Како прво, и да биде форумот забранет за малолетни, кој може да гарантира дека нема да излажат и некој/а од 15 се претстави како да има 25. Второ, имам јас овде и помали другарчиња, 17 годишни, така да на прашањето дали треба да биде форумот 18+, јас велам НЕ. Инаку, јас се зачленив на мои 15 години.
нема логика да е 18+ кога децава веќе на 14-15 години почнуваат да бидат сексуално активни, вака барем ке имаат можност да се едуцираат
Јас велам НЕ за ова. Прво, никаква корист нема да има ако се направи форумот да биде +18. Второ, и јас бев малолетна кога се зачленив на форумот. Плус има многу членки што не се +18 па имаат многу поквалитетни мислења од некои што се +18. А повеќето категории се и за полнолетните и за малолетните. Секако јас на 15 години (толку имав кога се зачленив на форумот) не би пишувала во темите за брак, секс, бременост, ама во темите за мода, убавина, образование, музика, филмови, кафе-муабети, форумски игри, хороскоп и многу други би пишувала. Па и категоријата Секс не мора да биде +18 затоа што има многу што на 13-14 години ќе запливаат во тие води и добро е сите да прочитаат туѓи искуства и да знаат кои се последиците. И да се направи +18, повторно ќе има малолетни што ќе лажат за своите години.
Јас сум за делови да бидат 18+, делови 22+, а во општите делови да се забрани малку глупости тресење. Зборувам за глупости од нас, децава да не читаат толку. Ама... Не е изводливо, така што, се останува на групната свест и совест на сите нас како колектив.
Кога би се зачленувале повеќе личности како некои од малолетните редовни членови (се знае на кои мислам) и кога доста од повозрасните би се угледале на истиве во ставовите и нивото на дискусија, форумов би бил многу попрекрасно место.
За жал или за среќа, на форумов малолетните имаат издржани ставови и се крајно пристојни, за разлика од некои 25+ год.. Годините не се мерило..
Комплетно целиот форум нема потреба да биде за +18, има многу корисни теми кои можат да им бидат од корист и на многу помлади иако постојат и такви кои и не се баш соодветни за нив. Како и да е, џабе дискусија за ова кога станува збор за анонимен форум каде секој може да се претстави како што сака. А и секој треба да биде свесен за својата возраст, нема логика некој со свои 13 години да дава на пример совет за брачен проблем на некоја возрасна жена.
Не треба да биде +18. Има доста корисни работи кои можат да се научат од форумот или пак да се побара совет/ постави прашање, па и за личности под 18 години.
Не. Доста совети има тука за сексуални односи на пример, што се од корист за тинејџерки. Од лично искуство...