Ајде идни невести, како идат подготовките? Има нервози, карање или си тече се по редот? Ви создаваат ли нервози и притисоци блиските? Јас цело време слушам како сите биле стресни, невестата особено, ама мене воопшто не ми е така. Можеби ептен навреме почнавме со подготовките, па се си оди како подмачкано. И сите само ме прашуваат, леле напорно ли е, којзнае колку е стресно, трчање натаму наваму... Мене баш ми е ок. Иако само со мајка ми имам расправии понекогаш, како вчера да речеме. Ајде, фалете се, жалете се.
Бев возбудена за самиот настан,а нервозна не.Се сеќавам и дека многу феминки тогаш им сметав со моите постови (поради тоа што бев возбудена и само за свадбата дрндав). Ама само тој што поминал, знае какво е чувството. Само ме секираше бременоста т.е бебушко да е во ред. А од оној муабети дека тој ден невестите биле ко муи без глави-не го поддржувам. Јас баш тој ден си бев присебна, се си држевме под конец со маже, од подготовките па се до крајот на свадбата. Најбитно е се да ви е спремно на време. Најчесто нервози се појавуваат ако некој доцни, нешто се заборавило и сл. Затоа список во рака и прешкртнувајте се што сте ставиле на видно место. Ако има потреба и потсетник правете, битно да си знаете се што каде ви е. Еден совет од мене: се да ви биде испланирано до час за денот на свадбата (пример во 9 на фризер, 11 на шминка, 12.30 облекување фустан, 15 доаѓање на младоженецот, 1540 излегување од домот на невестата оти нели се игра плус надвор, 16 заминување во матично инт инт итн, се надевам ме сфативте што ми е поентата). И да, целата финта е да си фатиш сите работи на време, а не да чекаш 3 дена пред свадбата. А тој ден Господ дава сила. На сите им велам, штом јас бремена 7ми месец цела свадба играв и не седнав да одморам (освен за вечерата) секоја друга би можела.
Ако на време се почне, нема многу нервози. Јас имам уште повеќе од месец, ама се си е средено и многу релаксирано. Секако помага што од почеток со вереникот сите работи сами си ги одлучивме, избравме, договоривме - за ништо до сега никој не се мешаше, од ниту една страна. Додуше и од старт знаевме што ни е битно и што сакаме. Се надевам дека и до крај ќе биде вака смирено, и јас им се чудам на сите што ми зборат за стрес и кавги пред свадба
па нервози немаме се си тече топ. Карање не иде во предвид па и свадба и се ни е закажано толку рано што уште сега можам да финиширам со поголемите обврски. Што ни остана... Јас и мојата неодлучност што со косата иако фризерот ми е закажан, јас и мојте штикли што морам да ги купам до петок ме нервира ограничувањето на време и се треба да планирам однапред баш поради времето и смените на работа. Но воглавно 90 % се е ок весело и насмеано
Јас имам уште два и пол месеци па скоро се ми е спремно Мајка ми ми велеше дека е рано,да не се оптоварувам уште сега,ама сега вели -поубаво што почнавте на време. Да нема после нервози пред свадба. Матично,црква,ресторант,фризура,шминка,торта- се е закажано,списокот на гости направен,фустанот порачан,чевлите купени,материјалите за бонбончињата се купени ,почнаа да се прават едно по едно,китенките купени,за декорации во ресторанот зборував со жената,така да ќе ми останат уште распоредот на гости по масите-тоа мајка ми ќе се занимава,да се купи нешто за дома за декорација на дворот и собата кај мене и каде што ќе бидат сватовите,и оделото на младоженецот уште не е купено ама тој знае дека ќе биде црно,па нема да биде многу комплициран.