Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Треба ли форумот да биде 18+?

Дискусија во 'За форумот' започната од majatri, 17 декември 2009.

  1. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    И мојот одговор е не :) Млади девојчиња кои се зачленети,повеќе можат на овој начин да се отворат и да прашаат дури и за онаа работа што никогаш никого не би прашале лично.Позитивното е што покрај тоа што ќе го добијат одговорот,тие ќе се информираат уште за многу работи кои ги чекаат во животот,а воедно со нас ќе ги споделат и стекнатите искуства :D Тука сме за да си помогнеме,споделиме искуства,нели ;)
     
    На solnishko му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tea.15

    tea.15 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Јас мислам дека не треба да биде 18+ затоа што има девојчиња кои сакаат да научат нешто повеќе во врска со некои теми. :) Јас на пример имам 15 години па не сум знаела некои работи и од тука ги дознав тие работи какви се и како се прават. Често го посетувам форумот иако тек сега се зачленив. :hai:
     
  3. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.554
    Допаѓања:
    5.900
    не-поради советите за сите членови и "нечленови"...+ тоа многу рано се впуштаат во сексуални чинови па и требаат совети или некои слични мислења барат...

    може да бидат одредени теми заклучени само за оние кои се логирани на фемина не...
    (да го има мислењето на гоогле,или темата на фемина а да не можат да ја читаат незачленетите во фемина...)
     
  4. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    644
    Мислам дека не треба.
    Секој сака да осознава нови нешта, да чита животни приказни на други луѓе, да дава совети и да стекнува нови искуства без разлика на возраста. :)
     
  5. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Повеќето членови се под 18
     
  6. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    и да биде над 18,не знаеме кој отвара,неможе тоа да се изведе.од каде да знаеме дали некој лажно се претставува,или не. јас тука можам да кажам било колку години дека имам,никој нема да знае дали имам толку или повеќе или помалку.
     
  7. Girl.in.love777

    Girl.in.love777 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    8
    Да не биде +18, али над 14.. Што е ова тука деца од 10 години го полнат форумот со глупости. |(
     
  8. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    А шо мислиш ако биде +14, тие шо иматат 10-11 год. ќе ја напишат точната возраст? |(
     
  9. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    На ниту еден форум не постои нешто слично, што па овде да се води дискусија.
    Е сега ако е за право, па и треба некакво ограничување, едно 12+ не ќе е лошо. Оставете тие муабети, ќе лажеле, ќе се претставувале како повозрасни.. точно, ама пак, ако има некакво правило малку поинаку е.
     
  10. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Во никој случај. :shake:
    Ако е до тоа дека деца од 10 години пишувале глупости и го полнеле форумот со глупости - барем јас не знам за гаранција дека тој што е 18+ ќе пишува само квалитетни мислења !?
    Ако е за тоа дека не треба да се чита во темите како секс и слично, тогаш навистина нема потреба.
    Ако јас сакам да се едуцирам на таа тема, постојат многу начини да го направам тоа. Па не е само форумов место каде што можам да прочитам нешто повеќе за тоа. Значи ако намерата е да се спречи пристапот на информации во врска со темата секс, јас ако сакам можам и надвор од форумов, на било кое место. Немам 18 години и форумов навистина ми помогнал да изградам дел од мојата личност. Сум научила толку многу работи, кои навистина се корисни во животот. Убаво е тоа што тука многу девојчиња можат да добијат совети од повозрасни и поискусни. Навистина форумов е корисен. А поготово за тие под 18, без големо искуство. Затоа што не знам кој денес би седнал и би разговарал отворено со родител на некоја не толку прифатлива тема. А совети и те како требаат. :)
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека некои одредени теми треба да бидат 14+. Ама сепак мојот одговор е не
     
  12. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    По мое, не треба да биде 18+. Туку 15+. :D

