И да биде 18+ ќе си влегуваат девојчиња од 9-10 год и ќе се праат демек многу стари и ќе коментират во тема за односи демек се многу стари...
Мое мислење е да биде 15+ т.е од средно школо па нагоре, сега проблемот е тоа што и помали ќе влегуваат лажејки дека се постари, па затоа и нема некое решение за тоа
Не треба да е 18+,нека читаат и малолетните нешто да се информираат,ако неможат од мајка/сестра. Само немаат потреба да лажат за годините
Јас лично мислам дека не треба да биде за над 18 затоа што јас лично од мноогу одамна шетам по форумов и барам мислења и одговори на прашања за кои не сум се осудила лично да ги прашам или и без воопшто да прашам некое прашање на форумов, ама да мислам дека треба да има некоја граница во однос на годините И секако, нема никаква потреба да лажат за годините, и онака форумов е анонимен
Не Има многу теми кои се интересни и за нас, и од кои можеме да научиме, така да мое мислење е дека не треба да биде над 18. Единствено можете некои теми да ги скриете од нас кои сме под 18, иако јас лично не ги читам, има МНОГУ кои ги читаат па и коментираат Тоа нема да вреди, секако дека можат да си ги сменат годините...
Се сложувам со RockNroLLGirl. Да можат и тиниџеркиве да гледаат ако немаат со кого да се консултираат. Ама џабе, пак можат мали деца да гледаат.
затоа што форумот нема да се направи да биде +18 па колку и ние и да инсистраме на тоа јас мислам да се направи следново: Да биде задолжително внесувањето на години при зачленување но и за постоечките членови. И каде што е аватарот годините да бидат објавени еве како вака барем нема да читам мислења на членови за теми за кои сметам дека треба да си поискусен за да дадеш одговор. Не дека нема да лажат и овде , тоа го знам но нека им служи ним на чест. Знам дека до сега годините стоеа кога ке го отвориш профилот на членот ама вака сметам дека е по прегледно , немора секој поединечно да го отвораш.
Тој што сака да се зачлени може и да излаже за годините.Сепак не до 18+,за да можат и тинејџерките да се информираат.Јас не ги ни читам темите за брачни проблеми и сл а не да давам мислења,така даа..
Јас мислам дека немора да биде над 18 бидејќи еве на пример јас сеуште немам 18 ама никогаш не сум коментирала на теми каде не сум искусна.Но имам многу работи научено и има теми кои што се корисни за мене.На пример бидејќи учам медицина многу имам корист од здравствени проблеми,алтернативна медицина,освен тоа најмногу сум на мода и стил,коса,тело,лице,образование,литература и уметност,филм и тв,насмевка,другата наука,фитнес и тн.. И плус не сум се заинтерсирала за брачни проблеми и тн па не ни коментирам таму.
Јас мислам да е 12-13 +...Точно немам 18 годнини али нема шанси да се мешам у теми како што се врска-с*** или ако некој има пробл.на работа..Пошто не сум дорасната да кажувам на некој како да нема пробл.на работа .Пошто не личи на девојче од 12-13 години да пишува во теми кои се за ВОЗРАСНИ колку и да мисли дека е дорасната
Тинејџери и возрасни се тамам. Годините не се мерка за тоа како некој размислува. Помалите често пати знаат да бидат ‘‘поголеми‘‘ и да размислуваат позрело. А таму каде што не сме компетентни, нема збор дека не смееме да осудуваме и да се правиме паметњаковци, ама форумов не се состои само од тоа Има многу категории каде ние можеме да дадеме совет и мислење, па и за таквите теми, зошто не би се искажале ако сметаме дека знаеме нешто повеќе? И добро кажале, џабе ќе се направи тоа 18+ или како и да е, секој може да се пријави како повозрасен, така да, таа идеа според мене-в канта.
Не мора да биде 18+, туку кога некој ќе се зачлени да има опција да ја внесе вистинската возраст (да не пишува „Мора да бидеш постар од бла бла години ) и потоа автоматски да се заклучат одредени категории ако личноста е со помала возраст. Не знам колку е изводливо ова, ама би било добра идеја .
Nema potreba.Ubavo ni e vaka na kup.Plus ne sodrzi forumov sodrzini sto bi im nastetile na tie pod 18.
го споделувам твоето мислење и потполно се согласувам.Не треба да се мешаме каде не ни е местото.Јас на форумов научив многуу работи,и знам дека допрво ќе учам <3 <3
А ако биде 18+ нема да лажат за годините? Цела тема отворена за нешто што буквално исто ви се фаќа,истите корисници си се вртат кој сака може да се зачлени не само на форумов туку на цел интернет е така
вака имам 14 год.и не планирам да се мешам у теми у кои мислам дека не треба да се мешам,колку и да мислам дека сум дорасната.И што ако ставите над 18 години?Пак ќе се направат лажни профили и што сте направиле?А башка тоа што ќе тропаат глупости по форумов и ќе се брукаат...Прво :Кај може 13 годишна па и 14 да се меша у работи за возрасни бе??Глејте си ја книгата а не да цмиздрите за дечковци.Да на форумов има многу што да се научи али не се мешајте у теми кои не се за вас...Како што поедници праваат али неќам да ѓи спомнувам да не се навредат