Бурми гледавме,отприлика знаеме каде и кои,па и нив кај и да е ќе ги нарачаме.Поканите ќе ни стигнат другата недела,фото студио-закажано исто и музика. Сметам дека со тоа што почнав порано,нема да имам многу нервози таа недела,две пред свадбата. Нормално,мислам дали ќе ми ја погоди фризурата,дали ќе ме нашминка природно,фустанот ќе испадне ли убав,такви работи што мислам дека е нормално Убави ми се овие подготовки,не ми причинуваат нервоза напротив задоволство.А и никој не ми се меша во нив ниту свекор,свекрва ниту мајка ми.Секако дека с о мајка ми се консултирам највеќе,и немало некои големи кавги.Единствената беше што не сакав да правам бовчи,а инсистираше барем на свекор,свекрва и золва да им купам.Јас бев категорична,но таа не ме послуша и земала почнала да купува по нешто-на свекрва ми костим,на свекорот сакала панталони,кошула,кравата,на золва ми и порачала ташна,новчаник и парфем од Авон Нервозите се јавуваат кога веќе некој не знае што сака,и кога се спрема 5 за 12 Јас имам список на се,и едно по едно се елиминира. Ете золва ми пример,кога ја викнаа на прва проба за фустанот,ко мало дете плачела пред цел салон зошто не и го погодиле фустанот Секако дека на крај испадна супер,нормално е на проба така да биде.Почна д а урла дека не прави свадба,се да се откаже,сите не испотресе а најмногу мајка и и татко и На мајка и не и даде да ги носи фустаните што ги купи за нејзината свадба-најверојатно зошто ги бираше со мене,и ја однесе на шивачка да и напрват фустани по нејзин вкус Ова ми е премногу детско однесување и јас не би си го дозволила. Трема верувам дека ќе имам по малкууу,а и пак ќе бидам тажничка ама тоа е
јас имам уште 4 месеци и ништо не ми е спремно освен ресторан и музика. Трема за сега немам, нервози уште помалку а и ги избегнувам. страиве се обидуваат да ми ги наметнат ама не се давам. Да е жива и здрава мајка ми знам дека за се ќе се погриже од уредување до бонбони китенки и сите тие тракатанци така да затоа воопшто јас нема да се секирам имам целосна доверба ја бива за такви работи. незнам понатаму како ќе биде ќе ви пишам пак, за сега единствено сум неверојатно пресреќна што ќе си ги видам пријателите сите на едно место после толку години.
Нема да правиме огромна свадба, туку денска прослава после матично со најблиските, 60-70луѓе, па со оглед на тоа, ни матично ми е закажано, ни ресторан, ни фустан, ама баш ништо... Уште сум преукопирана и замислена, само си викам со бебчо да е добро, а се ова било или не исто ми се фаќа. Знам кој ресторан сакам да биде, знаеме одприлика која дата ќе биде, само да договориме со матичното, знам каков фустан одприлика, само да најдам шнајдерка Знам.... само... не му се замарам ич Нервоза, напнатост, што е тоа??? Опуштена сум и релаксирана до крај
Бидејќи не сум мажена, ќе кажам за моја другарка. Таа однапред кажа дека се со повреме ќе си спрема, бомбони, фустан, разни тракатанции.... Значи со месеци однапред, без нервоза и стрес, натанане си се спремаше малку по малку. (Така и финансиски не се оптовари, бидејќи без брзање најде и одбра и поефтини работи, а и секој месец од платата си даваше дел за тоа). На крај кога се наближи денот од свадбата, нејзе се и беше готово и речиси немаше никакви обврски и трчање!!! Башка, се имаше под контрола, бидејќи без брзање помалку грешки правиш, помудро купуваш, и помалку стрес имаш.
