па на 1-та страна покажува кај се коментирало.Па мислите дека 13 годишна треба да коментира у тема,како проблеми у брак,на работа??Без навреда али некој колку и да мисли дека е дораснат неможе да пишува во теми кои не се за негова возраст.Имам добар пример но ајде нејсе,да не испадне големата .. т.н од мува слон
и знам пошто имам 14 години и знам у кои теми НЕ треба да пишувам и до кај ми се границите..ај да не се караме ја си го кажав моето мислење кој како сака нека ме свати али неќам никој д акривам
Нема потреба форумот да биде 18 +,бидејќи има теми кои се соодветни и за 12-13 годишни на кои им се потребни совети и спред мене во ред е да се помогне на помладите и помалку искусните,кои можеби се срамат или не се во можност со некој да разговааат за истите. Но,сметам дека нема никаква потреба ,како што кажаа некои членки погоре,да се пишува во теми за кои се нема никакво искуство и познавања.Секој треба да знае според возраста и знаењето што го има за она што се зборува,што како и каде да напише и да не се создваат непотребни и неконструктивни мислења. А за заклучување содржини,не знам колку е тоа можно,со оглед на тоа што многу членови не ја пишуваат вистинската возраст. Кој смета дека треба да чита некои содржини,тоа може да го направи и доколку не се најави,така да ако сака ке отвори и ќе прочита и тоа не може да се спречи. Но,доколку секој во согласност со годините и познавањата пишува во одредени теми,нема потреба од препукувања и несогласувања.
така е ,тоа е то што јас сакав да го кажам...и да секој според својата ВИСТИНСКА возраст да пишуа во теми кои му доликуваат
Според мене не треба. Свесна сум кои теми се за мене, а кои не. Категоријата љубов и секс, речиси и ја немам отворено. Мислам само еднаш влегов во онаа сингл. За поголем дел од темите не сум доволно компетентна и искусна за дискутирање.
Ако знае да даде соодветен коментар, зошто да не искоментира девојче од 13 години во тема за брак и слично? Таа ако смета дека може да помогне на некој начин зошто не? Секој од нас би сакал да се посоветува или да дознае нешто што го интересира... значи сакам да кажам нема врска годините, сега барем во 21 век, нема некој што незнае нешто, можеш да видиш девојче од 10 години кај што ти поставува прашања за секс...
мислам дека нема потреба но сите да си го знаат местото и да коментираат на теми на кои се искусни и имаат познавање. Не ми се допаѓа кога некој малолетници коментираат во темите за љубов и секс колку и да мислат дека се искусни сепак не се ! Се во своја граница
Јас мислам и да се направи над 18, некој може да пише и лажна возраст... А иначе секој си знае до каде му се границите...
Зошто реално не може да даде соодветен коментар! Каков совет може 13 годишно дете да и даде на 33 годишна жена со проблеми во брак? Врз основа на кое животно искуство ќе го базира тој совет? Лани имаше неколку обиди фемина џуниор да се прелее и на посериозните теми и знаеш што се случи? Само на Реинбоу и се отвори повеќе работа! 12, 13 годишна ќе пишеше нешто (да не речам- истрескаше) и штом друга членка ќе и реплицираше или ќе и се спротиставеше со мислење, малото веднаш си ги викаше другарките на помош па настануваше општ хаос и препукување. Тие теми и вака се сензитивни и малку е потребно за да еруптираат па само уште мислења на недозреани деца фалат. Се знае која тема за која возраст е Инаку, не сметам дека форумот треба да е за 18+.
Мислам оти има теми кои се за над 15 години, сепак не е во ред да читаат се и сешто помалите. Треба некои ограничувања.
не, понекогаш помалите се соочуваат со поголеми проблеми од нас „возрасните“. Зарем на девојка што рано западнала во „оние“ води и останала трудна треба да и биде одземено правото да побара совет на форумот?
Убаво би било тоа, ама толку многу теми ќе се запустат. Апче за ден потоа и Дали сум бремена без посетители ќе останат