Ништо боље од адидас или нике тренерки само што на слаби не стојат многу убаво, пр. мене кога одам дека многу слаби нозете изгледа анорексично додека на пополнички поубаво стојат нема збор, за хеланки обратно на тие шо имаме послаби нозе поубаво стојат, на пополнички не толку како тренерки
Обожавам тренерки удобно слободно и комотно .... Немам брендирани не се решавав да вложам ама дефинитивно во најскоро време ќе си купам адидас или најк ... Многу поубаво ми изгледа девојка во добра тренерка и патика одколку некоја кич облека и накитена како елка Не знам не можам да се замислам без тренерки за по дома за во град па дури кога ќе ми текне и за на факс. само прашање на време е кога ќе се избацам во дискотека со тренерки
просто ги обожавам тренерките,неможам да се замислам по дома во фрмерки или пантолони,строго тренерки.И не само по дома си ги носам секаде како што кажа венди и на факс сум носела Порано можев да си одвојам повеќе од домашниот буџет за подобри тренерки кои секако траат со години,но сега купувам и небрендирани од локални продавнички врти-сучи само тоа да се носело
Имам повеќе пара, али едни што си имам најк не да ми се погодени насекаде си ги носам.Ептен си ги сакам
не сум обожавателка на тренерки и никогаш не носам освен на час по физичко бидејки морам , сите во тренерки се чуствуваат пријатно а јас непријатно
Леле да можам и навечер би излегувала со тренерки...по цел ден сум во тренерки, на кафе по тренетки, на факултет...Многу сакам теренрки уф обожавам...Какво теренрки такви патики таква ташна...И да можам да си дозволам во годината да си купам два пара тренерки, патики и ташни(некој ќе рече оваа скренала толку пари за глупости ама пак не давам за фармерки, фустани)!
Обожавам тренерки! По дома секогаш сум во тренерки. Кога одам во природа, до продавница, па ми се има десено и низ град во тренерки да се шетам Удобно се чувствувам во нив, да можам секаде би ги носела.
Не носам. Воопшто не сакам тренерки... Имам два пара, едни комплет од Адидас а другите ми се од не знам каде и само долен дел има. И ми стојат во плакар не чепнати. Единствено носам ако одам на планинарење.
Многу сакам тренерки и редовно си ги носам за по дома. Удобни се, а дома ми е најважно да се чувствувам удобно. Имам повеќе пара, најчесто во бела, црна и сива боја.
Обожавам тренерки. Најкомотно си се чувствувам кога ги носам. Сега во лето малку ги запоставувам.. знам има и такви кратки некои (до коленици на пример) ама не можам да ги носам сега на +40 степени. Може понекогаш навечер кога ќе залади .. тогаш милина
во тренерки ми е нај удобно и ги имам прилично да кажам во сите бои и кога си купувам тренерки гледам да се памучни со многу малку ликра за да не ми се прават упки
имам и ги носам, сакам убави тренерки за лежерно шеткање и мислам дека секој треба да има во својот плакар барем еден пар тренерки
да има како со нив би одела баш секаде,јас мислам дека сум од поретките девојки кои имат повеке пара тренерки отколку штикли или фармерки...
Доста често ги носам,секакви само да не се од кадифе се ежаам од тој материјал уффффф.Посебно од првите што се
Не мисли толку Зоза зашто во грешка си не си единствена И јас имам цел куп тренерки ... (и пижами), омилена облека ми се ... језда претежно долни тренерки си купувам, тесни широки, долги, кратки, развлечени, лесни, лелеави, мекииии .... удобна тренерка си е удобна тренерка, и да ги соберам сите други парчиња облека и штикли и се на една страна, а тренерките и пижамите на друга страна, погодете кој куп ќе биде поголем Тренерки кои ми се марка(најк) имам само едни, долни и тоа подарок ми се. Това би било това.
Мразам тренерки. Имам едни кои ги купив лани чинам. И тоа ги купив зошто беа многу ефтини, а преубаво ми стоеа, но можам на прсти да избројам колку пати сум ги облекла. Можеби од мала ми останало навика мајка ми секогаш не дотеруваше, а тренерки не се подразбираа во дотерувањето, па по дома не носам ни сега. И за излети носам хеланки, не тренерки. Едноставно не ги сакам, можеби и дека не носам патики