опишани во нив, и таму се дадени совети кои ми помогнале. А оние коишто коментираат во врска со брачни и други посериозни проблеми на некои корисници, а немаат 18+ и не знаат, и само пишуваат без да сватат дека навистина се работи за нешто посериозно.. тоа тие треба да размислат. Ако се доволно паметни, и размислуваат, правилно, тогаш би знаеле дека на такви теми ним таму не им е местото и не треба да коментираат. Дека не треба да не се пикаат кајшто не им е местото.
Јас сум под 18 години ,но ги читам само темите од мода,забава... и не сакам да се мешам или пак да им давам совети на постарите.Ги обожавам темите на ФЕМИНА кои се за моја возраст.
НЕ!!! си кажувам според мене бидејќи јас ги посетувам категориите како што се мода слободно време кафе-муабети лице тело но не ја рчкам категоријата секс бидејќи не ми требаат такви информации е сега евентуално може одредени теми да бидам заклучени ко демек за 18+ но некој зачленувајќи се може да излаже и да пише дека има повеќе од 18 години и да може да ја гледа таа тема па така да јас сум за не!
Не поради неколку работи: 1.Јас од форумов научив многу работи,прочитав многу мислења од сите теми па и за љубов и секс, мислам дека со моите 17 години знам онолку колку што треба да знам околу тие теми и не би сакала да бидам не информирана, тоа не е табу тема, нешто од секојдневниот живот е, но сепак за тоа неможам да разговарам со родителите,а постара сестра или сл. нема. Овдека видов многу девојки кои од неинформираност направиле баиги глупости, не би сакала да бидам меѓунив 2.На форумов постојат и теми кои не засегаат и нас неполнолетните како што се темите за мода(која средношколка не би сакала да чуе совет како да искомбинира нешто),темите за музика(оние кои најмногу имаат време за слушање музика се токму од 11тина-19тина години, потоа доаѓаат обврските), темите за средно училиште, матура, состави 3.Најголемите кризи, депресии се случуваат токму на 16-17 години, овдека многу девојки кои го загубиле друштвото си наоѓаат утеха, зарем треба тоа да им се одземе?? 4.воопшто незнам што има тука за +18 Но постои голем пропуст на форумов бидејки некој од новите членови не ги читаат правилата Спојлер , лажат- измислуваат ситуации,отвораат нова тема за тоа дали е бремена оти го погледнала дечкото во очи или дали бело свилено фустанче оди со зелениот плетен шал Но ни тоа не се решава ставање на форумов +18
Како што пишав погоре, сметам дека форумот треба да е 18+, бидејќи Фемина значи на италијански или на некој од латинските јазици ЖЕНА. И сметам дека човек станува жена над 20 години. СПОРЕД МЕНЕ ТРЕБА ДА Е НАД 18+!!!
И ?Што кога ќе биде за 18+?Ние малолетните од каде ќе ги добиваме одговорите на некои прашања што неможеме да им ги поставиме на никого во близина?Јас имам 15 години и форумов ми е од голема корист.Наоѓам одговори на прашања што ме интересираат а не можам да му ги поставам некому.Нормално не давам совети на тема "ме изневери и што сега" или "сексот ни е лош !Што треба да направам".Ги читам туе теми да ,но учам како би постапила ако јас би била во таква ситуација.Кога гледам „аха не имам искуство на оваа тема "значи и не давам некој совет што не можеш да го поврзеш .И конечен одговор НЕ ,форумот не треба да е 18+!
Да не влагаме во расправија, тоа беше моето мислење и јас ќе си останам на тоа и уште еднаш повторувам! Спојлер СПОРЕД МЕНЕ ФОРУМОТ ТРЕБА ДА Е 18+!
Па според мене не треба да биде +18,затоа што како што кажа Little-Mk,од голема корист е за секого форумов.И јас кога сум била малолетна и нешто ми било нејасно сум отварала по форуми да прочитам некој совет. Секоја чест за оние девојки кои се доволно блиски со своите мајки,па можат да разговараат на секоја тема.Но има и многу кои не го прават тоа,па мора од некаде да прочитаат и да дознаат повеќе за оние работи кои им се нејасни. Иако сум полнолетна има многу работи кои не би ги зборела дома,а овде сум пронашла корисни совети.
Мислам ако може уште 2,3 пати да повториш. Патем...а зошто? Не се расправаме, дискусија е, тоа се прави на форум. А ти колку години имаш? Некаде годините и не се мерило за зрелоста. Мене не ми смета разновидноста и во полови и во возраст. Има пријатни млади девојчиња колку и непријатни повозрасни А сепак, индивидуално ги перцепираме па така, ако еден лик (што може и да е измислен овде) мене ми се допаѓа, на другите може ич. Неубаво би било да ограничиме членови од можноста да прашаат, се информираат и се доизградат. Каде да се упатат? На сајтови за под 18год? Па кој таму ќе им одговори на прашањата? Има добри теми кои бараат вклучување на поопширни мислења, и ако не можат да одговорат, доволно е само да читаат, стварно има што да се прочита. Колку што има различни карактери и личности, толку ситуацијава и не може да се набљудува стриктно како црна или бела.
Ангел Адриана што ако е над 18, да не сите овде правите години си ги кажуваат? Ете јас си ги кажувам, нема ни што да скријам додуша, ама има девојчиња по 12 години се пишуваат 20, што е тука страшно. Не можеш да го забраниш форумов едноставно. Башка тоа што форумов доста деца израсна според мене. Е сеа друга приказна е што има деца и деца, деца кои од мерак да ги читаш, мили ти се, една таква е Памелче, душа од дете, освен одвреме навреме кога ја карам за школо , Марун5, срце е а малечка ќе кажеш, и еден куп други сега да не ги набројувам. Но има и безобразни деца, такви накои безобразноста им се чита на очи, како онаа со лажните слики во Модни Критики, ПисЛавБаскетбол мисла беше, Морети, дрска, безобразна и вулгарен изглед, иако да ја видиш на сликине абе ангелче е, мене ми е едно толку симпатично дете што од мерак некогаш ја читав, ама отвори модни критики и види и ги сликите инстант ти се згадува , башка ја приметуваш дека стаила лажни слики и одозгора курназ ти се праи, абе ја сум, мижи митро. Нема правила, има само домашно воспитание, дали едно дете е или не е домашно воспитано не можеме да знаеме, ете јас сум се воспитала сама па пак сум колку толку нормална личност, се е до личноста, има деца и деца
Па мислам дека треба да биде али и ако биде што?? 80 посто кријат те години,те пол....така што и да биде и да не биде исто му се фаќа,нема начин правиот идентитет да се открие!!!
Не знам зошто секогаш и секаде луѓето сакаат на некого нешто да му ограничат. Не ви се допаѓа тоа што малолетнички коментираат за секс? Одете на форумот на МПЦ, таму никој не коментира за секс.
Јас имам 25 години. Точно е и тоа. Памелче, Марун5 и др. се многу добри и мили. Од една срана е и точно што го викате, ама јас си стојам на моето мислење. Но како сте тргнале можете и да ме ставите во мисла и да го сменам мислењето. Поздрав