    Нека има femina.junior.mk за тие под 15. :D
     
    На Elena69221, Westlife и feminium им се допаѓа ова.
  13. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    даа ми се допаѓа идеата за фемина.јуниор.мк само да биде нешто како подфорум, мислам дека треба да се спушти границата на 13-14 и ние да имаме пристап до нивнот форум(бидејки има мноогу теми каде се бара совет од поискусни) а тие да имаат пристап само до одредени теми(пример слободно време,кафемуает..)(а другите да можат само да ги читаат чисто за едукација)
    на тој подфорум би имале свој теми како првиот бакнеж,микимаус или штрумфета... штознам нешто тинејџерско
     
  14. bliznacka

    bliznacka Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    37
    Еве некои и со 18 + се бетер од деца. Нив како ќе ги ограничите? |(
     
    На sweet-star, cresa-jagoda и Sara123 им се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.130
    Пол:
    Женски
    И да е 18+ ако сакаме да влеземе, ќе влеземе. Ќе напишеме дека сме 20 и ете ти. :D Не можете да не избркате ]:) :rofl:
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.445
    Пол:
    Женски
    Секако дека треба, овде се разработуваат сериозни теми и малолетни лица нема што да бараат.
     
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Не гледам потреба за такво нешто заради тоа што овде сме за совети и дружење. Така што мислам дека девојките под 18 можат само да научат нешто од постарите овде, некогаш ќе бидат искарани некогаш смирено советувани ама се е тоа добронамерно. Барем јас до сега не сум видела некоја постара феминка да советувала погрешно некое девојче.
    А и незначи дека ако се некоја година помали дека ништо незнаат. Има девојчиња овде што можеш да се чудиш каков речник поседуваат и какви зрели мислења постираат. Како и да е треба да бидеме малце поопуштени, посмирени и потолерантни за тие што се некоја година помлади од нас затоа што секој некогаш бил збунет и незнаел што се случува со неговиот живот па му требала правилна насока. ;)

    Е сега за несоодветни мислења и отварање дупли теми си постои пријавување на мислење и заклучување на дуплата тема. Ама па незначи дека тоа го прават само девојките под 18 тоа сите го правиме, свесно или несвесно ама сепак го правиме.

    Така што не, не сум за да се ограничи форумот на 18+ затоа што не се постигнува ништо позитивно со тоа, а и убаво вели Lella тоа може многу лесно да се среди. :)
     
    На Lella и Sara123 им се допаѓа ова.
  18. Milky.Way

    Milky.Way Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Не, мислам дека е добро што ние, девојките (и момците) под 18 години имаме место каде пишуваме за нашите проблеми и добиваме одговори, совети и мислења од постарите и поискусните, а имаме и можност ние да помогнеме некому. :)
     
  19. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Секако дека не!
    И ние помалите можеме многу да научиме од вас постарите.Секако тука не ее само категоријата секс.
    има многу други теми и категории кои ни се соодветни.
    И уште нешто годините не се мерило на зрелост.И ајде 18+ е и што не ли може да се кажеме како 20 годишни...
     
    На Lella и tinka-mace им се допаѓа ова.
  20. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Ти можеш да го читаш ова што го пишуваме и без профил овде. И што најмногу би ве интересирало вас помалите од нас поголемите? ;) Факултет? Фамилија? Бременост? Болести? На 13 години? Уште незнаеш каде средно ќе се запишеш. Немора да биде +18 не викам така, туку некаде 15+.

    А и да, годините не се мерило на зрелост, но неможе бре 14 годишна девојка мене да ме советува за љубов,секс, образование,фамилија или слично освен ако нема нешто преживеано како на пример смрт на некоја блиска личност (не дај боже) или некои трагедии. Си ја слушнала изреката "послушај,постара сум" ? Не е за џабе тоа. Не се восхитувам што сум во тие од 18 години и далеку од тоа дека велам дека сум многу паметна. Затоа велам дека треба 15+. Што може девојче од 11 години да го интересира? А има такви. Нивните мислења се с*ање со извинение, секако, со исклучоци.

    Па и во пубертет сте си, уште незнаете што сакате и секогаш вие сте во право. Никој не ве разбира. :) Знаеме, сме поминале од таму. :)
     
    На Lella и L-a-r-a22 им се допаѓа ова.