Се додека сите постови се поткрепени со факти не треба... Од овие совети највеќе учат тие што се под 18...хаах
А ние што сме под 18 советите што ги добиваме? Мислев дека фемина е забавен сајт за информирање и забава,а не дека се мери по годините. И што ако некој на пример има 20 и нешто години, некој има под 18, што ако тој под 18 може да даде покорисно и попаметно мислење. Ајде нешто да се жалите ако навредуваме нешто, ама не сфаќам што ви пречи? За делот со судењето ако сакаш да кажеш некој проблем или нешто срамно што си направила ќе добиеш секакви одговори, за тоа годините не кажуваат многу, се надевам дека нема да морам да го напуштам форумов бидејќи на некои им пречело да ги судат. Ц ц ц сешто.
а како ќе се утврдува дали членот е 18+ или 18-? - да не треба копија од извод при зачленување да се стави.... - форумот е најпотребен баш на тие 18-.... поголема глупост од темава нити имало нити ќе има
јас сум под 18 и би ми било мака кога не би можела да бидам член,млада и неискусна сум па си читам се и го гледам реалниот свет .Предмалку читав на тема љубомора и шокирана сум не ми се верува дека такви "приказни" постојат инаку ми се допага тоа што има повозрасни на форумот со искуство и може да се научи нешто од нив за разлика од друг сајт што знам има само мали и пресмешни приказни и глупости и пола машки од градов го посетуваат и се смејат на бизарните коментари
Јас баш мислам дека на многу од девојките кои се под 18, би им помогнале советите од форумов. Знаете, немаат сите отворен и искрен однос со родителите и сестрите, па тука би можеле да најдат соодветен совет и размислување во врска со нивните дилеми. А и нема толку страшни теми на форумов кои би биле “опасни“ за малолетниците
Не разбирам зошто категоријата секс треба да биде забранета за -18. Се повеќето малолетнички имаат сексуални односи а и самите феминки сме сведоци колку се неедуцирани и неинформирани. Баш треба почесто да се посетува а не после да ги сносат последиците и да си ги упропастуваат животите. А и јас сеуште немам 18 и многу работи научив од овде. Ако не знам да дадам совет има постари кои можат тоа да го направат а ние помалите да извлечеме некоја поука и да научиме нешто. А и кога некоја феминка има семеен проблем со децата, со мажот, било што, зарем ние баш во тинејџерските години ништо не чуствуваме? Зарем не можеме да прокоментираме како би се чуствувале кога ние би се нашле во таква ситуација? Мислам дека сите коментари би требало да бидат добредојдени. Форумот е многу пријатно место и за дискусија и за забава и дружење
И да биде 18+, ако решил 12годишник да влезе, чита и коментира ќе го напраи тоа. Многу лесно, при логирање става грешен датум на раѓање и чао пријатно и така е анонимен форумов.
Многу точно .... Немам ништо против што е вака освен ако баш некои забегаат со безвезни теми и прашања,годините одамна не се мерило за зрелост може да има 25 а да нема 2 грама мозок и обратно девојки од 16-17 да се многу зрели паметни и секако од нив можеш да добиеш 5564 совет за разлика од некои ...
мислам дека не треба бидејки не само јас туку и многу други членки сме 18- и ова е навистина супер место каде што на некој нацин се едуцираме и уциме како да се грижиме за себе, стекнуваме пријателства (макар и виртуелни ) и едноставно прекрасно ни е... иако мислам дека би можело некои теми да бидат забранети за 18- позз
Многу е лесно да се зачлени и да се напише неточна дата на рагање. И да го направат форумот само за 18+ пак ке има помали зачленети кои поставуваат банални прашања, како на пример ми сврши во увото дали сум бремена. (со исклучок)
не напротив понекогаш со самото искуство на другите помага да се созрее или преброди некој проблем така да не
По правило не би требало да биде 18+, зошто очајно им треба некаква едукација на помладиве и пошто од дома сигурно нема да ја добијат, барем тука ќе бидат советувани. Ама понекогаш стварно се живцирам и премногу сакам на форумот да имаше девојки само 18+.
Не треба да биде...од проста причина што има дел од тинејџрите кои појма си немаат од мн. работи. На пр. тоа гламстик страната...се е тоа смешно,а истовремно и тажно...
можеби треба да биде (еве јас најдов да кажвам 14 годишна) но ете лесен проблем ќе напишиш дека имаш18 години,дека си роден на пр. 92.. зошто ако некој сака нешто да постигне ќе најде начин, ете јас на пр. не се мешам во темите брак, секс и сл. едноставно не сум компетентна и немам искуство тоа да го кажвам само можам некој совет да дадам кој може да биде и поразумен од некој со 25 години.. немора да значи дека некој кој има18 години размислува на попаметен начин од некој со 15, 16..сепак да не се делиме на Големи и Мали бидејќи големината не е во годините..
Нормално дека не треба ворумот да биде само за над 18 години. Има доста работи кои можат да се научат од форумот особено за тие под 18 години, како на пример во категоријата Секс. И не мора да значи дека само таа категорија едуцира, туку општо речиси сите категории, теми, мислења се на место. Форумџиките, тие по начитаните користат многу убав речник, убаво се изразуваат и можам да кажам дека некои речиници треба да се запомнат. Така да овој предлог не треба да се усвои.
Не треба да биде над 18! Сепак, секој би требало да си ја знае границата, според возраста. Јас сум под 18, и не отворат теми кај кои што немам искуство за да коментирам. А и лесно е да се каже дека си 18+. Мислам и да се спроведе ова, нема да има никакви резултати. Мое мислење!