Ајде сега правете ја големата од нешто што и онака никој нема да го регулира, а и нема начин за тоа. Ако мислите дека на некого конкретно не му е местото тука едноставно пишете овде на темиве или пишете му на модератор.
Не ја правиме големата Јас мислам дека дискутираме за тоа дали треба да биде форумов 18+. А и за тоа е темава нели? А и нема што да кажуваме дали на некој му е или не му е местото тука. Ме направи дека дискриминирам. Јас само кажав тоа што мислам. Дадов мој одговор на прашањето поставено како наслов на темата.
За тебе и очекував да дадеш некаков одговор. Јас веќе се изјаснив дека на деца под 12 години местото не им е на форуми, ама овде не верувам ни дека има помали, оние пред некој ден намерно тролаа. А освен тоа тролање во СДК или што појадувавте денес, не гледам 12-14-16 годишни ни совети да даваат ни да се пикаат во теми за Брак или слично. Тоа ним и така не им е интересно. Ако е за така, мене повеќе ми смета кога гледам полнолетни девојки со константно лигавење во поздрави, дупли профили (лесно се препознаваат) од кои си разговараат сами со себе, а понекогаш и контрадикторни мислења од двата профили колку да се крева галама на форумов или да се привлече внимание.. ама што дека ми смета, форумов не е на дедо ми па да си го уредам по мое, можам само да гледам. А кога некои деца го прават истото, не изгледа толку поразително зашто тоа и е детска работа. Само треба модератор да изреагира околу нив.
Има од 11 па нагоре. И не им е местото на форуми како што кажа. Значи до некаде се согласуваш со мене. А тоа за дуплите профили и лажните профили е сосема друга тема.
^^ Не видов каде се согласивме. Јас ви реков ако имате да посочите некој член што смета на форумов да го направите тоа во некоја од темите тука или кај модератор. Зашто ова се што се зборува е џабе, нема никој да го примени, а и интернет-просторот е таков што НЕ МОЖЕ да се примени. Тие членови што се досадни треба модераторите да ги решат. Можете вие на некој од 14 или 16 години да му забраните да си го поминува слободното време на Фемина само затоа што некои негови врсници не биле доволно зрели и трескале глупости? Тоа со профилите, ако не е дел од темата, сама го додадов.. мала паралела дe..
Секо ќе си пише онолку години колку што има и на таа бројка + Имало од 11 па нагоре, 12+,13+,14+,15+,16+ Нека си остане како што е, подобро е за форумот. И нормално дека едно 12 годишно дете нема да го интересира за темата брак, па затоа нема ни да се плетка во тие теми.
И која е поентата, тогаш сите помали од 18 ќе лажат за своите години. Ко да нема доволно лажење А и што, да не научат нешто лошо помалите од форумов? Баш напротив.
Е баш ја барав темава. Ај не 18+, ама барем 16+. Овие 11-12 годишниве го пополнија форумов со глупости. Разбирам ако не се информирани нешто да си прочитаат и да прашаат ама веќе стварно се започна со многу глупи работи. Научија дека се менува цветчето и само коментираат на сите теми колку побрзо да им се зголеми бројот на мислења И плус од преголема информираност по форумиве, а недоволна зрелост и недоразвиена психа помладите се се повеќе изложени да прават работи од преголема љубопитност и после глајте од зид мавајте ги
еве јас немам 18 години, ама откако сум на овој форум научив многу работи, добив одговори на многу прашања и дадов по некој совет и свое мислење. Мислам дека тие од 11-12 години сами ќе си заминат од форумот бидејќи ова не е баш интересно место за едно 12-годишно дете. И да надополнам, тука има многу кавги и преговарања и помеѓу повозрасни членови, па како може тие да се игнорираат така може и овие.. секако, нема форум без вакви работи.. секогаш има нешто слично
Предлагам при регистрирањето да нема ’’Колку години имаш?’’ туку ‘‘Дали имаш положено државна матура?’’ Гарант сите ке наседнат Инаку, не, не ми сметат тие под 18, не коментирам и без тоа на темите кои ги посетуваат тие.
Мислам дека не треба да биде!!!имам 13 години и тука научив доста корисни работи.Така да ако на некој не му се свиѓа слободно може да си оди никој не го тераме на сила
Дефинитивно едно големо НЕ! Да, точно е дека недораснати коментираат за се и сешто и сметам дека е паметно одредени теми да се заклучат и право на мислење да се добие кога членот ќе наполни 18 години. Но, убаво би било да може да ги читаат, затоа што можеби имаат некој сличен проблем или познаваат некој кој има (да не навлегувам). Но, да се забрани целиот форум би било жално, затоа што тука можат да научат многу работи и да споделат свои проблеми, ситуации, мислења... и не гледам ништо страшно во коментирање во темите со шминка, облека, книги, филмови, серии, музика и слични. Затоа мислам дека одредени теми треба да се заклучат, но ништо повеќе!
Јас мислам дека сите треба да имаат право да се зачленат па и по 8год да има на никој не ни пречи и јас не сум некоја многу голема!
Не мислам дека треба да биде 18+ бидејќи можат да се научат доста работи кои понатаму можат да помогнат.