1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Трема и нервози околу подготовките за свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од RainBow, 24 април 2012.

  1. sabatini

    sabatini Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    437
    Пол:
    Женски


    Карак мила да си поминете најубаво посебно ти биди ми цел ден насмеана без гризи и без замаранје дали на сите им е погодено...Тој ден е само твој и само ти прави си како сто сакас .....Узивај и не се замарај....Ти посакувам прекрасна свадба да си имате сто понатаму кога и да се потсетувате ке ви се искрадуваат насмевки.... Цувај ми едно парце торта хахаха..... ;) :* :* :* :*
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Ви посакувам да си поминете најубаво на светот, а пеперутките почувај ги во стомак уште малку преубаво чувство е! ;) Одвај ги чекам моите пеперутки пред свадбата! Се ќе биде во ред кога ќе си го видиш љубениот како влегува по тебе во собата! :inlove:
     
  3. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    свадбата ја закажавме 9 месеци порано и некаако цело време сум онака еееее има време има време а сега 2 месеци пред свадба сум онака :o кога летна времето ...и почнувам интензивно ...фустан , стикли па гостите ги пишуваме па сега ке почнам китенки бомбони бла бла бла и некако од време на време ме мава паника
     
  4. kristina123456

    kristina123456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    една пријателка на мајка ми плачеше бидејки имасе една недела до свадбата а фустанот усте не и бил готов т.е бесе бремена и требасе да се просирува кај стомакот
    ама за дзабе плаценејето бустанот и бесе готов 2 дена пред свадбата :)
     
  5. Nice.girl

    Nice.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Еве мене на пример ми е заморно сето тоа малтретирање, па покани, па канење на луѓе и се тоа, од една стр. затоа што несакам такви раб, а од др стр затоа што сум бремена па лесно се заморувам, а за фустанот ич не се замарам тој побрзо бидна (за 4 дена), отколку што најдов чевли за мене ги барав 2 недели и никако да најдам саглам чевли со точен број, имам мала нога и се ми е големо или пак треба да се чека да донесат ама кај и да е ќе морам и тоа да купам.И свадбата многу брзо ја закажавме, односн оод веридба до свадба има поминато месец дена само и се така набрзинка ама при крај сме со подготовките, а за тоа дали има се допаѓало на гостите или не, не се замарам битно е мене и на моите најблиски да ни е убаво и да поминеме убаво, а луѓето секогаш ќе зборуваат имале повод или не.
     
  6. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Мојата свадба и официјално е договорена за 15ти Јуни следната година. Немам трема ни нервози. Ме нервира само што често ми се качува притисокот а моите тоа го толкуваат како нервоза, и тоа ми создава нервоза навистина. Сум била под стрес |( Не е вистина.
    Денес си го купивме златото, ги спремивме бовчите, го спремив скоро цел чеиз. Го закажавме ресторанот, си обрав фустани :) Купив штикли, одбравме торта, направивме листа на гости, овие денови ќе си закажиме и во матично. Имаме кум и девер. Сликање, снимање и покани ќе средиме деновите. Декорацијата на ресторанот и по дома - закажана и одбрани цвеќиња. Маж ми си одбра костум и све остало. Веридбата ни е на 26ти Јануари. До тогаш ќе биде се средено.
    Точно е дека на почеток имаше нешто, повеќе еуфорија отколку трема. Ептен ми беше криво што нашите не се сложуваа за ресторанот за свадбата, ама сега кога тоа се среди си повлече и други одлуки со себе. Проблем е што тој е од друг град, а е традиционален. Не ја бидува тој да доаѓа по мене па да се враќа назад да се венчаме па пак тука. Еден период ми личеше дека парите се проблем,ама испадна дека не се воопшто.
    Во припреми тука треба да се спомни дека си спремив територија кај свекрва ми. Ме заграби под рака и ми купи се што сакав. Многу е мила и модерна. Не е ни циција искрено. Гледам убав ќе е животот. Спремна е за мене и за моите глупости. Кутрата, не разбрала уште што зема в куќи :hai:
     
    На anabel-a, Snow-Queen, Adi888 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Стронгер, да не се породиш на свадбата :wasntme: ? :tmi:
    Те читам низ темите и мислев порано ќе биде свадбата, дека ептен си ангажирана со подготовки, а плус и поради бременоста... :^)
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    XstrongerX а кога ти е терминот за породување?
    Не дека сега нешто те паничам или слично-далеку од тоа....ама зарем до толку неможеше свадбата порано да си ја закажете,чисто ради тебе и твојата бременост.
     
  9. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Мојата е закажана за во Мај. Јас и не ни сакав толку да правам свадба, ама од неговата страна сакаат па нека им биде. Сега за сега ништо не сум спремила, чат пат кога ми е досадно барам фустани по интернет и толку. Сега пишувам дипломска, прво тоа да завршам. А после - отом потом. Има време за се.
     
  10. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    истото и јас го помислив некако не ми стои како добро идеја сигурно до тогаш ќе бидиш минимум 8 месец... како планирате да го изведите сето тоа ?

    ме изненади и тоа што се сте спремиле, од украсување на дворот до оделео за маж ти алал да ви е мојот го купи 10 дена пред свадба :lol:
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    ^мое мислење, да сум на твое место....покрај толку готови работи околу подготовките,дефинитивно би го поместила терминот.
     
