не стварно се нервирам поради недораснати размислувања и многу пати ја исклучувам темата поради некои коментари.....а за информациите и помали од 18 може се да с епровере и да не се дозволе такви коментари....ги молам опдговорните да го прочитаат ова,секој на секој се луте за глупости.....и се грешка се сваќа,ако некој ништо не напише зошто никој не ме сака,ако комен тираш па зошто се пикаш секаде,стварно е детски,не дека сум бог знае колку голема ама не размислувам така...барем сум реална за секое мое мислење.поздрав
нема причина да биде 18+ , годините не се мерило за интелигенција и зрелост .... ама дефинитивно не треба да биде за личности со двоцифрена интелигенција
Не треба да биде. Девојчиња од 15 години остануваат бремени, пробуваат анален, орален и сл. Барем нека бидат информирани. И не само во врска со сексот, на многу под 18 год.и треба морална подршка. Секако ќе се согласам со претходните мислења, годините не се мерило за зрелост.
Magnolija Целосно се согласувам со тебе треба да бидат информирани, но никогаш не се знае од кого советот ке профункционира секој има различно мислење па и мали и големи,и не е проблем нека го споделат.На пример каква врска има ако девојката има 20 години а не размислува доволно здрело? Има и многу случаи кога ке ни се најде совет од некој помал,искуствата секој различно ги дожувува и во различно време(врски,разделби,секс и слично) Па и малите сакаат да си кажат што им лежи на душата преку некои теми па некој повоздрасен да им помогне,а не со понижување да се гледаат нивните проблеми. А за тоа со браковите не треба да се брцкаат малите,бидејки таму воопшто не ги собира!
Не сум за форумот да е + 18,просто им завидувам на младите тинејџерки што можат толку лесно да дојдат до секакви информации.Јас имам 31 година,и на мои 15-16 години беше многу тешко да пронајдеш било каква информација за секс,па дури и бевме воспитувани дека ако започнеме со сексуален живот пред бракот сме лоши,нечесни девојки. Па,и не е чудно после тоа години да ти требаат да се опуштиш и да се чувствуваш убаво во тие моменти.
Потребата за комуникација, размена на идеи и информации ја имаат сите нормални луѓе. Арно ама за се треба ниво и култура, почитување на туѓо мислење и нормално слободно да се искаже своето. Јас форумот го прифатив како медум каде ќе пронајдам нешто да прочитам, да се информирам, а понекогаш и да помогнам со некаква информација. Кодексот на однесување е кажан. Според тоа не треба да им се дозволи на некултурните, вулгарните и сл. да продолжат да манипулираат со членовите на форумот.
Џабе дискусии. Кога некој се зачленува може ако сака да пише дека има 18 и повеќе. Така да, џабе е и темава.
Јас мислам дека нема потреба да биде над 18 години, јас имам 17 и некој месец, и не се мешам со делење совети за кои не ги знам соодветните коментирам некои теми кои се интересни за мене... поздрав
^ Девојче, се согласуваш со Маренце, или сметаш дека треба да е сајтов за лица над 18 години? И ако мислиш дека треба да е над 18, што бараш ти 13-годишна овде?
кога веќе пишуваш со букви се пишува me too, btw каде има деца над 18 години, јас стварно не знам каде има и следниот пат пишувај на кирилица
Нема потреба, ова е женски форум.. си ги кажуваш проблемите, искусните ти даваат совет, а останатите читаат и учат да не ги прават грешките... Помалите се срекаваат со многу непознати работи, учат повеке... Некои не се поврзани со родителите, се срамат да отворат таков муабет, фемина е тука за тоа... нема потреба од 18+
Форумов не е еротски за +18. Има секс теми, може во заграда да биде напишано +18, арно ама има теми за љубов, за проблеми сексуални кои сепак иако правилно треба да се +18, може ќе им затреба и на помали девојчиња кои се сексуално активни. Сите ние сме биле деца, сите сме збеснувале во пубертетот и сме се однесувале како возрасни, многу од нас биле сексуално активни и под тие 18 години, така да нема потреба од исклучување на истите на форумов. А уште друга работа е што како би ги исклучиле? Секој може да лаже за возраста, да напише лажен датум и да се однесува дека има 20 години а има 15, што е уште полошо. Плус има возрасни кои со своите да речеме 23 години се однесуваат како 17 годишна тинејџерка, која може да е позрела од 23 годишна девојка. Годините не играат улога во се и сешто. И ние сме биле деца и ние сме размислувале така и ние не сме сакале да бидеме исклучени од многу работи, така да нема потреба од +18. Постојано во животот се среќаваме со девојчиња помали од нас кои не ни се допаѓаат. И што правиме? Да ги исфрлиме од светот? Едноставно игнорирајте ги девојките и мислењата кои не ви се допаѓаат. Фемина е еден мал свет, добро е и да има девојки со различно годиште. Големите ќе си помагаат меѓу себе, помалите меѓу себе, големите ќе им дадат совет на помалите, ама и големите дознаваат многу работи од малите
ммм зашто? некои теми не ги отвараме ниту коментираме тие што сме помали... а за некои ви требА нашето размислување а и нам ни треба вашата помош
мислам дека треба да биди 18+, заради то шо имаат мало животно искуство во секој област и јас ако имам некој сериозен проблем со дечкото како би бе советувало 16 годишно девојче, кога шо се вели зборот уште дечко нема фатено, без навреда позз
Многу тупење за една банална тема. Да не ви побараа лична карта кога се зачленувавте??? Што и да се стави предупредување 18+ мислите ли дека некој ќе го почитува тоа? Да нема опција за воведување на годините бидете сигурни дека за многу личности овде нема никогаш да сфатите дека се малолетни. Додека пак некои луѓе, што читам дека одат на факултет, толку празни мислења пишуваат што кога им го видам никот го прескокнувам мислењето. Така да мислам дека мелите празна слама, кога пишувате мислења За или Против.