Извини меѓутоа ти се роди научена ? Не гледам причина да не се приклучуваат девојчиња под 18 години.Никој не се родил научен и треба да научи нешто од форумов.А за горенаведените постови верувај дека има девојчиња кои имаат 18 години и повеќе,а сепак испраќаат такви мислења.Годините не се мерило на зрелост и доколку ти не сакаш да побараш совет од некој кој е помал 7 години има девојчиња за кои ти си поголема 7 години и сакаат да се упатат некаде за совет. Поздрав
Тие теми се баш затоа. Ако не си приметила и девојки од 20 години го пишуваат истото не само тие под 18 или тие што се 7 години помали од тебе. А за совет, нема да бараш од нив, туку ти ќе ги советуваш. А за твоите проблеми има и други кои што ќе можат да те посоветуваат, а ако толку те иритираат постовите на помалите девојчиња само прескокни ги Немој да ме сфатиш погрешно Јас само го изразив моето мислење... И да се надоврзам на темава: НЕ! Зошто да биде за 18+? Кога има и девојчиња од 13 години кои што размислуваат за 20 годишен човек и повеќе може. А некои што имаат 18 години па размислуваат и се оденесуваат бетер од деца. Бетер, Бетер... Така да мое мислење е дека не треба да биде под 18 Поздрав до сите форумџики
Еве јас имам 13 години и самата сум свесна дека јас небиможела да делам брачни совети но би можела на нешто друго за кое мислам дека е прилично доволно за мојата возраст за јас да одговорам на тоа.И мислам дека малку и претерувате од едно девојче вие заклучувате дека треба форумов да биде над 18 и се заради ЕДНА.. Дај малку размислете и стварно има администратори кои треба да одлучат за тоа и да секако дека ќе се прават лажни профили кај не се прават? На пример еве јас не коментирам на некои теми како прво не ги ни отварам што не доликуваат за моајта возраст.Секако дкеа ги отворам оние како убавина,мода и таквите.. Мое мислење
Росана, јас не можам тука ништо да направам , а и малите девојчиња треба да се информираат,но навистина има некои девојчиња кои што се зрели за својата возраст, има и исклучоци не викам не, да не се повторувам, и оние кои што се под 18 можат да направат лажен профил, така и тие што се над 18 ако сакаат да сокријат години може да направат дека имаат помалку.За тие постови, не знам што да коментирам , понекогаш сите ние знаеме да си поставиме глупаво прашање,а ако некои постови те иритираат не мора да ги читаш , нели не сме обврзани се да читаме и да даваме на се одговор, форумов е доброволен, ништо на него не е присилно, а и плус администраторите се супер, па ни исполнуваат желби.А, да некогаш има и некоја форумџика неможеш да познаеш колку години има или гледа како помала за годините или повозрасна .И на форумов преовладува повозрасната популација , па сигурно некој ќе сака да ти даде совет, пак ќе кажам , темите кои не се соодветни за малолетничките , не мора да ги отвараат и да коментираат. Постои и опција ако сакаш да не читаш нечие мислење стави го во непријател еве прочитај Позз
значи вака, на форумот има девојчиња кои се под 18 год, а сепак степенот на нивната зрелост и размислување, комуницирање е на високо ниво. така да, нема потреба да биде 18+
Кога првиот пат ја видов темава на 2 страна видов како формуџика во коментарот напишала дека некоја 15 годишна имала некое искуство бла бла бла значи ете нејзино мислење го почитувам но она заклучува по едно девојче кое нема друга работа за која мислам дека форумов е зафрканиција и кога ти е досадно уклучи се и пишувај глупости дека треба форумов да е над 18
И јас се согласувам. И колку и да не сакаме ние помаливе девојчиња да читаат за работи и проблеми на возрасните (зашто тоа им е далеку нели и не разбираат толку), тие нема да бараат и да читаат од друго место? Ако веќе сакаме нешто построго, самите нивни родители треба да се грижат за нив а не ние. Барем во поново време има секакви програми за родителска заштита. Затоа сметам дека младите дами не треба да се исклучат од тука, (побрзо нека се исклучат машките членови ) ама пак сум и против тоа тие млади дами да даваат некои безмислени коментари на посериозни теми, затоа што има теми кои одговараат на секој возраст како на пример: што не нервира најмногу и сл. Уфф се изморив....
Значи сакам да замешам прсти во оваа тема задари една причина, далеку од тоа дека ќе навредам некој, до администраторите секоја чест за форумот, Сметам дека на форумов му треба поголема контрола. Свесни сме дека не можеме да бидеме 24/7, но за таа поголема контрола треба повеќе луѓе што би го контролирале форумот. Што ми е идеата со сево ова, Доколку има Девојки што сварно би се нафатиле да контрлираат, имаат сериозен пристап на форумов моја идеа е да му се даде шанса да можат да стават тема или мислење во карантин со што главниот контролор би ги гледал празните теми и мислење и би казнувал со санкции и наместо заклучувања тиа би биле ставени во корпа. Имам 16 години, и не сметам дека треба да биде +18, може темите што не се соодветни на воздраста да бидат +16 или со шифра ама тоа сметам дека не е потребно. Благодарам на разбирањето, се надевам дека никој не навредив со моево мислење. Поздрав.
...се што сакав да кажам и без лажна скромност има ситуации во кои себеси се доживувам како многу позрела од некој постар од мене ...ма погоре се е кажано кој нема во главата џабе му е лична карта некој е глупав и глупав ќе остане до крајот на животот инаку да има корисници кои дефинитивно смараат на форумов ,,,ова не се однесува само на тие под 18 некогаш и овие постарите знаат да закачат некоја зелена за крај ништо лично ..
.и да имам уште нешто да кажам а и некои пред мене се пожалија на истото секој си има свое мислење но не секој го почитува туѓото дај стварно ..мислам тоа е мое мислење не мора ти да се согласуваш....
Ани ? 13 години ? Па јас сум скоро 11 години постара од тебе , а не добив таков впечаток . Браво малечко