Еве наближува и мај, ми се мешаат трема и нервоза... Се нервирам околку некои недовршени детали. Некои работи за жал, последнатите недела-две ќе се решаваат и тоа ме нервира, а не зависи од мене се. Сакам кога ги имам работите под контрола, ама свадбата не е one man show. Ајде, мајски невести, споделете до кај сте со подготовките. Има ли трема?
Јас на пример сум до нервирање... Спремна сум тип-топ, гоподинот младоженец е премен тип-топ, сите најситни детали се спремни одамна, аранжманите се обмислени одамна, кетеринг и се останато средено одамна, ама мораше да ми се скрши филмот со цвеќето... Мај е месец на Божур цвеќе, ланиго имаше уште крај на Април а каква зима беше, годинава не е спремен... и така најблиску до неговата цена ми е ружата која воопшто не ја сакам, ама ајде најдов разни бои убави, па ќе помине некако. Ама ич не ми е ќеиф, ич. Ајде тоа, свеки и компанија не се спремни ништо, ни фустани, ни кондури ни ништо. Не дека се припотресов, ама ме напнаа. Ама ајде, ќе помине! Одвај чекам да дојде за да пројде, односно да не ја мислам веќе...
И јас сум веќе во оваа фаза . Изгледа прерано почнав со подготовките и пикот на еуфоријата ми помина ... Еве се брои ситно до свадба, а јас не знам ни тортата каква ќе биде (во име на мир во куќа оставив свекрвата да ја бира-се надевам бар за декорација на истата ќе ме консултира), распоред на гости не е направен (нас не чекаат да се вратиме во Мк), идеите за декорација на ресторанот се менуваат од ден во ден (за да се извади мах од предвидениот буџет за нив, а сепак да не биде светлосни години од првичната идеа)... И сигурно ќе излезат уште куп ситници кои сега не можам ни да ги предвидам ...Па ќе се решаваат адхок.
Јас немав трема и нервози околу подготовките за свадба. Не праввеме никакви адети, а со другите работи не се замарав. Како да не правев свадба.
Сите ми викаат опушти се и јас така некако од една страна сум опуштена, а од една не баш. Уште 5 недели до свадба има, а венчаницата сега треба да почнат да ми ја шијаат. Ресторан, црква, музика, покани и фотограф се е организирано. Има некои ситни работи што треба да купам бомбони, китенки за девер, кумови и старосватица, долен веш, да си купам за во коса некое украсче, накит... и знаете ситнурија некоја што нервира и е обврска каква и да е. Шминка и фризура си закажав и тоа една обврска помалку. Имам некоја трема така дали се ќе биде средено, да биде на место... но викаат откако ќе почне музиката се се' заборава.
конечно и нашата свадба ја закажавме за точно 20 дена е од утре почнуваме со купување на се што ни треба, само ме нервира терминот што е од 13часот значи тоа морам утре да го преправам бидејќи ресторанот е слободен и во вечерен термин а и вечерна ја сакаме да ни биде. Ресторанот има многу добро осветлување има ефекти како во диско да си ептен е убаво највеќе поради тоа ке го менам терминот.
Главните работи се закажани , подготвени, е сега има уште мнооооогу споредни ама сепак битни ствари сепак ке видам како ми одговара... некои работи па и не се морални за нервоза имам нервоза, трема не ме фака се уште.. битно никој не ми се меша сами со вереникот одлучуваме за се...
Imame uste nesto poveke od mesec a uste burmi utre ke kupime i spremni sme.Pokaneti se site i spremni sme samo potvrda ke pobarame od gostite za nekoja nedela za da go spremime spisokot. Inaku se e moja organizacija, verenikot duri (drugi mi kazaa) deka me falel za mojata organizacija oti se sama si pravam. Se e kupeno i navremeno i ni e super po doma bidejki sme site spremni i so sreduvanje po doma celosno sto se vika ureduvanje do temel.
јас правев свадба во друг град,се свекрвата среди освен ме консултираше за фустаните од странство донесе таа,и китенки јас си нарачав друго буквално се беше по нејзин ќеиф,прекрасно беше тогаш,сега ми е криво што допуштив да бидам нешто што не сум.... отсекогаш сонував за интимна мала свадбена церемонија во клупчето кадешто ни се сретнаа погледите со пријатна музика и малку романтична поезија и говори/завети што излегуваат во моментот,искрени и спонтано,заводливи танци итн
Нервоза се има и ако почнете пред време и ако почнете на време па дури и кога касно ке почнете. Јас почнав прилично доооста на време и пак има нервози кога треба да се одлучува за некои битни работи кога треба да се оди натаму наваму ама ајде убави нервози се ова
Слабо активна темава изгледа опуштени се невестиве.Имам уште 2 месеци,ми фали само невестински аутфит фустан,чевли и ташна,друго се е средено.Среќа жива со интернетов средив се преку тел(не сум во МК)Искрено незнам што чувствувам,ако речам дека сум позитивно возбудена и едвај го чекам денот ке излажам,далечината си го прави своето-губам осет некако и желба за таков тип веселби,не дека сум сменета како карактер,само погледите ми се мењаат(природно е мислам).Друго што ме мачи е каква појава од невеста ке бидам,ич не сакам да сум центар пажња,ми пречи едноставно и ми е притисок психичкиЛошо реагирам на мешања и наредби и команди за што како треба(демек мора)без да побарам лично мислење од некого,така да се надевам ке одржам некаков компромисен баланс дур не заврши my big macedonian wedding
Ова како јас да го имам пишувано Во секој исказ се пронаоѓам: од типот на свадба, појавата како невеста и реакцијата некој да ми кажува како треба (читај мора) Едноставно ме нервираат некои бабини/деветини и не ги поднесувам, посебно дека некое време не живеам таму. И кај нас горе-доле се е средено, уште некои ситници, ама си идеме овој месец на кратко па се надевам ќе се досредат и тие. Чевли најдов и тоа три пара и се мислам кои да ги носам: сите ми се убави Ташна ќе најдам, фустан порачан и мислам дека ќе бидам задоволна. Само некој детал за косата ми фали, ама и тоа ќе најдам еве сега кога ќе си одам Еуфорија не ме фаќа, дека сме сами тука и обврски на работа и сл. Може ќе ме прифати малку кога ќе си идам, а може и не
Јас бев превише опуштена, никаква возбуда не осетив, дури и на фризерката и реков како ке ме направиш така, да не е само нешто нападно, и цело време додека ме средуваше игри играв на мобилен... ми се чудеше на смиреноста, прв пат некој да видела толку опуштен пред свадба, али немав причина за нервоза, сите беа блиски луѓе, кои ме имаа видено у секакво издание, па немаше потреба од паѓање у несвест што ке биде, како ке биде...
Мислев нема ваква тема, си викам ја претерувам ама имало. Ме дрмна лудило. Бев смирена цела год. сега ме стресе. Се ми е спремно, се мислам како ќе излезе фустан, коса... Па дали дома ќе ги собере сите, да има за секој се? За кратко е На работа не мислам, ама дома имам список и само гледам да не заборавам нешто. Па и од странство гости ќе имам дома... Само да не бидам на слики како за веридбата, како се да мрзам. Ептен со ситници се замарам, тие прават хаос.
@Petra777 јас неколку пати те омажив до сега во паметов Тоа е веројатно позитивна еуфорија, што како ќе биде Големка свадба спремаш? Китенките ги најави, ги направи?
Најавив денес тоа. Уникат се, ако ги фрли некој не се лутам Па не е голема, вкупно дали 200 +- . Сеа па и маана на покани најдоа, зошто не сме пишале во плик и за грепки