Тренерки, носам само по дома или на тренинг, можеби и некогаш за шетање во природа, трчање. Материјалот, само да не биде кадифе, барем мислам дека така се викаше.
Тренерки обожавам и купувам памучни за да ми бидат удобни и пријатни за носење. Само мразам кога ми се прават цели со топчиња! Имам едни црни од Пума и не би ги менувала за ништо!
Ангелче зошто не сакаш кадифе? Јас обожавам да носам кадифени тренерки во зима, се чувствувам толку пријатно и топло. А инаку имам секакви- летни, кратки, кадифени, поспортски ама обично ги носам по дома или ако одам некаде надвор од градов во природа. Ретко носам тренерки низ град, иако новиве модели се ептен убави што би се рекло не личат на тренерки.
најкомотно ми е во тренерки , а со оглед на тоа дека сум спортист често носам ...ги обожавам адидас , најк и пума
Зимно време не ги соблекувам од мене.Имам едни сини дебели се и цело време си ги носам.Нормално кога се перат нешто друго Иначе и јас кадифени неможам да носам,се ежам од тоа кадифето.
Jaс имам скроз исти вакви, иста боја, модел, се е исто. Обожавам тренерки, имам повеќе бои, иако омилени ми се црните.
Најудобно се чувствувам кога носам тренерки. Не знам како се вика материјалот, но да не е кадифе и да не се прават топчиња.
Ve molam kazete mi kade mozma da najdam adidas trenerki za dve godisni deca cekam odgovor sto pobrzo??? tnx