  12. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    286
    трема не ама нервози :(
    секој втор ден перницата жива вода :doh:
    моите сеуште не можат да сватат, ги сваќам јас нив ама тие не можат да ме сватат.
    мама дури ми вика толку не ти е убаво овде шо се мажиш :worried:
    ни рекоа почекајте после нова година... сега пак зошто толку брзање... се избудалив :doh:
    факултетот немало да го дозавршам (уште неколку испити имам) платата не ќе ни стигала ;(
    не можам веќе се нервирам многу ;(
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.153
    Допаѓања:
    102.066
    Пол:
    Женски
    Ау мене каква нервоза ме фаќа две недели пред веридба, а не па за свадба, може до тогаш и ќе отрпнам а :D Не знам што ќе правев до 24 Март ако останеше веридбата, косава ќе ми попаднеше од нервози :rofl: Ајде држте се невестички ;)
     
    На Maroon5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    мојов оделото го купи 3 дена пред свадба бре, ама ние многу убрзавме нашата беше закажана за во јуни ама поместивме за 25ти февруари .. ем роденден на либето ем свадба,, поубав поклон за роденден не можеше да добие.. хе хе хе
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  15. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Глупаците ми го продале накитот што си го одбрав..... И сега треба да чекам 3 месеци да видам дали воопшто ќе се смилуваат да направат ист таков, а беше по мој нацрт... Ах, златен Голдмак, како не дадов таму да се прави!!! :@ ;(
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.153
    Допаѓања:
    102.066
    Пол:
    Женски
    Леле, па како можеле по твој нацрт да ти го продадат, не смеат така, па тоа е крадење на авторско право, срамота. А нацртот го немаш ти? Нешто да направиш, или пак да го нацрташ одново да ти го направат други :( Ех сељаци еј, јас вчера сфатив дека сите се ко хиени, само една ми фати око и од таму и купивме. Кај еден што влеговме што се вика тек отвараше, еден салон огромен, а празен внатре ништо немаше, вади прстенчиња од џеб, ко да се ситни денарчиња, од кај не извади, и јас му викам сакам мал дискретен прстен он ми вади прстени со Ајфелова кула на нив од циркони. Не сфаќаат луѓево кога ќе кажеш, мал прстен со едно камче, ако немаш кажи ми, не ме маткај. Ама битно на крај прстенчето ептен ме распекмези, многу е убаво :inlove:
     
  17. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Имам нацрт, секако. Сега фатив 300 врски во Голдмак да ми го направат, со нивно злато, а овие ај да не ги именувам со вистинското име, тек ќе си го добијат. Како не им беше срам, којзнае која цена ја извадиле! Плетка лудница, обетки ко од друга планета, а се е тоооолку нежно. Малку го променив дизајнот, бидејќи несакав да го носам истото, ми го утепаа кеифот, сега уште повеќе ми се свиѓа. Во главном, услуга ми направија, ама секако не е во ред... Ова си го заштитив во авторска агенција, золва ми ми заврши работа, па чик сега нека им текне да го крадат. Тужба, и ај со здравје. До душа Голдмак не се некој ропак од чаршија... ;)
    П.С. Честитки за прстенчето! :*
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.153
    Допаѓања:
    102.066
    Пол:
    Женски
    Браво што ти текнало да го заштитиш, камо да ти текнало претходно, ама тоа е што е. Супер што сега ти се уште повеќе по ќеиф. И ти благодарам за честитките ;) :*
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  19. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    До сега никој не ми суфлираше за ништо каква да биде свадбата, ситници, незнам што, а сега главата ми ја пукнаа!!! Поканите биле многу големи... Фустанот ми бил многу едноставен, не светкал, дур е со време да сум си нашла нов модел... Не светкал... И тоа кој ми збори, некој кој ме знае цел живот, едино нешто светкаво во моја близина се новогодишни сијалички... И затоа, сега бан на сите муабети за денот, се ќе дознаат у очи свадба, да не речам на сам ден на свадбата... Аааааа, ќе ги ланчам јас сите, па кајде мајка ми, таму и свекрва ми... :rofl:
     
    На karak и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  20. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Гледам јас последна сум пишала, ама пак некако си осетив потреба од темичкава... Како може ние да се растрчаме за секоја ситница, а господата мажи да се толку мрзливи да неможат за едно мочано одело да се решат??? Сите се исти, финеси се разлика. Пробај 10 и види! А тек па кондури!!! Овој мојов има едно ноџиште 48, и си знае каде може да најде - е не, не му правеле кеиф.... :^) Ааааааа, па истите само помали што ги гледаше несреќо, тие се! Е не, ови помали, поинакви биле, овие ко пераи... Епа што си растел 2 метра и кусур??? |( Ќе ме умре едно мочано одело... А за краватата може и за очи ќе се фатиме, јас сакам лептир машна или долга тенка кравата, он ненам ни во која класа спаѓаше тоа нешто што го опна на врат, кучето мое има многу сличен поводник на пример... Ќе се отрујам!!!!!!!!!!!! :@ :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На insatiable-b му/ѝ се допаѓа ова.