Јас сум многу нервозна, можеби поради тоа што се ми дојде некако пребрзо, веридба во февруари, свадба во мај , како да не сум свесна уште колку малку време ми преостанува, бонбончињата денес планирам да ги досредам,за китенките треба да работам турбо или па ќе ги купам, 150 денари за една главна китенка е многу, ама ќе морам да одвојам ако сакам да заштедам време и дополнителни нервози. Уште не сме се виделе со музикантиве да се договориме за музиката, ама тоа не е проблем, тоа им е работа на нив, доволно е да кажам да биде по весело .Имам некои дилеми околу ресторантот што ме мачат, тоа со замп и тоа што дознав дека обично петок и сабота свадбата траела до 01.00 а кај мене во договорот пишува 00.00. Можеби без потреба се нервирам, ама дека се ми се собра па излегува на површина. И најголемата главоболка-бовчите, среќа за кумови старосвати не спремам бовчи, ама свекор, свекрва, деверот (кој е мал и не знам што да му купам), ахх.. ќе ми обеле косата ќе мора да ја фарбам за фризура п.с. а да не правам муабет за тремата за свадба
да се присетам .... Нервоза немав некоја којзнае колку голема, онака си ја терав на тенане и воопшто не бев свесна што се случува. Најбитно ми беше тој да дојде здрав и жив (не беше тогаш во државата, работеше во странство). Се сеќавам, во петок сабајле палам кола одам по венчаница па потоа на аеродром да го чекам (а во сабота свадба). Сама, не дозволив никој да појде со мене. Така сакав, и тој прв момент прва да го видам и да пуштам по некоја солза. Дома хаос од жени и муабети и сакав да избегам на момент од тоа лудило. Го чекам на излезот и скоро сите излегоа само него го нема. Ме фати мала паника, знам се чувме дека полетал а го нема. Си помислив сигурно нешто царина го зеза и немирно чекав. И од еднаш здогледувам огромноооо Вини Пу мече и знаев дека е тој. Е тој момент не се опишува. Утредента уште позбунета и јас и тој . Таа убитачна трема мораше некако да се убие. Започнавме со с.кс и завршивме со 2 чаши виски. Е сега може да започне свадбата Цел ден се смешкавме и крадевме погледи
^ ^ ^ Колку убава приказна Мене пред свадба ми се случија неубави работи така да имаше и нервоза и трема и се.Ослабев многу,па проблеми со фустанот итн Не ви посакувам на никоја тоа што ми се случи мене,ама баш убаво што читам дека на време сте си почнале со подготовките,мирна да ви е главата. Кога ќе почне свадбата ,се се заборава и трема и нервози,не можеш да не си весел на тој ден. Немојте многу да се оптоварувате-ќе видите за еден ден колку сте се замарале,ден што ќе си летне брзо. Не вредат ни нервози ни карања по дома,само релаксирано
Изгледа почнувањето на време со подготовките е пресудно за свадбата. Јас да бидам искрена, да не беше идниот ми маж толку внесен во свадбата тешко дека ќе поминев без нервози. Он е тој што речиси се организира и договара. Ептен му е мерак. А за трема ме мавна едно време прилично силно, иако живееме заедно толку време. Не знам зошто, едноставно ко да се свестив дека со тој човек ќе бидам до крајот на животот и тоа е тоа. Ама сега како иде времето се повеќе се радувам.
Само еден мал совет би ви дала до идните невести - не се трудете толку да на секого му погодите/уговеете затоа што тоа е невозможно. Гледајте да биде како што на Вас Ви одговара и ви се допаѓа, зашто знам дека старите и околината околу Вас е навистина заморна и жива потресена што и како ќе биде. Едноставно самите си ги комплицираме работите. Место да си опуштен тој ден и да биде Ваш ден, ти фрчиш дали е се во ред, каква ми е косата, шминката, фустанот, милион честитања со шлапање по образи -знам колку иритира ... Убаво е да си ја тераш на тенане и кога ќе пукне тупанот (како што велат старите) знај дека веќе е се завршено а за рака те држи тој што те сака највеќе на свет.
Бидејќи ние си ја плаќаме свадбата, скоро целата, не даваме ама баш никој да ни се меша. Иако има уште мноооооогу време, мојата работа е таква да цела есен сум по 15 саати на работа, јас си почнав со најглавното-списоци. Се да си имам на хартија, па кога ќе биде време, да не трчам ко мува без глава. Вереникот е уклучен и возбуден исто колку и јас, а да не кажам дека во исто време спремаме и стан... Така да, план си е план!
