ах ги обожавам сеа летово потешко,ама од есен душата ќе им ја извадам,ми фалитеее ама затоа пижамките ми се овде
Имам неколку пара, обични за по дома, удобни ми се и ги влечкам натака-навака. Пред година дена си купив Најк црни, убави за по другарки, излети, прошетки ги платив скоро 5000 денари од Најк во Соравија, но косата ми се крена кога во Шутка истите, потполно истите и материјал и модел ги видов и чинеа 1500 денари. Срце ме болеше, но што да правам било-поминало но од тогаш се заколнав дека тренерки од Најк или Адидас продавница не купувам, ќе си купувам од Шутка и Бит-пазар и гајле ми е . И онака не ги носам многу-многу но ете купив еднаш поскапи и се изгорев, ама затоа памет за следен пат .
Имам едни Пума розеви што ми се мали веќе и едни црни од пазар. И ги носев единствено на физичко и сега за до продавница во зима. Дома носам константно пижами, ништо друго Ако ми доаѓаат гости едвај се тегнам да облечам тренерки, а пред другарки некогаш па и не облакам најубаво ми е во пижамчиња
Најчесто тренерки носам за по дома и тоа кога е постудено,а во летниот период целосно ги одбегнувам! Вистина е дека се удобни за носење и од тие причини си сакам по дома да ги носам за да се осеќам комотно,но морам да признаам дека не сум некој голем обожавател на тренерки! Ретко купувам тренерки и имам само 2-3 пара кои ги носам кога идеме на излет,на прошетка и сл. на места каде си личи да се оди по спортски! Последните што ги купив се исти ко хеланки, со низок струк и тесни, во сиво розе...не се лоши само кој да ги носи?!?! Не ми прават мерак
Тренерки обожавам да, за по дома, за на кеј, за релаксација, во природа и слично, да да.. имам неколку пара, душа им извадив!
не ги сакам баш многу ги носам само кога морам најчесто за први мај и слични излети имам само еден пар адидас ептен тесни ( и не личат баш на тренерки-затоа и ги купив ), сиви со циклама и морам да признаам ми се допаѓа како ми стојат
Тренерки носам по дома, за пешачење, возење точак, вежбање. Имам само памучни и си ги обожавам. Најубави тренерки дефинитивно имаат во Адидас. Абе коска се.
Тренерките ми се најомилена облека ги носам за на училиште посебно кога имам физичко (сите ги носат во чанта и се пресоблакаат за на час ,а јас си сум спремна уште од дома),по дома, за надвор едноставно за секаде првите марка тренерки ги купив од пума долни црни со горна бела супер се ептен ми се погодија ама ги платив доста (6000 ден.) лани си купив од најк малку поевтини од овие од пума ама за никаде се, памучни демек ама малку да ги поносам (саат, два) и одма се шират и се прават коленици Сега пред почетоков на учебната година ќе си купам уште некој пар едноставно не можам без тренерки и патики За жал не можам да си нарачам од интернет странициве на најки пума адидас никој не носи во Македонија
поодамна ги меркам тренерките адидас со знакче на милан али што е многу многу е .. па така да во план сум да си земам адидас долу црна горе бела
Не обожавам многу да носам тренерки за по дома,бидејќи повеќе кон пижамите сум настроена Мразам плишани и шушкавни!!
Тренерки носам само кога сакам да се чуствувам опуштено и ме нервира да се дотерувам а не излегуваме некаде далеку , кога ќе одиме во природа, и за на физичко не носам по дома тренерки бидеќи многу си ги сакам пижамите И не носам често поретко и имам 2 пара
Тренерки...Ги носам,ги сакам. Пред некое време имав памучни тренерки и онака во бутикот ми изгледаа прекрасно,убаво ми стоеја и немаа баш така ниска цена за нивниот квалитет (неквалитет ) Така задоволна си ги купив.По второто облекување се растегнаа и личат на вреќи. Сега фаќаат прашина,за ако некогаш се најдат на часовите по спорт. Потоа си купив адидас црни,од тие свилен материјал што го викаат и сум многу задоволна. Ама сакам да имам и плишани.
Имам 2 пара тренерки. Едните се црни долните, а горната бела. Памучни. А другите се сиви, ги зедов пред некоја недела во Теранова во Скопје, 2000 денари. И тие се памучни, горната си е малку подебелка. Но многу ми се убави. Убаво ми стојат, да си се пофалам Едвај чекам да застуди да ги носам. Си носам тренерки и на училиште, кога имам физичко, секако и за прошетки. Се чувствувам најкомотно во тренерки. Најубаво ми е.