Целосно се согласувам со тебе. И јас сум малолетна, имам седумнаесет години. Погоре има наведено за петнаесетгодишна девојка што зборувала за искуството со анален секс. Демек факт било тоа што и да не им е дозволен форумов, тие ќе го правеле тоа но немало да го наметнуваат својот начин на однесување. Да поставам ви поставам едно прашање: Дали кога вие бевте тинејџерки не се правело вакви работи? Секако дека се правело и се уште се прави, и ќе се прави понатаму. Единствената разлика е во тоа што порано не се користеа форуми, не се зборуваше за тоа толку јавно. А и од каде можете да бидете сигурни дека таа девојка (ако е и девојка) има петнаесет години? Кој може да потврди дека таа не измислува и сето тоа го има доживеано, а не слушнато од некој друг или прочитано на некоја интернет страна?
Вистинското прашање ќе биде како ќе направите да биде за 18+ Како на оние порно страните ќе направите , Are you 18+? , која будала ќе стисне NO? Факт е дека што и да ставите и направите ќе има некој начин да се помине тоа и да се гледа .
Мое мислење е дека Фемина е еден од најпосетуваните сајтови воМК баш затоа што нема дискриминација по години, образование, интелигенција, искуство, поглед на свет, вера, па и по пол. Секој може да си најде свои теми кои го интересираат, секој може да отвори своја тема. Се развиваат дискусии, се разменуваат мислења.Може да се најдат корисни работи, релаксирачки теми, да се побара совет и сподели мака, радост. Јас на пример си имам теми кои ми се омилени, а некогаш барам што ми е потребно и верувајте тука сум нашла навистина нешто што ми требало, а од се срце споделувам сопствени искуства. Малку ми се чудни темите ШТО ДОРУЧКУВАВТЕ, ШТО ЈАДЕТЕ ВО МОМЕНТОВ ,ИМЕ КОЕ ГО МРАЗИТЕ, и сл. но можеби на некого му се интересни и ПОТРЕБНИ И ЈАС НЕМАМ ПРАВО ДА ГИ ОСУДУВАМ .За секого има тоа што му треба. БРАВО ЗА ФЕМИНА!
Нема теоретски шанси да се спречат децата да влезат на форумов и да споделуваат свои мислења. Секој може да лаже за своите лични податоци на интернет. И вие сте биле деца па сте пораснале. Се сеќавате ли на кој начин сте созреале? Ова е нивен начин. Не гледам ништо лошо во тоа што ги отвораат темите за секс, бидејќи подобро е да се информираат на време за некои работи доколку не им држат предавања во школо или не се блиски со родителите. Па после се чудите на се што ќе прочитате во темите како Дали сум бремена? Тоа се или неинформирани тинејџерки кои стапиле во прерани сексуални односи или некои на ваша возраст кои немале пристап на времето до вакви форуми. Ако ви сметаат не им го забранувајте пристапот, туку помогнете им, советувајте ги како треба а како не. Бидете вие тие зрели личности. Спојлер Баш сум се фатила за темата “секс“
Си има теми и за помладите и за постарите.Не гледам причина да биде 18+.Се зависи од нашите интереси.На пр. јас го поминувам времето на форумџиски игри,а кога ке си дојде време ке ги посетувам и другите теми.Се сложувам со QueenElena.... Поздрав
Спојлер Не,далеку од тоа дека ти незнаеш да пишуваш...ама тоа што го пишуваш... :geek: Да,да,да и уште едно да! Само прашањето од Yipman е големко прашВање...
НЕ секако дека не ,не зависи возраста годините туку до паметот е барем јас така мислам . А и ако ние малолетните ни треба некој совет или неш друго да можеме да се обратиме кон вас така не е? А и немора да кажиме дека сме малолетни може да напишеме дека сме постари и нема да знаете за тоа така не е? И затоа форумов треба да е за сите ! Фала за одвоеното време
Тоа што јас го пишувам се мои ставови, а ти ако не се согласуваш со нив...добро. Тоа е релативна работа. Ако тебе не ти се допаѓаат, не значи дека не се во ред. П.С Не се пишува „незнам“, туку “не знам“. И за да не бидам оф-топик: Ако ви пречат децата на форумот, не ги читајте.
Swrci само, се чудам, зошто да биде над 18 кога некогаш ти се однесуваш како тинејџерка во постовите? Не сакам да навредам, само ти кажувам дека некои тинејџерки се повозрасни од тебе... Те молам, задржи ги сите работи во тебе или боксирај вреќа, само немој тука да шириш негатива. Таков впечаток си ми оставила, така ќе биде, ако почнеш да се расправаш, верувај, нема да оставиш полош впечаток на мене, туку и на другите членови на фемина.
Од една страна ги разбирам и повозрасните, зошто не ги оставаме на мир и им досадуваме, ама од друга страна ние вака учиме. Благодарејќи на постарите членови учиме работи кои се корисни и за понатаму во животот. Подобро од кога ќе подпораснеме да се инфоримираме доволно од категоријата Љубов и секс, одколку да не знаеме на 18 години ништо за тоа и да отвораме вакви глупи теми како тука, например дали може преку бакнување да се остане трудна!?
Има некои членови кои забушаваат,не се однесуваат според годините,да речам,но има и некои кои си се стабилни,не се караат,даваат совет кога е потребен.Не знам,искрено,дали би требало да биде форумов 18+.
Да.Затоа што на малите деца се знае дека местото не им е на форум.Треба да уживаат во детството,има време кога ќе пораснат и ќе дојдат на форуми.Ама џабе им збориш(пишуваш) кога никој не те слуша(чита),исто ко на дрво да му збориш.
Бев за не ама сега сум за ДА! Бидејќи се повеќе и повеќе малолетнички поставуваат глупи прашања и теми.
Јас мислам дека на секој пред да се регистрира треба да му биде поставен тест кој што ќе ја одреди зрелоста на таа личност...како превенција. Но знам дека има многу форумџики кои уште немаат 18, па не мојш да ги приметиш, бидејќо се понапредни од своите врснички, а од некои едноставно те боли главата...не знаат еден асален муабет да направат. Има исклучоци, има. За се има.
^Какви би биле тие прашања кои би ја одредиле зрелоста на некого?Преку тест на интернет тешко дека ќе се одреди зрелоста на една личност.Освен тоа,може некој друг да го реши,па тој "незрелиот" пак да пишува на форумов.
Не ме разбра...не знам зошто сега би се трудела да ти објаснам. Зрелоста не може да ти ги определи годините. Тоа беше само предлог, мислам стварно. Тоа не би можело да ги сопре малолетните да бидат на форумов, туку само оние што се као деца во мозокот. Не знам како на друг начин да ти појаснам.
Мислам дека те разбрав. За болдираното си во право,но сепак и да се направи такво нешто,тој што е како дете во мозокот може пак да најде начин да се регистрира и по мислењата пак ќе се познае каков е.