Ах бе луѓе ние може да се потпишеме колку год и да сакам да никој од вас да не ја знае нашата вистинска старос? Од мислењата нема шанси вие да знаете кој колку е!Има некои кои се +18 а се однсуват како мали деца,а некои сосема спротивно!
Претпоставувам дека не е можно да се направи 18+, сепак постојат начини со кои малите ќе се закачат на форумот. Друга работа е што има млади членки, ама кои се навистина добри, паметни и пишуваат убави постови, кои се за ценење. Но! Она што во глобала го гледам, а знам дека го мислат и многу други постари членки (кои еве, гледате дека ретко пишуваат, се губат, немаат интерес), е дека Фемина како да е претворена во Гламстик. Фемина ја следам години наназад, и никогаш не била како сега, читам толку глупави мислења, неквалитетни, преполно е со оффтопици, едноставно имам чувство дека сум на Гламстик, а не на Фемина. Нема кој да чисти офтопици, да опоменува, да средува по форумов. Оставен е сам на себе. Засрамота ! Со исклучок на некои модератори кои навистина си работаат ефикасно.
Мислам дека на форумов треба да се зачлени секој што ќе се однесува како што треба,без оглед колку години има. Спојлер Понекогаш помалите можат да размислуваат и да постапуваат по нормално од по големите
Ако се користи правилно форумот тогаш годините не се битни!Се е работа на културата и на домашното воспитување!
Како што кажа atala треба да се има култура и домашно воспитување..и на крај краева неможи дете од 12,13 или 14 години да коментира во категоријата СЕКС!Мислам нема смисла.. И да ако се зачленуват и се ондесуваат како што треба навистина нема потреба да биде форумов 18+..оти има зачленети кои имаат 13-14год. и даваат навистина добри совети,и пишат квалитетни мислења
Искрено јас највеќе отварам во : -Живот -Забава и понекогаш -Убавина и мода Темата ''секс'' сум ја отворила еднаш или двапати од радозналост за какви дискусии станува збор и никогаш не сум помислиа да коментирам на таа тема, мислам глупаво ми е малку сепак не ми е уште време
Доколку дечките под 18, дискутираат во најнормален ред, со култура и така натака, нема потреба да биде форумов 18+. Неможи бе девојче/момче од 12-13 да пишува во темите секс,брак,бебе,бременост или сл. Штета што до сега имало такви.
Не мора целосно да се ограничи на +18, ама некои теми треба да се одвоени... и не зборам само за секс темите, туку општо има теми кои не се за деца.
Се согласувам потполно со ова! Инаку, сметам дека доколку може тоа да се направи, тогаш би гласасала ЗА, бидејќи доволно незрели работи се изначитав, особено кај љубов и секс. Исто и по 10 пати се прават исправки на текст бидејќи можеби некој не видел, па треба 10 пати меил да стигне -_-. Не мора да значи дека тие што се над границата не можат да имаат такви коментари, но, сепак, како што кажаа не би сакала ова да се претвори во Гламстик.
џабе ! и да биде 18+ форумов пак други ќе лажат за година на раѓање , ене фејзбук е 18+ ( или 16+ незнам како беше) и сите деца од 7 год. натаму имаат фб пс. форумов може да се направи 12+ по мое мислење значи да биде за тинејџерки и за возрасни