Некако се чувствувам навредена,не знам...И јас имам 16 години па не се осеќам како мала незрела девојка...Не се согласувам со ова..
Мммм Прити, Вајлд Чајлд и ании имаат по 13 години па пофледни им ги мислењата. Подобро тука да се едуцираат отколку да затупават на фејсбук како оние од нивната генерација.
Не сметам дека форумот треба да биде 18+ ,затоа што така ќе се затвори кругот на информации за оние малолетните и само ќе се поттикне неинформираноста.
Па добро Прити не мораш да разговараш со нас,едноставно стави не како непријателки и готово.Сепак што се сака се може како другите форумџики можат?Како и да е твое мислење го почитувам,но сепак не си во право
Има многу и од 18 - 19 години што го прават истото, не можеш се да ставаѓш во ист кош во никој случај.
Во никој случај...Баш ''помалечките'' на форумот даваат мн.добри мислења и совети и со нив се води многу добра дискусија за разлика од некои други..Пример девојките кои го прават форумот ршум со бесмислени теми.... Никако над 18..Океј си е и вака..Годините не се мерило за зрелост...
И јас се сложувам дека форумот не треба да биде за над 18. Повеќето зрели коментари се од помалите по возраст
Таман работа да биде 18+, овие повозрасниве членови на форумов се вообразиле дека се најпаметни ( не дека сите се такви, има и исклучоци со кои може супер да комуницирам) мислам каков е овој коментар: или Помладиве излегоа покултурни, се изненадив колку се малди Аннии и Вајлд, дефинитивно би им дала повеќе години, барем покажаа култура и зрелост да дискутираат , а не да вреѓаат како некои овде.
Нема потреба да биде над 18, и јас сум многу позитивно изненадена од Вајлд чајлд и нејзиниот начин на размислување, како и од многу други малолетни челнови, за разлика од некои зрели личности кои очигледно си лечат фрустрации тука и се гледа нивното ниво на изразување. Ете Иренна го даде примерот
Па не треба. Не само заради примерите на Ирена, туку и од причина што баш тие помалите сакаат да побараат совет, и кога немаат каде доаѓаат на форумот. Кој би им дал совет инаку? Може само поубаво да ги прочитат правилата, ако воопшто ги читаат.
Прво и осносвно можам да си ставам и дека имам 30 години а да имам, 22..никојпат никој не може тоа да го знае. Тука срекавам многу девојки кои по начинот на делење совети не можам да преознаам колку години имаат...и не само за совети туку општо кога постираат. Тие деца, што се под 18 години, како ке научат ако не учевствуваат во таквии теми, па после ги карате зошто поставувале глупи прашања од типот дали сум бремена, ми доцни имав секс со кондом.... Секој човек има право на глас па не можеш на некој да забраниш да си даде свое мислење, а секако дека не можени ниедна од нас, да се држи стриктно до советите од било која особа на форумов, бидејки не секоја особа е компетентна да дели совети, овде сме морално да си помогнеме една на друга, колку толку да си се искажеме и да си се олесниме.
Јас мислам дека треба да е отворен за сите, секој може за се да се изјасни и да добие совет....да се разменат мислења, ставови...да се слушнат и идеи и мислења од сите возрасти
Како Вајлд и аннии 13 Леле девојки најискрено ве сметав над 18 Да не бидам офф топик не се сложувам со тоа 18+ И јас имам 14 па има некои над 18 а не знаат нормално да се однесуваат.Се сложувам со тоа гoдините не се мерење на зрелост
Не се сложувам за тоа 18+, само поради тоа што има девојчиња под 18 кои даваат многу добри мислења и се навистина зрели, за разлика од некои кои имаат над 18години, а се однесуваат незрело за свои години и ствараат само кавги и ги навредуваат останатите
сметам дека не треба да биде 18+ ..Па и јас сеуште 18 , па сепак многу корисни работи сум научила овде А има и теми за кои не се чувствувам компетентна да коментирам ... и си останувам воздржана Сами треба да си процениме , за што сме компетентни да даваме совети и коментираме .. а за што не како што спомнавте годините и не се некое мерило на зрелост
И јас не се сложувам со тоа форумот да биде 18+,годините никогаш,ама буквално никогаш не се мерило за зрелост.
И да биде над 18 секој може да направи профил со лажни години... И да годините не се мерило за зрелоста на еден човек!