и јас се сложувам, не треба да биде +18... има многу теми кои ги тангираат и помладите и кои се доста едукативни за помладата популација, башка кој сака може да излаже за годините
Не. можеби секс категоријата и слично може да биде забранета за помалите како 15- но сите други теми си се во ред.. посебно темите за убавина..секое девојче треба да се негува без разлика во која возраст е
Не сме некои за да кажуваме за правилата на форумов, но имаме право на наше мислење.Моето е дека нема потреба форумов да е +18.Прво и основно ако на некого му е намера да се зачлени, не би му било проблем да излаже за неговите години.Исто е битна и едукацијата на младите која можат да ја добијат преку форумов, а и сум читала многу паметни коментари и совети од девојчиња кои биле на многу помала возраст од оние на кои коментарите им биле на ниско ниво.Само единствена забелешка ми е кога веќе се регистрирал некој под 18 години, да коментира и да дава свое мислење на теми кои му се доследни со годините. Поздрав
Сум против форумов да биде над 18, сметам дека има доволен број на девојчиња кои се под таа граница а размислуваат трезвено и спремна сум да им симнам капа за размислувањата. А за оние ’чесни’ исклучоци, абе од кај ви текнуваат такви глупости? Ми се кења у ист момент штом прочитам незрела реплика, а не можам да се воздржам од читање на истите. Признавам, виновна сум, некогаш од сеир, некогаш од мака продолжувам да читам. Ретки се малите и паметни, подобро е да им се допушти да си го остварат правото на јавно мислење.
Мислам дека не треба, бидејќи на форумов можат да се најдат многу информации кои ќе им бидат од корист и на оние под 18 години. Од друга страна пак, сметам дека можеби категоријата "Секс" или пак само некои теми од истата треба да бидат за + 18
И јас мислам дека одредени теми треба да бидат за +18 ама се согласувам и дека на сајтов има многу корисни теми за корисниците под 18 години така што според мене треба некои да бидат + 18 а некои не! поздраф
Јас мислам дека на форумов треба да биде 18+ бидејќи има теми кои не се за адолесценти и теми за кои можеби нешто слушнале па коментираат или за теми кои воопшто немаат никакво искуство, па тие не можат да дадат совети.
Сосема се согласувам да биде 18 + и треба да биде. Ама кое фајде ? Како ке се проверат годините, ке бараме скен од ЛК или извод ? тешко остварливо .
Па што знам дали треба да биде .. има многу работи кои се корисни и навистина помагаат (ова го зборувам од лично искуство) и треба да ги знаат помладите. Имаше погоре кажано дека треба една од категориите да не биде достапна за малолетните корисници и со тоа сосема се согласувам. Како што кажав некои работи треба да ги знаат и помалдите, но некои и не. На пример јас, не сум се осмелила ниту да ја отворам таа категорија, а не да споделувам мислење, затоа што како прво мене ми е непријатно. А за тоа што некои не се однесуваат како што им доликува на годините, тоа да. Се уфрлаат, кажуваат како, што без доволна информираност .. но тоа го има и кај повозрасните. Исто беше споменато дека пак форумот не би бил тоа што е без некои корисници кои се малолетни. Тоа е чиста вистина и факт. А и ако се направи форумот за 18+, пак ќе има некои со лажни профили и нема да има фајде. Така што, што знам .. Ќе речам да не биде за над 18, чисто затоа што јас сум под таа граница .
Зошто мислиш дека некој ако наполнал 18, 19 whatever и веднаш преку ноќ созреал и е сосема компетентен да коментира на форум? Затоа што има лична карта? Сигурно на тема каде што на некого му треба помош од областа на информатиката, Марко Чалосан е многу покомпетентен да коментира со своите 10 години со сертификат за систем администратор на Мајкрософт, отколку ти. ^ Реално да правиме муабет. Јас не сум за тоа да биде 18+. А,како идеја е глупа, бидејќи нема начин да се дознае како некој член има или нема 18. 18+ ако има експлицитни содржини, а правилата го кажуваат спротивното(истото го пишува и на redtube, па во моментов милиони си го маваат на некој порно клип,а немаат 1
Леле јас па мислам дека годините не ја одразуваат зрелоста. прочитав многу „филозофски “ работи ( со исклучоци ) и верувајте имам еден куп материјал за сценарио.
ja so procitav nekoi mislenja...bogami...maski nekoi moze voda da vi nosat...kako ste raskalasheni tuka
Мислам дека не треба да биде под 18+ , кое фајде кога сите веќе знаат се, ништо не е табу, се сексаат од "мали нозе", абе напредна генерација , туку никој не треба да ги крие годините на профилот, чудно е зошто ги кријат, кога разговараш со некој треба да знаеш на која возраст ти е соговорникот, која мисла потекнува од каков човек, но иако ги кријат преку начинот на разговор може да се дознае и возраста (барем приближно), бројката не може да биде веродостојна туку начинот на изразување и капацитетот на познавања ќе ги открие
Не мислам дека треба да биде 18+, затоа што имаме прекрасни млади членови, кои се позрели од многу возрасни. Ама предлагам да се направи посебна категорија со предупредување 18+, во која би се ставиле сите теми со поексплицитни содржини, како на пример seks/najdobriot-seks-do-sega-koj-nema-da-go-zaboraviite-t500/?hilit=%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D0%B4%D0%BE%D1%81%D0%B5%D0%B3%D0%B0 Предупредувањето нема да направи многу, пак кој сака би си отворил, но доволно е да стои за да си биде чисто
Годините немаат врска со зрелоста. Некои девојки тука прашуваат за банални работи и на 23 години, а некоја 16 годишна знае се. Така да ова е форум, може да го користи кој сака во рамките на неговите правила (мое мислење).
Мислам дека секој кој е на форумов има причина зоштое тука!? Го направил тоа за да добие некој одговор, или за забава, или за трошење време, но сепак има и такви кои уживаат да се расправаат.. Дали некој е на 18 +/- год или ини ништо не означува за тоа колку се здрели или не се здрели, дали имаат некоја домашна-улична-општествена култура или не?! Мислам дека Билката имаше пишано во темата за Тролање мннн убава мисла„Игнорирајте се што Ве нервира или Ви пречи“(ако не е во таа тема не ми се лутите пробувам пред се да исчитам повеке од темата пред да се ставам на комент, па може и да ми се избркало по Виугиве некоја дрр инфоо ) ... Но потребно е да сме свесни дека највероватно на повекето од нив сепак им е потребна помош на ФЕмина**!!! ФЕмина**!!! ->>>>>>Тука мислам на сите ВАС мои прекрасни Феминки