некогаш треба да ги слушате и децата т.е помалите... тие знаат да ги сватат работите на посебен начин...
Секој се пронаоѓа во одредена тема, дали од лично искуство дали од друго сепак споделува мислење. Ретко се оние кои пишуваат за теми за кои не им дошле ни на сон, но сепак така и тие сознаваат за работите кои можеби еден ден и тие ќе им се сретнат со нив.
не се слагам дека треба да биде над 18 години. некогаш требада ги слушаме и децата, а и тие треба да ги прочитат некои од нашите грешки што ги имаме споделено на форумот за да научат нешто т.е. да учат од грешките на другите и не само тоа пример девојка од 16 години не смее да дознае нешто повеке за косата што и паѓа и слично?
Сеуште дискутирате овде Аман бе девојки па џабе е....кога нема начин како да се стави старосна граница и да се контролира секој аргумент за или против овој предлог форумот да е за +18 е излишен зошто нема како да се спроведе Прашањево е колку темава има смисла?
^^ Темава нема смисла. А и да се стави граница, ко ја да неможев да ставам дека имам 18,19 па и 22 години?
Нема потреба која сака да гледа, ке гледа. И да има 15 год можи да пиши 20 и кој ке знае кој колку има години :geek:
Се сложувам дека годините не се мерило за памет,има мали девојчиња кои многу зрело размислуваат,а има и 30-годишни кои размислуваат како мали деца.Но сепак мислам дека форумот треба да биде +18 од други причини.А исто така имам забележано дека има малолетни форумџики кои пишувале во теми каде што стварно не им личи,па што си кажале мислење ајде нема врска,ама се фрлаат,се бунат и осудуваат кога некој има спротивно мислење од нивното.Има и такви кои не ни знаат што значи некој збор,а нашле памет да делат...Нема смисла повеќе да зборувам бидејќи и онака како што кажавте овде може да се лаже за годините.
ако биде форумов за над 18 малолетните од лубопитност ке се регистрираат и ке се преставет со лазно ид
и јас се сложувам форумов да биде за девојки над 18 или 18 год. а за лажни профили не сакам да слушнам
Јас мислам дека одредени категории треба да бидат 18+ Стварно е претерано како 13 годишно девојче пишува во категории на работното место, политика и настани, и проблеми за снаите и свекрвите.
И јас се согласувам. Јас на 13 години надвор сеуште народна играв, а не по форуми да пишувам за снаи свекрви, и политика. Премалку години се, за да можат да се сфатат нештата како што треба. не мора 18+, 16+ нека биде, важно нека има некоја граница за некои категории кои можат да бидат вознемирувачки за таа возраст.
Ама не може тоа да се ограничи. Како ќе биде? Логично е тие да не се мешаат во тие теми, ама тинејџер како тинејџер сегде се пика кај што не треба. Забранетото му е најинтересно. Не може да се стави забрана. Не може тоа да се реализира. Ако треба да се напише годиштето ќе лажат. Така да не е возможно тоа. А и да има на одредени подфоруми оноа (+1 џабе, се е џабе, нема да слушаат. Ниеден тинејџер не слуша. Напротив прво што ќе го отвори е тој подфорум.
Да,за некои теми треба да биде над 18.Ама нема да може да функционира тоа,зошто ако сака некој да се приклучи на одредени теми ќе најде повеќе начини.Така да,добра идеја е-ама нефункционална.
И да треба, и да не треба нема начин тоа да се изврши во целост, зашто секој може да се претстави како некој што не е, така да бесцелен ќе биде секој обид.
Неможе да биде тоа исто ќе е како предупредувањата на Тв (забрането за лица под 18 години без надзор од родител или старател) ами сами ако се дома децата тоа повеќе ќе ги привлечи -љубопитни се сакаат да знаат се како во еден пост погоре што имаше напишано забранетото е најслатко А и секој може да си напише година на раѓање која што сака Би можело во случај само ако при регистрацијата се бара број на лична карта -ама пак тоа ја нарушува приватноста така да неможе ...
Јас мислам дека треба да биде 16+ зашто мене навистина ми смета девојчиња од 13 или 14 год кога ке побараат совет за дечко они уште на млеко мирисаат па дечковци,љубовни проблеми или совет даваат на некој 10 год постар од нив.Исто и за секс темите да ги читаат деца од 13 год мислам стварно не е во ред.
јас не мислам така,мој пример,јас сум 13 години и ме интересира свашта,и додуша премногу сум љубопитна за све! сакам да научам повеќе ствари,и не гледам ништо лошо во фемина,па зошто да биде над 18 или 16?ај лов фемина