Не треба да биде форумот. Има секакви категории може да се слушне совет, да се научи нешто, но ме нервираат некои поедници неадекватни даваат совети во љубовни проблеми и секс И гледаш после тролчињата имаат црвено цветче од сликички и што појадувавте денес.
Незнам што ви сметаме.. Но мислам дека би било подобро да не боде зошто вака само ќе си пишуваме лажни дати на раѓање и што сте постигнале??? И јас не мислам да одговарам на теми кои не се соодветни за мојата возраст.
Точно е дека има премногу теми кои не се за деца, а и според мене децата не се за на форум, дури и да не пишуваат на тие теми од љубопитство читаат гарант и со тоа главчето им се полни со непотребни работи за нивната возраст. Меѓутоа, мислам дека ништо не би се постигнало ако форумот се направи 18+ затоа што како прво, не мора да си зачленет за да ги читаш најголем дел од темите, а второ, нормално дека ќе се зачленуваат и понатаму со лажни години на раѓање, што и сега ги има во голем број верувам. А и онака повеќе малолетни се обраќаат на темите за секс, бидејќи на тие им е најмногу потребна помош, вака само би им ја скратиле, ќе не можат ни тука да го дознаат она што се срамат да го прашаат родителот. Крај краева, за кои деца збориме кога сите знаеме какво е денес детството?
Потполно се согласувам со Petunia-Queen и Primadonna. Ние од тука учиме работи кои ќе ни требаат и понатаму во животот.
Дефинитивно треба да биде барем 16+. Децава не знаат што значи форум, забораваат дека треба да имаат вистински пријатели и времето да го поминуваат во пишување домашни и дружба во вистинскиот живот. Покрај тоа, многу лесно се навредуваат и си земаат се при срце, посебно ако им каже некоја постара членка. Мислам дека можно е дури и да им се рефлектира понатаму во животот, во смисла да си имаат комплекси заради нешто што некој/а им го кажал на форум. Дете бе, колку и да сакаат да не е така, и јас би сакала да не е така навистина, ама деца се, и пред се е штетно за нив да бидат тука. И предлагам дури и банирање на таквите членови, најискрено. Ги гледам во СДК, се караат ли се караат која какви мислења пишувала, чии мислења биле побитни. А дете ко дете толку му треба, да му речеш дека е глупаво или нешто слично, и да го уништиш за цел живот. Има и исклучоци кои покажуваат одреден степен на зрелост, едно или две најмногу, ама другото дефинитивно треба да се банира, за нивно добро.
Дали треба да биде ?????? Па многу нормално дека треба уште за да се постави прашање е работава Па за се се зборува овде од секс, од не знаммм какви ли ти не работи а тое се го читаат и 12 годишни девојчиња на кои мајка им сеуште не им ни кажала што е тоа менструација Мислам стварно или да се банираат некои теми , или да се превземи нешто кога читам што пишуваат некаде се ежам. Јасс сум за 16+
Не дека помладите членови ќе отворат профил на кој ќе напишат дека се постари...Ич нема тоа да го направат.
Знаеме дека ќе отворите повторно профил и ќе напишете дека сте постари, ама во паметот не може да бидете постари, тоа е тоа што издава. Секако темава е хипотетичка, сеуште нема сигурносен метод за рестрикции и безбедност на интернетот општо, а не пак на фемина.
Сестра ми има профил во кој е напишана како постара, а никој неможе да процени дека е само 10 години. Како? Таа преќутува или размислува многу добро пред нешто да напише. Инаку веќе не се уклучува тука.
Според мене можеби не треба баш +18, но да има некоја рестрикција иако знам дека нема начин како да се изведе тоа. Убаво кажа Nymeria aко ништо друго, мислењата издаваат но не можеш пак ништо да докажеш. Некогаш не знам дали е тажно или смешно што СДК почна да наликува на Гламстик.
Мислам дека не треба да биде 18+. Како прво, како ќе знаеме кој колку години има? Секој може да пише дека е над 18. Како второ, тие што ги расчитале темиве на форумот знаат дека на некои очајно им треба форумов баш затоа што се помали. Ова е место каде што се инфорираат за многу важни теми, бараат совет и мислење, нешта што никој во нивниот живот нема објективно да им го даде.
И јас мислам исто. Особено темата за секс. Дури во трета година средно гимназија ни расправаа за секуално преносливите болести, за превенција на несакана бременост што јас мислам дека треба да им се каже на децата уште кога влегуваат во пубертет, а не по неколку години кога е веќе касно.
Има членови кои се постари од 18, а сепак немаат општи познавања, ниту пак знаат да пишуваат правилно. Па, годините не се мерило за зрелост. А за темите кои се несоодветни за деца, дури и да немаат профил сите можат да ги читаат, нели?