Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Треба ли форумот да биде 18+?

Дискусија во 'За форумот' започната од majatri, 17 декември 2009.

  1. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.967
    И јас би рекла да, ама со оглед на тоа што секој може да си напише било каква дата на раѓање не знам ни дали би било успешно. И ако разгледаме од друга гледна точка, секој има право за да се едуцира а особено помладата генерација.Особено оние теми за кои не се спремни да разговараат со родител а тука можат слободно да прашат и да разберат некои работи. Сепак фемина е виша сила не е играчка :)
     
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    100.605
    Пол:
    Женски
    Да не треба и да има горна граница за годините?Мислам навистина. |( Годините воопшто не се важни ако се почитуваат правилата на форумот,и секако форумџиите.Не значи дека ако има над 18 ,ќе пишува квалитетно.Граници не треба да постојат,во тоа е и убавината на форумот,да се прочитааат различни мислења.А ако има некој на кој не му одговара атмосферата,самиот се оддалечува.Погледнете само колку има регистрирани членови а не напишале ниту еден пост.
     
    На owl-ribbon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sarricka

    sarricka Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    26
    Секако дека не треба,не затоа што јас немам 18 год, но на овој форум научив и се едуцирав за многу поими и нешта за кои ми беше страм да прашам некој близок,а верувам дека не сум единствена :)
     
  4. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    140
    Секако дека треба да биде +18 но како тоа ќе го ограничиш кога секој има пристап и можност да напише било која дата. Мене повеќе ме нервираат машкиве, на форумот кои премногу досаѓаат со ЛП со вулгарна содржина, а особено оние кои се кријат позади женски никови и глумат лудило. Несакам да звучам феминистички, но зошто барем ова единствено женско катче не ни го остават на нас жените.
     
  5. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Зошто би било? Автоматски се дискриминира на тој начин!
    Ако некој сака да биде на форумов, ќе го зголеми пројот на годините во опциите и пак ќе биде дел од форумов. Со ограничувањата повеќе се поттикнува на престапки. Ќе мислат сешто и сакајќи да дознаат ќе има уште повеќе непотребни и неактивни корисници кои ќе доаѓаат само за да читаат.
    Башка, си постои опција на форумите да се сокријат одредени категории. Не дека е тешко да се стане член, но би било убаво кога поголем дел од темите не би биле јавни (за нечленови), со оглед на нивната содржина или идејата со цвеќенцето која одлично функционира: секој серизен, сметајќи дека во кафе - муабети не се бројат, со мислењата би стигнал до цветче кое отвара дел од темите кои не се за секој.
     
    На owl-ribbon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    Во никој случај!!
    мислам, има доста корисни работи и за под 18. :)
     
  7. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Се мислам подолго време дали да пишам,па ај ...
    Дали вие мислите дека и покрај тоа што ќе биде над 18 некој нема да стави лажни години?Еве за мене,добро ја стварно имам 100 години?Ете ставив 100,и сега и над 90 напрајте го ја имам 100.Нема везе,вие колку сакате ставете пак ќе има лажни податоци.
    Еве за мене.Еве и тука ке кажам иако повеќето знаат - јас имам 13 години.И што,неможам поише да ставам?Можам...И плус на форумов,незнам која форумџика имаше напишано : ние на форумов се изградивме како личности што е преточно.Од форумов за само една година колку научив,и од грешките што ги направив тука научив како во иднина да постапувам.Некои членки ми кажаа да не се лигавам и умислувам,да да 2 членки беа, и им благодарам од срце,се повеќе го мењам каракетерот,форумов,посебно темата СДК ми стана како книга...Сите теми ги отварам,освен оние што не ми прилегаат за возраста (сите од Политика и настани,Работа,Кариера,Љубов и Секс и можда има уште некои).Само јас си знам колку многу научив од форумов,како да се справам во некои ситуации,како да се однесувам...
    Што значи од мене едно големо НЕ за тоа форумот да е +18.
     