Мислам дека голема улога игра и не/мешањето на родителите. Кога братучед ми се женеше, мајка му беше одговорна за се. Поточно самата си се назначи за таа `функција`. Од избор на хотел, музика, китенки, торта.....ама баш се. Невестата не можеше до збор да дојде, речиси не беше ни прашана за ништо. Зетот речиси ништо не можеше да направи бидејќи мајка му си е таква, многу напорен и тежок карактер со кој не се излегува накрај. Затоа е битно, последниот збор околу се да го кажат младите. Сепак тоа е нивна свадба и нивни ден, а секако се добредојдени и добронамерните совети од своите родители.
Потребно е да се уживаме во подготовките за свадба. И мојата свадба се наближива , за еден месец, и ме фаќа трема околу подготовките. Скоро се ми е подготвено, останува уште китенките да ги нарачам и оделото на идниот маж да го купиме. Бидејќи он е на диета и слабее. Сепак додека не засвири музиката, постои двоумење и паника околу тоа дали е се како што треба.
јас не сум во подготовки за свадба, а мислам дека и да дојде до такво нешто за 48ч. ма какви 48,за 24часа се ќе решам што се вели сметам дека подготовките не треба да бидат стресови и нервози,зошто и тие се свадбата, не е свадбата само дента,туку периодот од донесувањето на одлуката па до судбоносното ДА. Инаку,ние жените сме такви,по природа сакаме се да ни е под конец.За обична свдба на некој роднина се туфкаме како и што ќе биде,дали ни е арна фриизурата,да не ни спадне шминката итд...а не пак за Д денот Така да од друга страна пак и ве разбирам. Но колку повеќе успеете тоа да го смирите во себе,и што побргу се доведете во light состојба,толку подобро за вас
немав време за треми и нервози за свадбата 24/7 бев на работа немав можност за такво нешто и да сакав..пред тоа се распрашував ве читав другарки ми кажуваа волку време ти треба толку ти треба јас луѓе мои абер да се немало одлучив се одма немав мешании ни од моја ни од негова страна се сами си одлучивме со мм поубаво од тоа нема имав помош од сестра ми и братучед ми многу ми се најдоа (заедно ги направивме бонбончињата за црква) китенките, поканите и бидермаерот од интернет ги бендисав , ги нарачав . венчаницата исто така до нет ја видов ја однесов на шнајдерка со 2 проби ми ја направија топ . бевме еден ден до ресторан решивме и тоа. направивме списоци претходно. шминка и фризура закажав по телефон . еден ден излегов сама купив чевли и ташна, другиот ден по некој поклон ( демек бовча , имам пишувано во тема бовчи) и уште еден ден со мм бевме по бурми и поклон за мене и за него ! толку... нема потреба од шетање со денови драги мои ..само уживајте ..
Ја закажавме 4 месеца однапред, јас го купив 2 месеца пред свадбата фустанот. Се сами си закажавме, одредивме време, гости, и се по наш план. Имаше многу мрчења од крокодилката, ама за жал се беше по мое. Јас и маж ми правиме свадба не таа . Јас многу и многу не и обрнував внимание ( живеевме и пред брак заедно) зошто тој ресторант, зошто во толко часот, зошто толку гости ма чисти глупости. Јас си чекав да си дојде денот и си се смешкав. Смеејќи си ги завршив сите работи. Не се замарав многу за китенки, бонбончиња, декорирања сакав само јас да бидам спремна и убава и се да ми излезе како што замислував. И дојде и денот. Јас среќна насмена, не бев ни малку под трема ( освен кога влезе маж ми во мојата соба), добро се сеќавам на сите детали и поминавме една убава и многуу весела свадба.
Се ближи денот Д аааааа пеперутките во стомак ми работат а јас се осеќам се помирно и помирно лагано сталожено со се сум при крај