Мислам дека не треба да биде над 18 бидејќи и да биде така - џабе ќе биде,највеќе е до личноста.Доколку сакам да се мешам таму каде што не ми е местото одма во иста секунда и да е над 18 ќе го отворам профилот и ќе напишам 18 лесно е. Меѓутоа не сум таква и сметам дека не ми е место да давам совети и да се ставам на исто скалило со луѓе кои што имаат проживеано многу повеќе од мене и многу повеќе се разбирата во некои работи.Не треба да биде над 18 бидејќи од форумов научив многу нешта и многу од членовите ми помогнаа во некои работи за коишто навистина сум им благодарна.
дали за форумов има некоја дефиниција односно правило за тоа кој како кога треба да го користи???? има личности на 15-16 години многу позрели од некои кои имаат 18 така да немислам дека треба да биде 18+ Ова е мое мислење не значи дека и другите мора вака да мислат
За некои работи се слошувам дека треба да биде +18. Но едно прашање јас имам 22 и немам дете а некоја има на 17...тоа значи со годините сум станала поискусна од нејзе???????? Некој живее сам од 12 години со еден родител, а друг од 18 ќе ми кажете дека тој од 18 години е поискусен за да е сам? Се е до карактер, нема врска со години.
Не треба форумот да биде над 18 години.Не сме тука само да коментираме на теми, туку и да си помагаме меѓусебно, да се советуваме, а проблемите најчесто ги имаат најмладите. Сепак самите треба да сме свесни во која тема треба да се изјаснуваме, а не да солиме памет во некои теми кои бараат искуство.На пр. јас имам 18 год. и не можам да советувам некоја жена на форумот како да си ги одгледува децата или сл. Плус тоа мислам дека без некои девојки (кои немаат 18 ) форумот би бил непотполен. Позз Хипица
Eх да си беа сите фини и умни како вас двете немаше ни да има ваква тема дали да биде форумот 18+. Ајде поздравчиња до вас
Не, затоа што форумов повеќе е злоупотребуван од полнолетни кои мислат дека знаат се, а имаме помали членови кои се стварно за Оние кои се занесуваат можат само вода да им носат
Се согласувам дека треба да биде за над 18. Сепак има други сајтови и форуми на кои што членуваат помали. Искрено ми е преку глава од прашања од типот - „Имавме анален и ми сврши внатре, дали сум бремена? Имавме секс без кондом, неколу пати влезе и излезе ама не сврши, дали сум бремена?“ и слично. Мислам, не ми е намерата да навредам некого. Сепак на форумов има и посериозни теми и проблеми за кои често пати даваат мислења форумџики кои немаат толку големо животно искуство. Јас иако сум полнолетна, сепак не се осудувам да давам совети и да коментирам во сите теми.
Јас мислам дека немат врска годините. Тоа си е индивидуално. Нова сум на форумот но така прелистав неколку теми и гледам дека некои стварно коментираат секаде каде што не им е местото. Имам 17, скоро ке полнам 18, и знам дека неможам да давам совети и да попувам на некој начин, на некој кој што има поголемо искуство од мене, и е напред со годините Сепак овде сме да си помагаме, а не да одмагаме некому. Поздравче
Читајќи ги постовите на неколку мене драги девојчиња на форумов, стварно не можам да кажам дека треба да 18+... А, за останатите кои поставуваат за нас глупави прашања, не треба да ги игнорираме и да ги избркаме, напротив треба да им помогнеме. Па, може тоа девојче стварно нема кого да праша дали со анален секс може да забремениш! Па, девојки тоа воопшто нека не ве чуди. Не е грев да не знаеш, грев е да знаеш, а да не помогнеш. И покрај неинформираните помали девојчиња, тука има девојчиња и девојки кои размислуваат многу зрело. И тоа ме радува! Си знаат тие кои си се
Не .. Бидејќи и тие "помалите девојчиња" би смениле години 18+ и.. би пристапиле до форумот како и да е , и ја сум помала и не би сакала форумов да е 18+
so ogled na toa za kolku clenovi se otkri deka imaat staveno lazni godini (i toa za polnoletni,pisala 24,a ima 28!) sekakva zabrana vo vrska sogodinite ne bi bila uspesna
бокицка добро е да им се објасни,но мислам дека не на овој сајт има други страни каде има помали девојчиња и тие можат да си дискутираат на оваа тема тука барем јас мислам дека се дискутираат поозбилни работи
Па тоа девојче требало пред да се впушти во нешто такво подобро да се информира. Фала богу денес со интернетот имаме пристап до секакви информации, така што лесно може да дојде до одговори на своите прашање уште пред да направи такво нешто, а не после да кука по форумите. Но, како што кажаа форумџиките пред мене, секој може да излаже за своите години, така што би немало полза.
Несум јас која што ќе каже дали фоумов треба да биде над 18 но имам свое мислење , нормално дека ќе прочитам што ме интересира , тоа што не ме интересира а и не е баш за моја возраст ќе прочитам , но нема да коментирам . Никој сосила не не тера сите што имаме 16 па и што се помали од 16 да пишуваме на теми кои што не се за нас, ако ме интересира ќе прочитам сепак нема јас вечно да имам 16 нели?! Ако се чувствувам дека можам да дадам некој совет , а тоа што ќе советувам сум го искусила зошто да не?Нормално сега невикам дека е за 10 години ама за 16 и над 16 мислам дека треба да е достапен, зашто согледувајќи и читајќи од тука учиш и на туѓи грешки и се трудиш да не ги повториш истите.
Не бе,мене не ми пречи,освен кога се отвараат глупи теми и го загадуваат форумот.А инаку,нека си читаат по другите теми и нека си бараат совети на соодветните теми...нема проблем...
И мене ми е малку форумов "неозбилен" поради многу мислења на помали девојчиња.Отвараш некоја сериозна тема, да прочиташ нешто, и само читам некои смешни коментари( не зборам за сите, ама многу од нив). Да не зборам коментирање на теми каде што немаат ни теоретско, а камоли практично искуство. Ама од друга страна пак, кога ке прочитам дека имаат сексуални односи, пола и повише немаат појма ни од заштита, нити како им фунционира телото ни ништо, па кога ќе размислам, боље нека седат тука и нека учат хехехе.
Lux јас се согласувам со тебе но на пример има многу мали девојчиња кои што се овде за да си го трошаат времето затоа што нмаат друга работа. сакала да праша зошто утрово ја разбудил алармот? (од темата сакам да прашам) исто така и (темата што би смениле кај себе) одговор-Блузата само ме мрзи... Овде се дискутира за секакви работи и се согласувате ли да има 13 годишни девојчиња? Нема ли некој форум за 10+ па да ги упатиме таму? Извинете несакам да критикувам никого но овде неможам ни да побарам совет од каде да знам кој што ке ми одговори? А и од кој да побарам совет? од некој 7 години помал од мене?