    На WarriorAngel, CharmedGirl и Someonespecial им се допаѓа ова.
  8. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.797
    Допаѓања:
    4.920
    Пол:
    Женски
    Според мене не треба да биде +18, а не ни може да се забрани.
    Немора да значи дека сме дечишта што им е досадно и нема што да прават. Има и такви, безобразни, ама во мал број.
    Што ако некому му треба совет а нема кому да каже? Јас најдов извесно прибежиште овде, катче од кое научив многу, сигурна сум дека и многу други нашле.
    Некои членови, што се под 18 повеќе придонесуваат кон форумот од некои со над 18. И јас, како LittleFairy, од овде учам некои работи кои придонесуваат да се изградам како личност. Споделувам тага кога немам кому и среќа која сакам да ја пренесам на цел свет.
    Можеби некои поинтимни теми треба да бидат скриени како што е критики за не толку храбри феминки, ама додуша ни тоа не би помогнало.
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Како прво не ни може да се забрани!!!
    плус тоа зашто би се забранило..кога и јас како девојче со под 18 години премногууууууууу научив,сеуште учам и ќе учам.Стварно има се на форумов што би му требало на некој во животот!!
     
  10. Bella2

    Bella2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    6
    Јас мислам дека само одредни теми на форумов треба да бидат +18 како брачните проблеми итн. Но тиа за мода нокти шминка слободно време проблеми со акни итн мислам дека би требало за сите да се достапни :)
     
    На gentle.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bella2

    Bella2 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2012
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    6

    И јас така илсам :)
     
    На gentle.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    Според мене не треба, затоа што има многу корисни работи и за под 18. :)
    А некои теми не мора да се отвораат, или пак на некому доколку му е страм да разговара со родители, другарки... може тука :D
     
  13. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    За некои теми посебно секс и оние интимни доживувањања, како на пример секс во тројка ,тоа вчера го прочитав.Се согласувате ли дека тоа не се теми за помали од 18 години .И ДА НАПОМЕНАМ ТУКА СЕПАК ИМА МАШКИ ЧЛЕНОВИ.Не велам за сите но кој знае од какви причини се зачленети. Сигарна сум дека има безобразни и ги интересира само секс.Токму од тие причини теба да се внимава на помалите од18. Благодарност на оние кои делат совети и го проучуваат женското срце.Треба да се внимава без разлика дали сме на фемина,кому му се доверуваме и во кои граници.Возраста не е мерка на паметот но ете во опшеството така се гледа на тоа
     
  14. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    искрено....јас од темата секс научив многууу а и што би ми правело проблем тоа.....За разлика од моите врснички јас бар сум информирана и кога ќе дојде време за тоа ќе си знам :)Познавам девојчиња кои на 13 години се скинати а појма немаат ништо во врска со тоа..дури една ми вика и дека кожичката што требало да се скине се гледала алоооооо дај информирај се.И многу сум и благодарна на фемина значи премногу работи научив и во темата секс и во сите други теми!!!
     
  15. the-dark-angel

    the-dark-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    38
    мислам дека имам и претходно коментирано и сеа пак кје кажам мислам дека не треба да биде 18+

    се согласувам со некој феминки и мислам дека треба одредени категории да бидат затворени но не сите. Добро е коа помалите имаат едукација можеби ќе не намали бројот на неедуцирани.:)
     
  16. pancake

    pancake Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    27
    Не треба, затоа што има многу корисни работи и за нас помалите а и доколку сака некоја што нема 18 да се зачлени, ќе ја смени годината на раѓање и пак ќе се зачлени...
     
  17. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Одредени теми да, али повеќето се корисни и затоа форумот не треба да биде +18
     
  18. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Не. Сметам дека ова е и место за тинејџери бидејки има повозрасни кои секако даваат добри совети. :)
     
    На lana.del-rey му/ѝ се допаѓа ова.
  19. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.993
    Не, зошто на секој му е достапен интернетот и секој може што сака да прочита и да напише.

    На какви будали им се дава право да се пишува (не тука де :) ) така што помалку е битна возраста.
    Ако не го прочитаат нештото што треба да е +18 тука, ќе го прочитаат на друго место.
     
  20. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Не.
    На форумов има толку личности под 18 години, и на сите им треба совет. Да прашаат некој поискусен и повозрасен :) А и исто така можат многу работи да научат од форумот. :)